Студентот може да пријави дипломска работа доколку има освоено минимум 140 ЕКТС- кредити на тригодишните студиски програми, односно 200 ЕКТС-кредити на четири-годишните студиски програми. Деканот, по предлог на студентот, ги определува менторот и темата за изработка и формира комисија за оцена и одбрана на дипломската работа.