Секоја година Градежен факултет-Скопје запишува студенти на трет циклус во зависност од расположивите ментори. При последниот упис имаше 24 слободни места на студиската програма Градежништво, која содржи 4 модули: конструкции, сообраќајна инфраструктура, хидротехника и геотехника. Уписот и поднесувањето на документите се врши преку Школата на докторски студии на УКИМ, бул. Гоце Делчев бр.9, 1000 Скопје. Поважните датуми за упис се прикажани во следната табела:
Пријавување на кандидатите
|
7.09-26.09 2017 |
Објавување прелиминарни листи
|
29.09.2017 |
Одлучување по приговори
|
2.10.2017 |
Објавување конечни листи
|
9.10.2017 |
Запишување на кандидатите
|
12.10 2017 |
За документите потребни за пријавување и запишување на факултетот, како и за сите други детали, превземете Конкурс за запишување на студенти на трет циклус на студии на УКИM.
Линкови