![DSC_6186-Проф.д-р Лазо Димов](http://194.149.136.143/gf/wp-content/uploads/2016/11/DSC_6186-Проф.д-р-Лазо-Димов-255x383.jpg)
Проф. д-р Лазо Димов e член на Катедрата за геодезија. Дипломирал на Градежен факултет во Белград, Србија во 1985 година каде и магистрирал во 1993 година а докторирал во 2001 година на Градежен факултет-Скопје при УКИМ. На прв циклус ги предава следните предмети: „Фотограметрија“, „Инженерска геодезија“, „Геодетска метрологија“ и „Геодетска пракса 2“ на СП Геодезија. На втор циклус ги предава следните предмети: „Одбрани поглавја од фотограметријата“, „Дигитална фотограметрија“, „Далечинска детекција“, „Примена на геодезијата во инженерството“ и „Индустриска геодезија“ на СП Геодезија.