– стручна и логистичка поддршка на замениците на претседателот на Владата, министерот без ресор и генералниот секретар на Владата;
– стручна и логистичка поддршка од областа на кадровските прашања од надлежност на Комисијата за именување на Владата;
– водење и ажурирање на персоналната евиденција на државните службеници во Генералниот секретаријат и водење на нивните персонални досиеја;
– подготвува програма за развој на човечките ресурси за потребите на Генералниот секретаријат;
– ги идентификува потребите и предлага програми за обука за вработените во Генералниот секретаријат;
– работи и задачи од областа на канцелариското и архивското работење и работи од областа на протоколот, преведувањето, лекторирањето и библиотекарските работи;