Секое правно и физичко лице без дискриминација по која било основа: (пол, расна, верска, национална, сексуална определба или политичко убедување), може да поднесе Барање за пристап до информации од јавен карактер. Македонскиот закон ова право им го овозможува и на странските правни и физички лица. Барање се поднесува на образец утврден од страна на Комисијата (достапен на www.komspi.mk). Барање може да се поднесе пополнето и на обичен лист хартија но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барање за пристап до информации од јавен карактер. Ваквото Барање треба да содржи назив на имателот на информации, име и презиме на барателот, фирмата или правното лице, податоци за можен застапник/полномошник, информацијата со која сака да се запознае, начинот на кој сака да ја добие информацијата. Во барањето треба да бидат посочени и адреса, тел. контакт, или е-маил на барателот на информацијата. Барател има право да поднесе и усно барање.