Младинскиот културен центар наменет првенствено како простор за поддржување и промовирање на културните активности на младите, овозможува реализација на голем број на програми:
– промоција на млади музички групи;
– организирање на концерти на актуелни домашни и странски изведувачи;
– поттикнување и презентирање на ликовните уметници и автори на мултимедијални проекти;
– издавање и промовирање на дела од млади писатели;
– презентирање на проекти и автори надвор од границите на државата;
– организирање на регионални и меѓународни фестивали, работилници, соработки и размени;
– организирање на едукативни курсеви и семинари, реализирање на научно-истражувачки активности,
– како и промовирање и подржување на сите останати проекти кои се од значење за културата на младите во градот Скопје.

Подетални информации можете да добиете на телефонот: 02 3115-225