– Основните судови се основаат за подрачјата определени со закон, а можат да судат и надвор од седштето на судот во судски денови;
– Апелационите судови се основаат за подрачјето на повеќе основни судови определени со  закон.
– Основните и апелационите судови се самостојни и независни државни органи;
 -судат врз основа на Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот и ја обезбедуваат примената на правото и заштитата на човековите слободи и права, водејќи сметка за принципот на правда и правичност;
–  одлучуваат во со закон пропишана постапка за:
– правата на граѓаните и правно заснованите интереси;
– споровите меѓу граѓаните и другите правни субјекти;
– казнивите дела.
Основните судови се надлежни да одлучуваат во прв степен по предметите од судска надлежност освен по оние предмети кои со закон се ставени во надлежност на друг суд;
– Основните судови се надлежни да решаваат во прв степен и за вонпроцесните работи, извршувањето и обезбедувањето и за заверувањето на тапиите и интабулациите, ако со закон не е определена надлежност на други органи или институции;
– Основните судови се надлежни да решаваат во прв степен и за прекршоците, доколку со закон не е определено за определени видови на прекршоци да решаваат други видови органи (царински, девизни, надворешно-трговски и даночни).

Основните судови се надлежни за:
а) судење во прв степен и вршење на работи во кривична постапка за кривични дела за кои е пропишана казна затвор над десет години и
б) стопански престапи, имотни и други граѓанско-правни спорови во кои како странки се јавуваат општините, градот Скопје и Републиката, претпријатијата и други правни лица, иматели на дуќани и други поединци кои вршат регистрирана стопанска дејност, спорови на домашни правни и странски физички лица и меѓу странски физички и правни лица, постапка за стечај, присилно порамнување и ликвидација и спорови што притоа ќе настанат, спорови за статусни промени (поделба, спојување, припојување и организирање) и извршување на одлуки на тие судови, одлучува и за законитоста на поединечниот акт во управно-сметководствените спорови, за заштита поради незаконски дејствија, за признавање и дозволување на извршување на одлуките на странски судови, како и да вршат работи на меѓународна правна помош ако со закон не е определена надлежност на друг орган.
Основните судови се основани за следниве подрачја:
1. Основсн суд во Берово за подрачјето на општина Берово;
2. Основсн суд во Битола, за подрачјето на општините Битола и Демир Хисар, со одделение во Демир Хисар;
3. Основен суд во Виница за подрачјето на општина Виница;
4. Основен суд во Гевгелија за подрачјето на општините Гевгелија и Валандово, со одделение во Валандово;
5. Основен суд во Гостивар за подрачјето на општина Гостивар;
6. Основен суд во Дебар за подрачјето на општина Дебар;
7. Основен суд во Делчево за подрачјето на општина Делчево;
8. Основен суд во Кавадарци за подрачјето на општина Кавадарци;
9. Основен суд во Кичево за подрачјето на општините Кичево и Македонски Брод, со одделение во Македонски Брод;
10. Основен суд во Кочани за подрачјето на општина Кочани;
11. Основен суд во Кратово за подрачјето на општина Кратово;
12. Основен суд во Крива Паланка за подрачјето на општина Крива Паланка;
13. Основен суд во Куманово за подрачјето на општина Куманово;
14. Основен суд во Крушево за подрачјето на општина Крушево;
15. Основен суд во Неготино за подрачјето на општина Неготино;
16. Основен суд во Охрид за подрачјето на општина Охрид;
17. Основен суд во Прилеп за подрачјето на општина Прилеп;
18. Основен суд во Радовиш за подрачјето на општина Радовиш;
19. Основен суд во Ресен за подрачјето на општина Ресен;
20. Основен суд во Свети Николе за подрачјето на општина Свети Николе;
21. Основен суд Скопје 1 за подрачјето на општините Центар и Карпош;
22. Основен суд Скопје 2 за подрачјето на општините Кисела Вода, Чаир и Гази Баба;
23. Основен суд во Струга за подрачјето на општина Струга;
24. Основен суд во Струмица за подрачјето на општина Струмица;
25. Основен суд во Тетово за подрачјето на општина Тетово;
26. Основен суд во Велес за подрачјето на општина Велес и
27. Основен суд во Штип за подрачјето на општините Штип и Пробиштип, со одделение во Пробиштип.

Апелационите судови се надлежни да:
1) решаваат по жалбите против одлуките на основните судови;
2) решаваат за судир на надлежност меѓу основните судови од своето подрачје и
3) вршат други работи определени со закон.

Апелационите судови се основани за следниве подрачја:
1. Апелационен суд во Битола за подрачјата на основните судови во Битола, Кичево, Крушево, Охрид, Прилеп, Ресен и Струга;
2. Апелационен суд во Скопје за подрачјата на основните судови во Гевгелија, Гостивар, Дебар, Кавадарци, Кратово, Крива Паланка, Куманово, Неготино, Скопје 1, Скопје 2, Тетово и Велес и
3. Апелационен суд во Штип за подрачјата на основните судови во Берово, Виница, Делчево, Кочани, Радовиш, Свети Николе, Струмица и Штип.