Градоначалникот го претставува и застапува Градот Скопје. За својата работа тој одговара пред граѓаните на градот, а негови  надлежности се:
– ги прогласува актите на Советот и ги објавува во “Службен весник на Град Скопје”;
– се грижи и го обезбедува извршувањето на актите на Советот;
– се грижи за извршување на работите што со закон му се доверени на Градот Скопје;
– му предлага на Советот донесување на одлуки и други општи акти од негова надлежност;
– раководи со управните и административните органи и служби на Градот;
– управува со имотот на Градот во согласност со статутот;
– именува и разрешува главен архитект;
– му предлага на Советот именување и разрешување на раководни органи на јавните служби, установи и претпријатија основани од Градот;
– именува и разрешува раководни лица на административните, односно управните органи на Градот Скопје;
– донесува акти за кои е овластен со закон, статутот на Градот или акт на Советот;
– врши и други работи утврдени со закон и со Статутот на град Скопје.

Градоначалникот соработува со градоначалниците на општините од подрачјето на Градот Скопје, заради изградување на заеднички ставови, определување заеднички приоритети и преземање заеднички акции по определени прашања и проблеми од интерес за Градот како целина.

Подетални информации може да добиете на телефонот: 02 3297-255