Основна дејност на претпријатието Ј.П „Службен весник„-Скопје е  објавување на националната регулатива – законите и другите прописи и акти во Република Македонија и издавањето на службеното гласило “Службен весник на РМ“;
– “Службен весник на Република Македонија“ се печати и објавува на македонски јазик, а од 2002 година законите се објавуваат и на друг службен јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните што припаѓаат на заедниците во РМ;
– Прописите (правните акти) во “Службен весник на РМ“ се објавуваат бесплатно (актите на Собранието, Владата, министерствата и др.), а претплатата на весникот се наплаќа, за чија цена согласност дава Владата;
– го издава и Регистарот на важечки прописи во РМ, кој се ажурира на секои два месеци;
– издава годишни CD-ROM изданија од 2001 година, публикации и книги на законски текстови со и без коментар;
– остварува успешна соработка со службените весници на земјите од регионот, како и пошироко, што е од особено значење за размената на искуства;
Содржината на “Службен весник на РМ“ ги опфаќа следните делови:
– Службен дел: национална легислатива;
– Огласи: објави на судски огласи, нотарски огласи, јавни повици за тендери и сл.;
– Меѓународни договори;
– Декларации, заеднички позиции и демарши на Европската унија кон кои се придружува/прифаќа Република Македонија на покана од Европската унија   и Резолуции на Советот за безбедност на ООН со кои се воведува, изменува или укинува режим на санкции против држави, ентитети или поединци.

Подетални информации можете да добиете на телефоните: 02 3298-860, 02 3290-471 и 02 3112-267