![DSC_6948 Доц.д-р Коце Тодоров 13x18](http://194.149.136.143/gf/wp-content/uploads/2017/03/DSC_6948-Доц.д-р-Коце-Тодоров-13x18--255x357.jpg)
Доц. д-р Коце Тодоров e член на Катедрата за механика и материјали. Дипломирал на Градежен факултет-Скопје при УКИМ во 2001 година, магистрирал во 2008 година а докторирал на Градежен факултет-Скопје при УКИМ во 2014 година во рамки на школата за докторски студии SEEFORM. На прв циклус го предава следниот предмет: „ Јакост на материјалите“ на СП Градежништво и СП Геотехника. На втор циклус ги предава следните предмети: „Композитни материјали“ и „Однесување на конструкции на земјотрес“ на СП Градежништво-конструктивна насока.