– Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган што ги гони сторителите на кривични и други со закон утврдени казниви дела и врши други работи утврдени со закон;
– Јавниот обвинител го претставува јавното обвинителство, раководи со неговата работа и ги врши правата и обврските определени со закон;
– Функцијата на јавното обвинителство ја врши јавниот обвинител на Република Македонија, јавниот обвинител на вишото јавно обвинителство и јавниот обвинител на основното јавно обвинителство.
-Јавниот обвинител може да има еден или повеќе заменици;
– Собранието на Република Македонија по предлог на Владата на Република Македонија ги именува и разрешува јавниот обвинител и заменикот јавен обвинител за време од шест години, кои можат да бидат повторно именувани;
– Јавните обвинителства по прашања од значење за остварувањето на нивните функции, како и по прашања од заеднички интерес соработуваат со органите на откривање на кривични и други казниви дела и нивните сторители, судовите, другите органи и други правни лица;
– Задолжителните упатства на повисокиот јавен обвинител можат да се однесуваат на преземање на одредени мерки и активности заради заштита на правата и слободите на човекот и граѓанинот, заштита на интересите на општествената заедница и на другите правни субјекти, поефикасно откривање на кривични и други казниви дела и нивните сторители, употреба на правни средства и законито утврдување на фактите и примена на правото;
– Понискиот јавен обвинител ги извршува задолжителните упатства на повисокиот јавен обвинител;
– Јавното обвинителство во остварувањето на функцијата на гонење на сторителите на кривични и други казниви дела и во вршењето на другите функции определени со закон постапува пред надлежните судови;
– Основното јавно обвинителство постапува пред основниот суд;
– Вишото јавно обвинителство постапува пред вишиот суд;
– Јавното обвинителство на Република Македонија постапува пред Врховниот суд на Република Македонија;
– Јавното обвинителство постапува и пред други органи и други правни лица на своето подрачје кога за тоа е овластено со закон;
– Јавното обвинителство се грижи за навремено и ефикасно откривање на кривични и други казниви дела и нивните сторители, поднесува барање за поведување на кривична постапка и постапка по други казниви дела и во рамките на законот презема мерки и активности заради правилно насочување на постапката, покренува и застапува обвинение, изјавува редовни и вонредни правни средства и презема и други дејствија определени со закон.

Повеќе детали ќе можете да добиете на телефоните: 02 3219-850 и 02 3229-314

Во Република Македонија постојат:

а) Основни јавни обвинителства
1.Основно јавно обвинителство во Берово за подрачјето на Основниот суд во Берово;
2.Основно јавно обвинителство во Битола за подрачјето на Основниот суд во Битола; Основно јавно обвинителство во Гевгелија за подрачјето на Основниот суд во Гевгелија;
3.Основно јавно обвинителство во Гостивар за подрачјето на Основниот суд во Гостивар;
4.Основно јавно обвинителство во Дебар за подрачјето на Основниот суд во Дебар;
5.Основно јавно обвинителство во Делчево за подрачјето на Основниот суд во Делчево;
6.Основно јавно обвинителство во Кавадарци за подрачјата на основните судови во Кавадарци и Неготино;
7.Основно јавно обвинителство во Кичево за подрачјето на Основниот суд во Кичево;
8.Основно јавно обвинителство во Крива Паланка за подрачјето на Основниот суд во Крива Паланка;
9.Основно јавно обвинителство во Кочани за подрачјата на основните судови во Кочани и Виница;
10.Основно јавно обвинителство во Куманово за подрачјата на основните судови во Куманово и Кратово;
11.Основно јавно обвинителство во Охрид за подрачјето на Основниот суд во Охрид;
12.Основно јавно обвинителство во Прилеп за подрачјата на основните судови во Прилеп и Крушево;
13.Основно јавно обвинителство во Радовиш за подрачјето на Основниот суд во Радовиш;
14.Основно јавно обвинителство во Ресен за подрачјето на Основниот суд во Ресен;
15.Основно јавно обвинителство во Свети Николе за подрачјето на Основниот суд во Свети Николе;
16.Основно јавно обвинителство во Скопје за подрачјето на основните судови Скопје 1 и Скопје 2;
17.Основно јавно обвинителство во Струга за подрачјето на Основниот суд во Струга;
18.Основно јавно обвинителство во Струмица за подрачјето на Основниот суд во Струмица;
19.Основно јавно обвинителство во Велес за подрачјето на Основниот суд во Велес;
20.Основно јавно обвинителство во Тетово за подрачјето на Основниот суд во Тетово;
21.Основно јавно обвинителство во Штип за подрачјата на основните судови во Штип и Пробиштип;

б) Виши јавни обвинителства
1.Вишо јавно обвинителство во Битола за подрачјето на Вишиот суд во Битола;
2.Вишо јавно обвинителство во Скопје за подрачјето на Вишиот суд во Скопје;
3.Вишо јавно обвинителство во Штип за подрачјето на Вишиот суд во Штип.