Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер денеска одржа конститутивна седница и ја промовираше својата работа согласно со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Законот за класифицирање информации.
Претседателот на Комисијата Јанко Николовски рече дека Законот не е новинарски зашто се однесува на сите граѓани на Република Македонија, но дека ќе ја поттикне професионалноста зашто тие ќе располагаат со проверени информации.
“Почнуваме од нула зашто не наследивме орган, а во некои сегменти почнуваме и од минус. Ова е сосема нова слобода што ја немаат ни некои стари демократии”, рече Николовски.
Комисијата го утврди и составот. Според Одлуката на Собранието на Република Македонија донесена на 28 април 2006 година, претседател на Комисијата е Јанко Николовски, заменик претседател е Хајрула Мисини, а членови се Жанета Трајковска, Љубица Станојоска и Олга Пешевска-Трчковска.

* * *
Согласно член 49 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Агенцијата за информации на Република Македонија престанува со работа.
Ве известуваме дека web страната на Агенцијата за информации повеќе нема да се ажурира со досегашните содржини.
Во иднина постоечката web адреса на Агенцијата за информации (www.inf.gov.mk) ќе биде во функција на новоформираната Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
За стартот на web страната на Комисијата дополнително ќе бидете информирани.