ДОНЕСЕНИ 2 РЕШЕНИЈА И 4 ЗАКЛУЧОЦИ

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 162-та седница одржана на 22 февруари 2017 година донесе 2 решенија и 4 заклучоци.

************
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од К.Ч. од Радовиш, поднесена против Управата за заштита на културното наследство, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 22 февруари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од К.Ч. од Радовиш, поднесена против Управата за заштита на културното наследство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Дали вашата институција има регистрирано археолошки локалитет во Радовиш на Кат.општина: Радовиш – ВОН-Г.Р. КПбр.4178?
(Ова место се наоѓа во непосредна близина на Голд Мак и Автобуската станица во Радовиш а целиот реон е познат под името Бела црква. На конкретната парцела се уште можат да се забележат траги од стар објект (прилог фотографии), местото е запуштено и е обраснато со грмушки )
2. Дали вашата институција е консултирана и дали има издадено мислење при донесувањето на Деталниот урбанистички план за УБ 9.3, општина Радовиш на чиј простор се наоѓа погоре спомнатиот објект?
(Бидејќи според донесениот ДУП со одлука Бр.14/2015 Службен гласник на општина Радовиш 30.12.2015 год. на посочената локација е предвидено изградба на објекти за индивидуално домување.)“, за дел од Барањето под точка 1 СЕ ОДБИВА, а за дел од Барањето под точка 2 СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА Управата за заштита на културното наследство веднаш а најдоцна во рок од 3 дена да го препрати Барањето до имателот кој располага со бараната информација, односно до Општина Радовиш.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата изјавена од К.Ч. од Радовиш, заведена во Комисијата под бр.08-38 од 06.02.2017 година, поднесена против Управата за заштита на културното наследство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, за дел од Барањето под точка 1 ЈА ОДБИ, а за дел од Барањето под точка 2 ЈА УВАЖИ И ЈА ЗАДОЛЖИ Управата за заштита на културното наследство веднаш а најдоцна во рок од 3 дена да го препрати Барањето до имателот кој располага со бараната информација, односно Општина Радовиш
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, К.Ч. од Радовиш на 17.10.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Управата за заштита на културното наследство, со кое ја побарал следната информација:
„1. Дали вашата институција има регистрирано археолошки локалитет во Радовиш на Кат.општина: Радовиш – ВОН-Г.Р. КПбр.4178?
(Ова место се наоѓа во непосредна близина на Голд Мак и Автобуската станица во Радовиш а целиот реон е познат под името Бела црква. На конкретната парцела се уште можат да се забележат траги од стар објект (прилог фотографии), местото е запуштено и е обраснато со грмушки )
2. Дали вашата институција е консултирана и дали има издадено мислење при донесувањето на Деталниот урбанистички план за УБ 9.3, Општина Радовиш на чиј простор се наоѓа погоре спомнатиот објект?
(Бидејќи според донесениот ДУП со одлука Бр.14/2015 Службен гласник на општина Радовиш 30.12.2015 год. на посочената локација е предвидено изградба на објекти за индивидуално домување.)“.
Управата за заштита на културното наследство, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-38 од 07.02.2017 година, ја препрати Жалбата до Управата за заштита на културното наследство и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Управата за заштита на културното наследство на 20.02.2017 година достави допис Достава на предмет по поднесена жалба бр.03-493/2 од 16.02.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-38. Во дописот е наведено:“ …По увидот во документацијата која се наоѓа Управата за заштита на културното наследство, истакнуваме дека во истата нема податок за регистриран археолошки локалитет на КП бр.4178 за КО Радовиш БОН-ГР. Во врска со второто прашање за тоа дали Управата е консултирана и дали има издадено мислење при донесување на ДУП за УБ 9.3 Општина Радовиш …..по однос на делот од прашањето за тоа дали било побарано и издадено мислење при донесување на конкретниот детален урбанистички план истакнуваме дека во нашата документација не постои акт со кој ќе сме се произнеле по деталниот урбанистички план. За одговор на ова прашање сметаме дека е потребно барателот да се обрати до Општина Радовиш“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Управата за заштита на културното наследство делумно постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставила во целост бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето. Во конкретниот случај Управата за заштита на културното наследство одговорила за делот од Барањето под точка 1 а за делот од Барањето под точка 2 не го препратила Барањето на барателот до имателот во законски предвидениот рок.
Согласно член 18 став 1 “Ако имателот на информации што го примил барањето не располага со бараната информација веднаш, а најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на барањето, е должен да го препрати барањето до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа ќе го извести барателот.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од З.Л. од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 22 февруари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од З.Л. од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Дали по Решение со бр.16.4-54774/1 од 30.08.2007 год. ме следувала полициска униформа ?“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за внатрешни работи да постапи по Барањето во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-39 на 10.02.2017 година, изјавена од З.Л. од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за внатрешни работи да постапи по Барањето во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, З.Л. од Скопје до Министерството за внатрешни работи на 29.12.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено во Министерството под бр.08-83474/1 и бр.22-83475/1, со кое побарала по пошта да и се достави следната информација:
„Дали по Решение со бр.16.4-54774/1 од 30.08.2007 год. ме следувала полициска униформа ?“.
Министерството за внатрешни работи, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-39 од 13.02.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 20.02.2017 година Министерството за внатрешни работи до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.16.1.2-270/1 од 16.02.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-39. Во Произнесувањето по жалба е наведено : „Ве известуваме дека Барањето…од жалителот З.Л. воопшто не е примено во Секторот за односи со јавност и протокол, односно до службеното лице за посредување на информации од јавен карактер…Барањето…го доставила до Кабинетот на Директорот на Бирото за јавна безбедност и до Министерот за внатрешни работи…сметаме дека Жалбата…треба да биде одбиена, од причина што Барањето…не е доставено до службеното лице во Министерството за внатрешни работи“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за внатрешни работи не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не постапило по Барањето за пристап до информации од јавен карактер, заведено во Министерството под бр.08-83474/1 и бр.22-83475/1 на 29.12.2016 година.
Согласно член 15 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Барањето за пристап до информации го поднесува барателот до имателот на информации“, во случајот Министерството за внатрешни работи. Во Законот не е наведено дека барателот е должен Барањето да го достави до вработениот кој е назначен за службено лице кое посредува со информациите од јавен карактер.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од С.Ј., поднесени против Државната изборна комисија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 22 февруари 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбите бр.08-606 од 23.12.2016 година и бр.08-606 од 31.01.2017 година, изјавени од С.Ј., поднесени против Државната изборна комисија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Доставете ни копија од фискални сметки (и останата документација доколку постои) со кои се прикажани и одобрени патни трошоци по сите основи за С.Б., од моментот на нејзино назначување за член на ДИК па се до крајот на октомври 2016 година“, поради тоа што барателот добил одговор по Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ги разгледа Жалбите бр.08-606 од 23.12.2016 година и бр.08-606 од 31.01.2017 година, изјавени од С.Ј., поднесени против Државната изборна комисија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата бр.08-606 од 23.12.2016 година, С.Ј. на 04.11.2016 година, по електронски пат, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државната изборна комисија, со кое побарала по е-маил да и се достави електронски запис од следната информација:
„Доставете ни копија од фискални сметки (и останата документација доколку постои) со кои се прикажани и одобрени патни трошоци по сите основи за С.Б., од моментот на нејзино назначување за член на ДИК па се до крајот на октомври 2016 година“.
Државната изборна комисија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што С.Ј. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 27.12.2016 година ја препрати Жалбата до Државната изборна комисија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 27.01.2017 година Државната изборна комисија до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на жалба бр.03-162/6 од 26.01.2017 година, заведен во Комисијата под бр. 08-606. Во прилог на Одговорот на жалба, до Комисијата достави и допис Информации од јавен карактер бр.03-162/3 од 24.01.2017 година, адресиран до С.Ј..
Незадоволна од „нецелосниот“ Одговор, С.Ј. на 31.01.2017 година поднесе допис насловен Дополнување на жалба, заведена во Комисијата под бр.08-606.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 03.02.2017 година ја препрати Жалбата до Државната изборна комисија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државната изборна комисија на 17.02.2017 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-334/4 од 14.02.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-606. Во Одговорот на жалба се наведува дека: „Ве известуваме дека дополнувањето на одговорот на Барањето за пристап до информации од јавен карактер од С.Ј. е доставено до барателот во форма и начин на кое е побарано“.
На 20.02.2017 година, С.Ј. достави е-маил до Комисијата, заведен под бр. 08-606, во кој наведува дека од Државната изборна комисија добила одговор на Барањето за пристап до информации од јавен карактер и дека е задоволна од истиот.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Државната изборна комисија постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од С.Ј., поднесени против Државната изборна комисија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 22 февруари 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбите бр.08-607 од 23.12.2016 година и бр.08-607 од 31.01.2017 година, изјавени од С.Ј., поднесени против Државната изборна комисија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Доставете ни копија од фискални сметки (и останата документација доколку постои) со кои се прикажани и одобрени патни трошоци по сите основи за Б.И., од моментот на негово назначување за член на ДИК па се до крајот на октомври 2016 година“, поради тоа што барателот добил одговор по Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ги разгледа Жалбите бр.08-607 од 23.12.2016 година и бр.08-607 од 31.01.2017 година, изјавени од С.Ј., поднесени против Државната изборна комисија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата бр.08-607 од 23.12.2016 година, С.Ј. на 04.11.2016 година, по електронски пат, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државната изборна комисија, со кое побарала по е-маил да и се достави електронски запис од следната информација:
„Доставете ни копија од фискални сметки (и останата документација доколку постои) со кои се прикажани и одобрени патни трошоци по сите основи за Б.И., од моментот на негово назначување за член на ДИК па се до крајот на октомври 2016 година“.
Државната изборна комисија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што С.Ј. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 27.12.2016 година ја препрати Жалбата до Државната изборна комисија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 27.01.2017 година Државната изборна комисија до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на жалба бр.03-162/6 од 26.01.2017 година, заведен во Комисијата под бр. 08-607. Во прилог на Одговорот на жалба, до Комисијата достави и допис Информации од јавен карактер бр.03-162/3 од 24.01.2017 година, адресиран до С.Ј..
Незадоволна од „нецелосниот“ Одговор, С.Ј. на 31.01.2017 година поднесе допис насловен Дополнување на жалба, заведена во Комисијата под бр.08-607.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 03.02.2017 година ја препрати Жалбата до Државната изборна комисија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државната изборна комисија на 17.02.2017 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-334/4 од 14.02.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-607. Во Одговорот на жалба се наведува дека: „Ве известуваме дека дополнувањето на одговорот на Барањето за пристап до информации од јавен карактер од С.Ј. е доставено до барателот во форма и начин на кое е побарано“.
На 20.02.2017 година, С.Ј. достави е-маил до Комисијата, заведен под бр. 08-607, во кој наведува дека од Државната изборна комисија добила одговор на Барањето за пристап до информации од јавен карактер и дека е задоволна од истиот.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Државната изборна комисија постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од С.Ј., поднесени против Државната изборна комисија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 22 февруари 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбите изјавени од С.Ј., поднесени против Државната изборна комисија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Доставете ни копија од фискални сметки (и останата документација доколку постои) со кои се прикажани и одобрени патни трошоци по сите основи за А.У., од моментот на негово назначување за член на ДИК па се до крајот на октомври 2016 година“, поради тоа што барателот добил одговор по Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ги разгледа Жалбите заведени во Комисијата под број 08-608 на 23.12.2016 година и бр.08-608 на 31.01.2017 година, изјавени од С.Ј., поднесени против Државната изборна комисија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, С.Ј. на 04.11.2016 година, по електронски пат, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државната изборна комисија, со кое побарала преку е маил да и се достави електронски запис од следната информација:
„Доставете ни копија од фискални сметки (и останата документација доколку постои) со кои се прикажани и одобрени патни трошоци по сите основи за А.У., од моментот на негово назначување за член на ДИК па се до крајот на октомври 2016 година“.
Државната изборна комисија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-608 од 27.12.2016 година, ја препрати Жалбата до Државната изборна комисија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 27.01.2017 година Државната изборна комисија до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на жалба бр.03-162/6 од 26.01.2017 година, заведен во Комисијата под бр. 08-608. Во прилог на Одговорот на жалба, до Комисијата достави и допис Информации од јавен карактер бр.03-162/3 од 24.01.2017 година, адресиран до С.Ј..
Во прилог на Одговорот на жалба, Државната изборна комисија до Комисијата ги достави сите списи во врска со предметот.
Незадоволна од „нецелосниот“ Одговор, С.Ј. на 31.01.2017 година поднесе допис насловен Дополнување на жалба, заведена во Комисијата под бр.08-608.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 03.02.2017 година ја препрати Жалбата до Државната изборна комисија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државната изборна комисија на 17.02.2017 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-334/4 од 14.02.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-608. Во Одговорот на жалба се наведува дека: „Ве известуваме дека дополнувањето на одговорот на Барањето за пристап до информации од јавен карактер од С.Ј. е доставено до барателот во форма и начин на кое е побарано“.
На 20.02.2017 година, С.Ј. достави е-маил до Комисијата, заведен под бр. 08-608, во кој наведува дека од Државната изборна комисија добила одговор на Барањето за пристап до информации од јавен карактер и дека е задоволна од истиот.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Државната изборна комисија постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од С.Ј., поднесени против Државната изборна комисија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 22 февруари 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбите бр.08-610 од 26.12.2016 година и бр.08-610 од 31.01.2017 година, изјавени од С.Ј., поднесени против Државната изборна комисија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„За периодот од 1.јануари 2016 година до 31.октомври 2016 година за членовите на ДИК, А.У., Б.И. и С.Б. доставете ни детална листа за сите денови со датуми во кои им се признаени патни трошоци, како и часот во кој ги поминале сите патарини за да стигнат во Скопје а кои се признаени како трошок во соодветниот ден, како и часот на сите поминати патарини на заминување од Скопје а кои се признаени како патни трошоци во соодветниот ден“, поради тоа што барателот добил одговор по Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ги разгледа Жалбите бр.08-610 од 26.12.2016 година и бр.08-610 од 31.01.2017 година, изјавени од С.Ј., поднесени против Државната изборна комисија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата бр.08-610 од 26.12.2016 година, С.Ј. на 04.11.2016 година, по електронски пат, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државната изборна комисија, со кое побарала по е-маил да и се достави електронски запис од следната информација:
„За периодот од 1.јануари 2016 година до 31.октомври 2016 година за членовите на ДИК, А.У., Б.И. и С.Б. доставете ни детална листа за сите денови со датуми во кои им се признаени патни трошоци, како и часот во кој ги поминале сите патарини за да стигнат во Скопје а кои се признаени како трошок во соодветниот ден, како и часот на сите поминати патарини на заминување од Скопје а кои се признаени како патни трошоци во соодветниот ден“.
Државната изборна комисија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што С.Ј. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 27.12.2016 година ја препрати Жалбата до Државната изборна комисија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 27.01.2017 година Државната изборна комисија до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на жалба бр.03-162/5 од 26.01.2017 година, заведен во Комисијата под бр. 08-610. Во прилог на Одговорот на жалба, до Комисијата достави и допис Информации од јавен карактер бр.03-162/2 од 24.01.2017 година, адресиран до С.Ј..
Незадоволна од „нецелосниот“ Одговор, С.Ј. на 31.01.2017 година поднесе допис насловен Дополнување на жалба, заведена во Комисијата под бр.08-610.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 03.02.2017 година ја препрати Жалбата до Државната изборна комисија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државната изборна комисија на 17.02.2017 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-334/3 од 14.02.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-610. Во Одговорот на жалба се наведува дека: „Ве известуваме дека дополнувањето на одговорот на Барањето за пристап до информации од јавен карактер од С.Ј. е доставено до барателот во форма и начин на кое е побарано“.
На 20.02.2017 година, С.Ј. достави е-маил до Комисијата, заведен под бр. 08-610, во кој наведува дека од Државната изборна комисија добила одговор на Барањето за пристап до информации од јавен карактер и дека е задоволна од истиот.