Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на:
– положбата и правата на иселениците од Македонија;
– помагањето на нивниот културен развој и унапредувањето на врските со нив и нивните организации;
– запознавањето на иселениците од Македонија со состојбата во Република Македонија; создавањето услови за враќање на иселениците во Република Македонија;
– создавањето услови за вклучување на иселениците во јавниот и економскиот живот на Република Македонија;
– врши и други работи утврдени со закон.

Подетални информации можете да добиете на телефонот: 02 3118-633