Не прави го тоа, биди in, потруди се да станеш инженер…

Ама ако сепак си одлучил, симни ја молбата за испишување од web страната на ГФ – превземања, пополни ја, завери ја во Архивата на ГФ, уплати 20 евра во денарска противвредност за испишување, 10 евра за уверение за положени испити (ако ти е потребно за запишување на друг факултет) и заедно со индексот достави ги во Студентската служба. Постапката ќе биде реализирана во рок од еден до два дена.