На својата втора седница (одржана на 16 мај 2006 година) Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го разгледа и по вградувањето на одредени забелешки во текстот го донесе Статутот.
Со одлука на Комисијата уште истиот ден овој документ е доставен до Собранието на Република Македонија, кое согласно член 33 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, треба да даде согласност на Статутот.