![DSC_6366 Проф.д-р Мери Цветковска](http://194.149.136.143/gf/wp-content/uploads/2016/11/DSC_6366-Проф.д-р-Мери-Цветковска-255x383.jpg)
Проф. д-р Мери Цветковска e член на Катедрата за механика и материјали. Дипломирала во 1984 година на Градежен факултет-Скопје при УКИМ, магистрирала во 1994 година а докторирала во 2002 година на Градежен факултет-Скопје при УКИМ. На прв циклус ги предава следните предмети: „ Статика “ и „Кинематика и динамика“ на СП Градежништво. На втор циклус ги предава следните предмети: „Пожар и конструкции“ , „Пожарна отпорност на конструкции“ и „Енергетска ефикасност на градежни објекти “ на СП Градежништво-конструктивна насока, како и „ Пожарна отпорност на к-ции“ на Градежен факултет-Подгорица, Црна Гора. На третиот циклус ги предава следните предмети: „Пожарна отпорност на АБ к-ции“ и „МКЕ за решавање на стационарни и нестационарни температурни полиња“ на СП Градежништво, како и „Пожарна отпорност на АБ к-ции“ на Факултет за Технички науки, Нови Сад, Србија.