Со извршувањето на своите надлежности придонесува: 
– да се остварува судската функција и да се обезбедува самостојноста и независноста на судовите без да навлегува во нивната работа;
– утврдува предлог за избор на судија во повискиот суд врз основа на објективна проценка на стручните и моралните квалитети на кандидатот, професионалната компетентност, и искуството во неговата дотогашна работа;
-од редот на истакнатите правници со оцена на нивните вкупни резултати во работата и придонесот за развојот на стручната и теоретска мисла и на правниот систем, на Собранието на Република Македонија му предлага двајца кандидати за избор на судии на Уставниот суд на Република Македонија;
 – утврдува предлог за разрешување на судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција кога во постапка врз основа прибавени податоци и остварен увид во работата на судијата ќе утврди незадоволителна стручност што влијае на квалитетот, ажурноста и бројот на решените предмети и незадоволително работно ангажирање и дисциплина на судијата;
-предлага разрешување на судија кога судијата е осуден за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци, по правосилноста на пресудата со која е изречена оваа казна.
– ако трајно ја загуби психофизичката способност за вршење судиска функција;
– предлага разрешување на судија кога се исполнети условите за старосна пензија определени со закон, по барање на судијата, по своја иницијатива, или по барање на друг надлежен орган.

Повеќе детали ќе можете да добиете на телефоните:02 3218-130 и 02 3218-131