Како највисок судски орган во државата, Врховниот суд ја врши судската власт на целата територија на Републиката:
-во граѓанската област одлучува во трет степен по вонредните правни лекови и тоа: по ревизии на физички и правни лица против одлуки на апелационите судови и по барања за заштита на законитоста поднесени од јавниот обвинител против одлуки на апелационите судови, а во одредени ситуации и против одлуки на основните судови;
– одлучува во оваа област и по барања за повторување на постапката за одлуки донесени од Врховниот суд по ревизии или по барања за заштита на законитоста;
-во кривичната област одлучува во трет степен по вонредни правни средства и тоа: по барања за вонредно ублажување на казна, по барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда и по барања за заштита на законитоста против правосилни судски одлуки на апелационите и основните судови донесени во кривична и во прекршочна постапка;
-решава за судир на надлежности во граѓанската и кривичната област меѓу основните судови од подрачја на различни апелациони судови или меѓу апелациони и основни судови и за определување на стварна надлежност на друг суд во определени ситуации;
-во областа на управните спорови, Врховниот суд одлучува во прв степен против одлуки на органи на управата, односно на Владата кои одлучувале во втор степен, како и по барања за заштита на законитоста на јавниот обвинител поднесени против одлуки на совети на Врховниот суд;
– својата функција да обезбедува единство во примената на законите од страна на судовите, Врховниот суд ја остварува со донесување, односно утврдување начелни ставови и начелни правни мислења по одделни правни прашања, кои се задолжителни за советите на Врховниот суд, а имаат влијание и на пониските судови во унапредување на судската практика за усогласена примена на законите од сите судови.

Повеќе детали ќе можете да добиете на телефоните: 02 3136-044; 02 3164-064 и 02 3237-538