Секоја година Градежен факултет-Скопје запишува најмногу 200 студенти на втор циклус на студии на шест студиски програми, и тоа: 80 студенти на Градежништво-конструктивна насока, 20 студенти на Градежништво-транспортна инфраструктура, 20 студенти на Градежништво-хидротехничка насока, 45 студенти на Геодезија, 15 студенти на Геотехничко инженерство и 20 студенти на Менаџмент со недвижности. Поважните датуми за упис се прикажани во следната табела:
прв рок |
втор рок* |
|
Пријавување на кандидатите online на www.upisi.ukim.mk во iKnow системот |
11.09-09.10
2017 |
08.01-22.01 2018 |
Пријавување на кандидатите (во студентска служба на ГФ) |
11.09-09.10
2017 |
08.01-22.01 2018 |
Запишување на кандидатите (во студентска служба на ГФ) |
16.10-17.10
2017 |
29.01-30.01 2018 |
*Пријавување и запишување во втор рок на втор циклус на студии на Градежен факултет-Скопје ќе се реализира само за студиските програми по Градежништво, и тоа само за студентите со стекнати 240 кредити во прв циклус на студии.
За документите потребни за пријавување и запишување на факултетот, како и за сите други детали, превземете Конкурс за запишување на студенти на втор циклус на студии на УКИM.