Теориска механика

Преземања

# File File size Downloads
1 pdf Лична карта на предметот и распоред 2008_09 133 KB 201
2 pdf Белешки за домашните 119 KB 215
image_pdfimage_print
  1. Присуството на наставата (предавања и вежби) е статутарна обврска на секој студент која се оценува со 5%.
  2. Во текот на семестарот секој студент треба да изработи 5 домашни задачи. кои се задаваат на часовите по вежби, а се предаваат следната недела пред почетокот на часовите по предавања. Сите домашни задачи носат ист број на поени, од 0-10. Максималниот можен број на поени, 5х10-50 поени, учествуваат со 25% во формирањето на завршната оценка по предметот.
  3. Во текот на семестарот студентите изработуваат 4 теста, сите со ист број на поени од 0 до 10. Најслабо оценетиот тест се отфрла, така што во оценувањето се вклучени само 3-те најдобро оценети. Максималниот број на поени, 3х10=30 поени, учествува со 45% во формирањето на завршната оценка по предметот.
  4. Услов за добивање потпис по предметот  и излегување на завршниот испит е да се соберат најмалку 40% според точките 1, 2 и 3.
  5. Завршниот испит се оценува со поени од 0 до 10 и учествува со 25% во формирањето на завршната оценка по предметот.
  6. Табела за добивање завршна оценка по предметот

 

 Оценка  6 7 8 9 10
 Вкупно поени  55-64 64-73 73-82 82-91 91-100

Можност за дополнително извршување на неизвршените обрски во текот на семестарот (ненавремено предавање на домашната задача или непојавување на колоквиум) нема да постои.

Завршната оценка по предметот се пресметува на следниот начин:

просек од домашни задачи х 2.5 + просек од тестови х 4.5 + завршен испит х 2.5 = вкупно поени