Статика
Опис на предметот – Статика 2016/2017 |
Комплетниот текст може да го симнете овде: СОДРЖИНА
Наставници
Термини и локација на часовитеПредавања
Вежби
ЛитератураОсновна литература:
Како дополнителна литература може да се користи било кој друг учебник или збирка задачи по Статика. Термини за консултации
Опис на курсотПредмет на интерес во Статиката се силите кои делуваат на крутите тела во мирување и тоа копланарни и некопланарни сили, конкурентни и неконкурентни сили и сили на триење. Значително внимание ќе биде посветено на изнаоѓањето на резултантата на сили за различни системи од сили, како и анализа на силите кои делуваат на телата за да се најдат реактивните (потпорните) сили кои ги држат телата. Студентите ќе развијат способност за критичко размислување потребно да се формулираат соодветни пристапи кон решавањето на проблемите. Цели на курсотПо завршувањето на овој курс, студентите треба да можат да покажат:
Цели на наставниците
Начини на оценување1. Присуството на наставата (предавања и вежби) е статутарна обврска на секој студент која директно не се оценува. 2. Во текот на семестарот, индивидуално, се изработуваат 4 домашни задачи. Рокот за нивно предавање е прикажан во распоредот на обврски. Секоја подоцна предадена домашна задача ќе се оцени со 0 поени (освен за посебни случаи, поткрепени со документирано оправдување). Максималниот можен број на поени на домашните задачи е 4×10=40 поени, кои учествуваат со 15% во завршната оценка по предметот. 3. Во текот на семестарот се изработуваат 2 колоквиуми, кои се оценуваат со поени од 0 до 10 и се состојат од задачи. Вкупниот број на поени од колоквиумите, 2х10=20, учествуваат со 45% во формирањето на завршната оценка по предметот. 4. Услов за добивање потпис по предметот е да се соберат најмалку 25% според точките 2 и 3. 5. Завршниот испит е задолжителен за сите студенти и се состои од задачи и теоретски прашања. Бодувањето на секој дел е со поени од 0-10 или вкупно 2×10=20 поени, кои во завршната оценка ќе учествуваат со 40%. Завршниот испит ќе се смета за положен доколку се освоени минимум 50% од поените предвидени за секој дел од завршниот испит т.е. и од теорија и од задачи.
Табела за оценување
За да се добие преодна оценка по предметот, студентот мора да демонстрира базични способности од покриената материја. Секоја пропуштена активност (домашна задача, колоквиум…) заради несоодветно документирано отсуство (на пр. лекарска потврда, судска потврда и сл.) ќе биде оценета со 0 поени. Освен за посебни случаи на оправдани и соодветно документирани отсуства, нема да има можност за надополнување на пропуштените активности. Потребни предзнаењаСтудентите кои го слушаат предметот Статика, се очекува да поседуваат претходни познавања од:
За потребите на студентите кои го слушаат предметот, изработен е „Квиз по математика“ кој содржи прашања од посочените теми и може да се види online или да се превземе од делот „Превземања“ на овој сајт. Совет: Освежете го вашето познавање од посочените теми. Ќе биде многу тешко да се следи наставата и да се успешно да се завршат поставените задачи доколку не ги поседувате овие предзнаења. Корисен линк: www.emweb.unl.edu Домашни задачиГрупите за домашните задачи дополнително ќе бидат истакнати овде. Подетално за домашните задачи. КолоквиумиВо текот на семестарот ќе бидат изработени 2 колоквиуми кои се состојат само до задачи, најавени во распоредот на часовите. Колоквиумите не се враќаат на студентите, но тие имаат право на увид и право да побараат повторно оценување доколку сметаат дека тоа е потребно. Завршен испит/ПотписСтудентите кои во текот на семестарот ќе освојат минимум 25% (од домашните задачи и колоквиумите) добиваат право на потпис, т.е. право да се јават на завршниот испит по предметот. Сите студентите кои нема да го остварат правото на потпис ги губат освоените поение и ќе мора да го преслушаат предметот наредната година. Завршниот испит се полага писмено. Се полага теорија и задачи и секој дел се оценува со поени од 0 до 10. Завршниот испит ќе се смета за положен доколку се освоени минимум 50% од поените предвидени за секој дел од завршниот испит т.е. и од теорија и од задачи.
Студентите кои на завршниот испит нема да освојат доволно поени за да добијат преодна оцена, не ги губат поените освоени во текот на семестарот – истите важат и за наредните испитни рокови.
Студентите имаат право на увид во оценувањето на завршниот испит и можат да побараат повторно оценување доколку сметаат дека е тоа потребно. Редовност/ОтсуствоСтудентите имаат обврска редовно да посетуваат настава и затоа редовноста директно не се оценува. Студентите кои се во можност да оценат дека ќе бидат отсутни на некој од часовите се должни истото да го најават кај професорот/асистентот, лично или по e-mail, при што ќе ја образложат и причината за отсуството. За да се смета отсуството оправдано, истото ќе треба да биде поткрепено и со соодветен документ. За одредени, специфични случаи (одлуката за тоа ја носи професорот) кои се притоа и соодветно документирани може да договори со професорот начин за надокнадување на пропуштените обврски заради оправдано отсуство. Во сите други случаи нема да постои можност за надополнување на испуштените обврски. Академска нечесностЕтиката и моралот се интегрален дел на тоа што значи да се биде студент и професионалец. Затоа, академската нечесност во било која форма НЕМА да биде толерирана. Академската нечесност, покрај останатото, вклучува и неавторизирана употреба на интелектуална сопственост (плагијат), препишување од другите студенти на испити, тестови или домашни задачи, лажење на професорите/асистентите и останатите вработени на факултетот и сл. Ваквите и слични постапки ќе резултираат со доделување на 0 поени за соодветната активност со голема можност за превземање на останати дополни мерки во надлежност на Дисциплинската Комисија на факултетот. Распоред на часовитеРаспоредот на часовите дополнително ќе биде објавен овде. |