Јавното правобранителство презема со закон определени мерки и правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија;
– Функцијата на Јавното правобранителство ја врши јавниот правобранител на Република Македонија и има свои заменици;
– Јавниот правобранител ја застапува Република Македонија и нејзините органи пред судовите, други органи и правни лица и пред странските судови и странски органи во имотно-правните спорови со странски физички или правни лица;
– Јавниот правобранител може да овласти лице работник во државен орган со положен правосуден испит, кој работи на правни работи да застапува пред судовите, други органи и правни лица во имотно-правните спорови;
– Јавниот правобранител, ако според прописите на странската држава, не може непосредно да застапува пред нејзините судови и други органи, ќе се овласти друго лице кое според прописите на соодветната држава во определен предмет може да го замени во застапувањето;
– го претставува Јавното правобранителство, раководи со неговата работа и ги презема дејствијата за кои е овластен со овој и друг закон;
– за својата работа и работата на Јавното правобранителство и одговара на Владата на Република Македонија;
– при отсуство или е спречен да ја извршува својата функција го заменува заменик кој што тој ќе го определи или заменикот определен со годишниот распоред за работа;
– Јавниот правобранител по прашања од значење за остварување на функцијата и по прашања од заеднички интерес соработува со судовите, другите органи и правни лица;
– Државните органи на Република Македонија го известуваат јавниот правобранител за секој имотно-правен спор со домашни или странски физички и правни лица.

Повеќе детали ќе можете да добиете на телефоните: 02 3230-214; 02 3230-217 и 02 3229-351