Генералниот секретаријат како стручна служба на Владата на Република Македонија ги врши работите што се однесуваат на:
– стручна поддршка на Владата во целина,
– соработка со Канцеларијата на претседателот на Владата;
– соработка со министерствата и другите органи на државната управа, особено по прашањата на стратешките приоритети и анализа на политиките;
– соработка со државните секретари во врска со доставување на материјалите на Владата и спроведување на заклучоците на Владата;
– во согласност со упатствата на Претседателот на Владата ги врши работите во врска со подготвувањето и организирањето на седниците на Владата;
– учествува во работата на седниците на Владата без право на одлучување и се грижи за процедуралните прашања во текот на седницата на Владата;
– обезбедува услови за работа на работните тела на Владата;
– доставува заклучоци на Владата до надлежните министерства;
– објавување на актите на Владата во „Службен весник на Република Македонија”;
– организира подготвување на Годишната програма за работа на Владата;
– извршување на обврските на Владата кон Собранието на Република Македонија.

Подетални информации можете да добиете на телефоните: 02 3118-022 лок. 195; 02 3122-253