Секоја година Градежен факултет-Скопје запишува најмногу 200 студенти на втор циклус на студии на шест студиски програми, и тоа: 80 студенти на Градежништво-конструктивна насока, 20 студенти на Градежништво-транспортна инфраструктура, 20 студенти на Градежништво-хидротехничка насока, 45 студенти на Геодезија, 15 студенти на Геотехничко инженерство и 20 студенти на Менаџмент со недвижности. Поважните датуми за упис се прикажани во следната табела:

прв рок

втор рок*

Пријавување на кандидатите online

на www.upisi.ukim.mk во iKnow системот

11.09-09.10

2017

08.01-22.01

2018

Пријавување на кандидатите

(во студентска служба на ГФ)

11.09-09.10

2017

08.01-22.01

2018

Запишување на кандидатите

(во студентска служба на ГФ)

16.10-17.10

2017

29.01-30.01

2018

*Пријавување и запишување во втор рок на втор циклус на студии на Градежен факултет-Скопје ќе се реализира само за студиските програми по Градежништво, и тоа само за студентите со стекнати 240 кредити во прв циклус на студии.

За документите потребни за пријавување и запишување на факултетот, како и за сите други детали, превземете Конкурс за запишување на студенти на втор циклус на студии на УКИM.

Линкови