Народен правобранител, познат во светот под името Омбудсман, е релативно нова институција-орган во правно политичкиот систем на Република Македонија кој:
– ги штити уставните и законските права на граѓаните кога им се повредени од органите на државната управа и од другите органи и организации што имаат јавни овластувања;
– независен, самостоен, професионален и стручен во вршењето на функцијата;
 – во извршување на истата ги почитува принципите на објективност, непристрасност, одговорност, чесност, совесност, ажурност, итност, експедитивност, партиска неприпадност, еднаквост во заштитата на правата и слободите на граѓаните без разлика на пол, раса, боја, вера, партија и слично;
– работите од својата надлежност ги врши врз основа и во рамките на Уставот и Законот, како и меѓународните правни акти за човекови права и основни слободи;
– помош може да бара секој граѓанин на Република Македонија и странец кога ќе оцени дека некое негово уставно и законско право е повредено од орган на државната управа (Владата, министерствата и нивните подрачни единици, дирекции, фондови, заводи, инспекторати, здравствени установи, образовни институции и слични вакви органи) и организации со јавни овластувања (железници, пошта, телекомуникации, електростопанство, станбени и комунални претпријатија, радио, телевизија и други);
– повредата на уставните и на законските права на граѓаните може да биде од различни области (полиција, армија, урбанизам, финансии, судство, царинско и социјално работење, јавни приходи, работни односи во органите на управата, одбрана, заштита на децата и други области од управното работење на органите на државната управа) и да се врши на повеќе начини: намерно и ненамерно, со самоволно, бирократско, недолично и нехумано однесување, со непостапување по барање на граѓанинот, со недонесување на акт, решение, заклучок, уверение, потврда, мислење и сл. одолговлекување на постапката, нееднаков третман на граѓаните, погрешно донесен акт, акт заснован на погрешна и непотполно утврдена фактичка состојба, акт заснован на погрешен материјален закон, повредена постапка и сите други намерни и ненамерни однесувања и постапувања со кои се повредуваат правата и слободите на граѓаните загарантирани со Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори и конвенции. Постои законска можност и друго лице во име на оштетени граѓанин да се обрати со претставка заради поведување постапка-полномошник, но и во таков случај потребна е согласнсот на оштетениот граѓанин. Таа согласност треба да биде дадена во писмена форма;
– во вршењето на својата функција презема дејства за кои е овластен со Уставот, Законот за Народниот правобранител и други закони;
– не постапува по предметите за кои е во тек судска постапка;
– не поведува постапка ако од дејството или од последната одлука на органот, односно организацијата изминало повеќе од една година, освен ако се оцени дека поднесувачот на претставката рокот го пропуштил од оправдани причини.

Повеќе детали ќе можете да добиете на телефонот: 02 3129-335