Соопштение
Почитувани колеги,
Водете сметка за следнава листа од предаторски списанија ама и предаторски издавачи! На Членка на УКИМ не и доликува (ниту на било која индивидуа што работи кај нас) да публицира во вакви списанија. Предлагам, информацијата да ја споделите со сите членови на академската заедница и да инсистирате врз тоа дека, евентуално публицирање во списание или кај издавач од горната листа нема да биде прифатено како легитимна публикација. Впрочем, ова е трет (или четврт) пат како пишувам на истава тема. Значи, предаторски списанија и издавачи.
Со колегијални поздрави. проф. д-р Владимир Петрушевски,
Проректор за наука |