Во рамки на посетата на Република Македонија, која ќе се одвива во периодот од 25 до 28 ноември, г-ѓа Елеанор Стујарт, Шеф на транспарентност во Фореин Офисот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, денеска оствари работна средба во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Притоа, од страна на претседателот на Комисијата Пеце Ташевски, таа беше запознаена со функционирањето, надлежностите и чекорите што ги презема Комисијата, во насока на обезбедување на поголема транспарентност и отчетност на институциите.
Претседателот Ташевски, исто така, информираше дека со Комесарот за информации на Обединетото Кралство, г-дин Кристофер Грахам, е потпишано и разменето писмо за соработка меѓу двете институции., Врз основа на овој документ, двете институции се обврзаа секогаш кога е можно взаемно да се поддржуваат и да разменуваат информации, позитивни искуства од праксата и други видови на соработка со цел унапредување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, рече Ташевски.