Доколку подносител на писмено барање за пристап до информација од јавен карактер смета дека имателот постапил спротивно на Законот, може да поднесе Жалба до Комисијата. Барателот има право да поднесе Жалба против решение со кое имателот во целост или делумно го одбил барањето; ако имателот на информацијата во рок од 30 односно 40 дена во случаи кога рокот му е продолжен, или во рок од 10 дена кај повтореното барање, не му овозможил на барателот пристап до информацијата и ако не донел и не му доставил на барателот решение за целосно или делумно одбивање на пристапот (молчење на администрација). Жалба може да се поднесе и против заклучокот на имателот за прекинување на постапката (кога имателот ќе утврди дека не располага со бараната информација); како и против решението за отфрлање на барањето. Жалбата се поднесува директно до Комисијата,но може да биде поднесена и преку имателот на информацијата.