ДОНЕСЕНИ 19 РЕШЕНИЈА И 3 ЗАКЛУЧОКА

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 161-та седница одржана на 20 февруари 2017 година донесе 19 решенија и 3 заклучока.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Ј.И. од Скопје, поднесена против Решението на Државниот пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 20 февруари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Ј.И. од Скопје, против Решението на Државниот пазарен инспекторат бр.02-1751/2 од 18.01.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Фотокопија од Решението издадено од Државниот пазарен инспекторат со кое МАКЛИФТ бил задолжен во рок од 10 дена да изврши сообразност на предметниот лифт“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
Решението на Државниот пазарен инспекторат бр.02-1751/2 од 18.01.2017 година СЕ ПОНИШТУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-27 на 27.01.2017 година, изјавена од Ј.И. од Скопје, поднесена против Решението на Државниот пазарен инспекторат бр.02-1751/2 од 18.01.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Решението на Државниот пазарен инспекторат бр.02-1751/2 од 18.01.2017 година ГО ПОНИШТИ.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го утврди следното:
Ј.И. од Скопје, на 27.12.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот пазарен инспекторат, заведено во Инспекторатот под бр. 02-1751, со кое ја побарал следната информација:
„Фотокопија од Решението издадено од Државниот пазарен инспекторат со кое МАКЛИФТ бил задолжен во рок од 10 дена да изврши сообразност на предметниот лифт“.
Постапувајќи по наведеното барање, Државниот пазарен инспекторат до барателот на информацијата доставил Решение бр.02-1751/2 од 18.01.2017 година со кое го одбил пристапот до бараната информација согласно исклучокот од слободниот пристап до информации од јавен карактер наведен во член 6 став 1 точка 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во Образложението на Решението е наведено дека „…се работи за информација составена за спроведување на управна постапка, а чие давање би имало штетни последици за текот на постапката“.
Незадоволен од добиеното Решение, Ј.И. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-27 од 27.01.2017 година, ја препрати Жалбата до Државниот пазарен инспекторат и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 13.02.2017 година Државниот пазарен инспекторат до Комисијата достави Одговор на барање во кој наведува : „Остануваме на наводите на Решението … со кое се одбива Барањето…согласно член 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер бидејќи постапката е во тек во Државната комисија за одлучување во втор степен…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Државниот пазарен инспекторат не постапил согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата на Државниот пазарен инспекторат му укажува дека доколку сметал оти одредени информации од Барањето претставуваат исклучоци наведени во член 6 став 1 точка 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, требало да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, по спроведување на тестот на штетност, што согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата. Спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација.
Доколку, пак, Државниот пазарен инспекторат утврди дека документот или негов дел содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, согласно член 7 од истиот Закон, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
При повторното постапување по предметот, Државниот пазарен инспекторат е должен да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.З. од Велес, поднесена против извршителот К.Т. од Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 109 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 20 февруари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Г.З. од Велес, поднесена против извршителот К.Т. од Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата бр.08-36 од 06.02.2017 година, изјавена од Г.З. од Велес, поднесена против извршителот К.Т. од Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФРЛИ како предвремена.
Комисијата ја разгледа Жалбата и го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.З. од Велес на 11.01.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до извршителот К.Т. од Велес, со кое ја побарал следната информација:
„Увид и доколку е потребно препис од одредени документи и достава во врска со И.бр.469/12 од 26.06.2016 година и Барање од 25.11.2016 година со бр. 1112-3265/2016 год. и Заклучок за продажба на недвижност И.бр. 469/12, како и увид во целокупната достава“.
Извршителот К.Т. од Велес, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Барањето за пристап до информации од јавен карактер од Г.З. од Велес е поднесено на 11.01.2017 година, а Жалбата на 06.02.2017 година.
Согласно чл.21 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата е должен веднаш да одговори на барањето на барателот, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на Барањето.
Во конкретниот случај, Жалбата по Барањето е поднесена пред истекот на законскиот рок за постапување по Барањето, односно Жалбата е предвремена.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.К. од Куманово, поднесена преку Вишиот управен суд, против Решението на Вишиот управен суд, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 109 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 20 февруари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од А.К. од Куманово, поднесена преку Вишиот управен суд, против Решението на Вишиот управен суд 0811 СПИ бр.1-7/17 од 30.01.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.
Решението на Вишиот управен суд 0811 СПИ бр.1-7/17 од 30.01.2017 година СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-33 на 03.02.2017 година, изјавена од А.К. од Куманово, поднесена преку Вишиот управен суд, против Решението на Вишиот управен суд 0811 СПИ бр.1-7/17 од 30.01.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА ОТФРЛИ како недопуштена и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го утврди следното:
А.К. од Куманово, на 18.01.2017 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Вишиот управен суд, заведено во Судот под 0811 СПИ бр.1-1/2017, со кое побарал преку е-маил да му се достави електронски запис од следнава информација:
„Запознаеност на Судот со содржината на објавата од правила на Женевското право за „Службен лист на Президиумот на Народната скупштина на ФНРЈ“ бр.6 од 1950 година и „Службен лист на СФРЈ, Меѓународни договори“ бр.16 од 1978 година“.
На 23.01.2017 година Вишиот управен суд до барателот доставил Известување за потреба од дополување на Барање за пристап до информации од јавен карактер 0811 СПИ.бр.1-3/2017, кое барателот го примил на 25.01.2017 година. Во Известувањето е наведено дека:“…Разгледувајќи ја содржината на Барањето за пристап до информација од јавен карактер, констатирано е дека истото е нејасно, а таквиот негов недостаток претставува пречка за постапување на имателот“.
Постапувајќи по Известувањето за потреба на дополнување на Барањето, на 25.01.2017 година барателот, преку е-маил, доставил дополнување на Барањето до Вишиот управен суд, заведено во Судот под 0811 СПИ бр.1-5/2017.
Постапувајќи по наведеното Дополнување на барање, Вишиот управен суд до барателот доставил Решение заведено под 0811 СПИ бр.1-7/2017 од 30.01.2017 година, со кое го отфрла Барањето, со образложение: „…Поднесеното повторно Барање и по неговото дополнување не ги исполнува условите од член 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во конкретниот случај барателот нема постапено според укажувањата на имателот на информации содржани и јасно изнесени во Известувањето за потреба на дополнување на Барањето и согласно законските одредби цитирани во истото “.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Вишиот управен суд постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донел правилно и врз закон засновано Решение, со кое го отфрлил Барањето за пристап до информации од јавен карактер, согласно член 17 став 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој „ако Барањето и по дополнувањето не ги исполнува условите од членот 16 на овој Закон и поради тоа имателот на информации не може да го разгледува Барањето, имателот на информации ќе донесе Решение со кое ќе го отфрли Барањето“.
Поради горе наведеното Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од П.И.Д. од Скопје, поднесена против Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 20 февруари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од П.И.Д. од Скопје, поднесена против Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Целосна листа на воздухопловни стручњаци за 2016 година“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-24 на 24.01.2017 година, изјавена од П.И.Д. од Скопје, поднесена против Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, П.И.Д. од Скопје, на 07.12.2016 година до Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое побарал по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:
„Целосна листа на воздухопловни стручњаци за 2016 година“.
Постапувајќи по Барањето, Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија до барателот доставила допис бр.08-1777/2 од 12.12.2016 година, со кој побарала да го појасни, односно допрецизира Барањето за пристап до информации од јавен карактер, со цел да му се овозможи „увид“ во бараната информација.
П.И.Д. од Скопје до Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија доставил допис бр.03-1777/3 од 21.12.2016 година, со кој го дополнил, односно допрецизирал Барањето, напоменувајќи и дека не бара увид, туку бара фотокопија од бараната информација.
Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија до барателот доставила допис бр.08-1777/4 од 22.12.2016 година, со кој дава свој Одговор на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од П.И.Д. од Скопје, одново повикувајќи го барателот да изврши увид во бараната информација.
Незадоволен од наведениот Одговор, П.И.Д. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-24 од 26.01.2017 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставила бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на барањето од Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.П. од Скопје, поднесена против Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,-Скопје, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 20 февруари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.П. од Скопје, поднесена против Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Правилник за организација и работа на ЈУУДГС – Здравко Цветковски Скопје“, СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,-Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата изјавена од М.П. од Скопје, заведена во Комисијата под бр.08-30 од 01.02.2017 година, поднесена против Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И ЈА ЗАДОЛЖИ Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,-Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, на 26.12.2016 година, М.П. од Скопје по е-маил поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,-Скопје, со кое побарала да и се достави фотокопија од следната информација:
„Правилник за организација и работа на ЈУУДГС – Здравко Цветковски Скопје“.
Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,-Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-30 од 03.02.2017 година, ја препрати Жалбата до Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,-Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 13.02.2017 година Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,-Скопје до Комисијата достави Одговор бр.03-32/1 од 13.02.2017 година, заведен во Комисијата под бр. 08-30. Во дописот наведува дека „…на барањето не е одговорено…од причина што документот што се бара не е објавен во каталогот (листата) на информации бр.01-30 од 26.01.2015 година (објавен на огласна табла) како информација од јавен карактер. Правилникот за внатрешна организација…како акт за организациска поставеност, функционалност и надлежности на организациските единици е доставен само до Министерството за информатичко општество…поради содржината и важноста на истиот не е предвиден од страна на имателот на информации како информација од јавен карактер. Покрај наведеното, со барателот на информацијата М.П., во тек се судски постапки…сметаме дека согласно чл.6 ст.1 т.1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со воведот под т.1 од Каталогот на информации…постои основано сомневање на подносителот на барањето да не и се достави бараната информација поради злоупотреба на истата“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,-Скопје не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не постапило согласно членот 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Што се однесува на наводите во Одговорот бр.03-32/1 од 13.02.2017 година, Комисијата укажува дека, согласно член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, „имателите на информации се должни редовно да водат и да ја ажурираат листата на информации со кои тие располагаат и да ги објавуваат на начин достапен за јавноста (интернет страница, огласна табла и друго), што значи дека Листата на информации од јавен карактер не е конечна, туку секојдневно треба да се надополнува.
Според горенаведеното, Комисијата утврди дека бараната информација „Правилник за организација и работа на ЈУУДГС – Здравко Цветковски Скопје“ претставува информација од јавен карактер и истата треба да биде јавно објавена и достапна за сите баратели на информации.
Комисијата, исто така, утврди дека бараната информација не спаѓа во редот на исклучоците од слободниот пристап до информации наведени во член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и дека имателот на информации, при одбивањето да даде одговор на барањето од М.П. од Скопје, погрешно се повикал на член 6 став 1 точка 1 од истиот Закон, а кој се однесува на исклучок од слободниот пристап до информации кој се однесува на „информација која врз основа на закон претставува класифицирана информација со соодветен степен на тајност, што не е и во случајот.
Од списите на предметот не може да се утврди дека станува збор за класифицирана информација, бидејќи имателот на информацијата не достави доказ за каков степен на класификација се работи, ниту пак донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, со спроведен Тест на штетност, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата му укажува на имателот на информации дека неосновано се повикува на наведеното во Одговорот до Комисијата дека „Покрај наведеното, со барателот на информацијата М.П., во тек се судски постапки…сметаме дека согласно чл.6 ст.1 т.1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со воведот под т.1 од Каталогот на информации…постои иосновано сомневање на подносителот на барањето да не и се достави бараната информација поради злоупотреба на истата“ од причина што согласно согласно член 3 од истиот Закон „барател на информација е секое правно и физичко лице без дискриминација по која било основа, на начин и под услови утврдени со овој и друг закон“.
Согласно член 16 став 5 од истиот Закон, „барателот не е должен да го образложи Барањето…“, што значи дека имателот на информации не треба и не смее да бара од барателот да каже зошто го поднесува предметното барање и за што ќе му користи бараната информација.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од О.Ч. од Скопје, поднесени против Државниот архив на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 20 февруари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбите изјавени од О.Ч. од Скопје, заведени под бр.08-5 на 09.01.2017 година и бр. 08-5 на 07.02.2017 година, поднесени против Државниот архив на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Копии од издадени патни налози за службени патувања на директорот на Државниот архив на Република Македонија Д-р Ф.П. за 2015 година и 2016 година за месеците од јануари до ноември, заклучно со ноември“ СЕ УВАЖУВААТ и СЕ ЗАДОЛЖУВА Државниот архив на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Во наведениот рок од 15 дена барателот е должен да ги надомести трошоците за дадената информација согласно Одлуката на Владата на Република Македонија.
Оспорениот Заклучок на Државниот архив на Република Македонија бр.03-216/1 од 20.01.2017 година СЕ ПОНИШТУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ги разгледа Жалбите заведени во Комисијата под број 08-5 на 09.01.2017 година и бр. 08-5 на 07.02.2017 година, изјавени од О.Ч. од Скопје, поднесени против Државниот архив на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ги УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Државниот архив на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето. Комисијата го задолжи барателот, во наведениот рок од 15 дена, да ги надомести трошоците за дадената информација согласно Одлуката на Владата.
Оспорениот Заклучок на Државниот архив на Република Македонија бр.03-216/1 од 20.01.2017 година го поништи.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата бр.08-5 од 09.01.2017 година, О.Ч. од Скопје на 22.12.2016 година поднел усно Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот архив на Република Македонија, кое Државниот архив го завел под арх.бр.03-3786/1( Во заведеното Барање стои забелешка дека се работи за усно барање), со кое ја побарал следната информација:
„Копии од издадени патни налози за службени патувања на директорот на Државниот архив на Република Македонија Д-р Ф.П. за 2015 година и 2016 година за месеците од јануари до ноември, заклучно со ноември “.
Во врска со наведеното Барање, Државниот архив на Република Македонија до барателот доставил Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-3789/2 од 29.12.2016 година. Во Одговорот е наведено: „Ве известуваме дека државниот архив по ова барање не може да одговори на краток начин (со да или не и слично) од причини што е потребно де се изврши увид во обемниот архивски и документарен материјал во кој се наоѓа бараната документација и од тие причини Ве повикуваме барањето да го преформулирате во писмено согласно член 14 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со цел Државниот архив да има доволно време да изврши целосен увид во обемниот архивски и документарен материјал во кој се наоѓа бараната информација и да Ви даде квалитетен увид, препис, фотокопија или електронски запис од бараната информација“.
Незадоволен од добиениот Одговор, О.Ч. од Скопје, на 09.01.2017 година поднесе Жалба до Комисијата заведена под број 08-5. Во Жалбата е наведено: „…Од Државниот архив не добив никаков одговор туку напротив барање моите прашања да ги „реформулирам“ во писмено со образложение дека им е потребно подолго време за да се „изврши целосен увид во обемен архивски и документарен материјал“ кој јас го барам. Сакам да напоменам дека јас не барам никаков архивски и документарен материјал туку информација за редовното работење на Државниот архив кои имателот според Законот е должен да го има во секое време“.
Комисијата, со допис бр.08-5 од 10.01.2017 година, ја препрати Жалбата до Државниот архив на Република Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државниот архив на Република Македонија на 25.01.2017 година до Комисијата достави „Одговор на жалба по предмет 03-3789/1“, заведен во Државниот архив под број 03-37/4 на 20.01.2017 година, а во Комисијата под број 08-5.
Во Одговорот на жалбата, покрај другото, наведено е : „Во член 13 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е предвидено: „Ако имателот на информацијата одговори негативно на Барањето, или не може веднаш да одговори на Барањето, како и ако барателот има устен или писмен приговор на начинот на запознавање со информацијата, службеното лице за посредување со информацијата е должно за Барањето да изготви заклучок во кој ќе се внесе податоци за барателот, датумот на прием на Барањето и да го извести барателот за посебното барање, односно за бараната информација.“
Во прилог на Одговорот на Жалба до Комисијата достави Заклучок бр.03-216/1 од 20.01.2017 година во кој е наведено дека „…постапката по усно Барање продолжува како постапка по писмено Барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Против наведениот Заклучок, О.Ч. од Скопје на 07.02.2017 година до Комисијата поднесе Жалба, заведна под бр.08-05.
Во Жалбата го наведува следното : „…Сакам да напоменам дека информацијата која ја барам ниту претставува архивски, ниту пак документарен материјал и сметам дека сум ускратен од моето право согласно законот. Исто така да напоменам и дека законските рокови согласно член 21 и 22 од Законот на кој се повикува Државниот архив на РМ се истечени а информацијата не е добиена“.
Комисијата, со допис бр.08-5 од 07.02.2017 година, ја препрати Жалбата до Државниот архив на Република Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државниот архив на Република Македонија на 17.02.2017 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-73/12 од 17.02.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-5. Во Одговорот на жалба е наведено дека „…документацијата побарана од барателот…е обезбедена, копирана и спремна за давање на барателот…ќе биде известен дека документацијата што ја побарува ќе може да ја подигне…по авансно уплаќање на трошоци од истата согласно Ценовникот за надоместоците на услугите што ги врши Државниот архив на Република Македонија“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државниот архив на Република Македонија не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставил бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Што се однесува до наводите во Одговорот на жалба бр.03-73/12 од 17.02.2017 година дека барателот ќе ја добие бараната информација „ по авансно уплаќање на трошоци од истата согласно Ценовникот за надоместоците на услугите што ги врши Државниот архив на Република Македонија“, Комисијата му укажува на Државниот архив дека го разгледа наведениот Ценовник и констатира дека бараните информации не се опфатени со истиот. Согласно член 29 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер барателот плаќа надоместок на трошоци во висина утврдена во Одлуката на Владата на Република Македонија бр.19-6310/1 од 24.12.2006 година (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06). Со цел запазување на рокот од 15 дена за доставување на бараните информации, имателот на информации е должен веднаш да го извести барателот за висината на материјалните трошоци и сметката на која истите треба да се уплатат. Бараните информации имателот да ги достави по уплаќањето на трошоците.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Липково по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 20 февруари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Липково, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Во врска со финансиските средства доделени на невладините организации за 2016 година (трансфери до невладини организации од буџетска линија 463) ве молиме да ни ги доставите следните информации:
– Список на невладини организации добитници на финансиска поддршка, со имињата на проектите за кои е доделена финансиската поддршка, како и поединечниот износ кој им е доделен;
– Објавениот повик за доставување на апликации;
– Документ во кој се објаснува процедурата, критериумите и начинот на избор на грантистите;
– Одлуката за распределба на финансиските средства;
– Правилата за реализација на грантовите – обврската за доставување на извештаи за реализацијата (наративни и финансиски);
– Документи или електронски линкови каде што се објавуваат имињата на невладините организации и паричниот износ што им е доделен за проектот;
Документи или електронски линк каде што се дава отчет за реализираните проекти од страна на невладините организации со пари од општината“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Липково на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-17 на 18.01.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Липково, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Липково на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, на 28.11.2016 година до Општина Липково поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-2394/1, со кое побарал по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:
„Во врска со финансиските средства доделени на невладините организации за 2016 година (трансфери до невладини организации од буџетска линија 463) ве молиме да ни ги доставите следните информации:
– Список на невладини организации добитници на финансиска поддршка, со имињата на проектите за кои е доделена финансиската поддршка, како и поединечниот износ кој им е доделен;
– Објавениот повик за доставување на апликации;
– Документ во кој се објаснува процедурата, критериумите и начинот на избор на грантистите;
– Одлуката за распределба на финансиските средства;
– Правилата за реализација на грантовите – обврската за доставување на извештаи за реализацијата (наративни и финансиски);
– Документи или електронски линкови каде што се објавуваат имињата на невладините организации и паричниот износ што им е доделен за проектот;
– Документи или електронски линк каде што се дава отчет за реализираните проекти од страна на невладините организации со пари од општината“.
Општина Липково, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-17 од 24.01.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Липково и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Липково не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Липково не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставила бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на барањето од Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од О.Ч. од Скопје, поднесени против Државниот архив на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 20 февруари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбите изјавени од О.Ч. од Скопје, заведени под бр.08-4 на 09.01.2017 година и бр. 08-4 на 07.02.2017 година, поднесени против Државниот архив на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Копии од фискални сметки за трошоци: превоз, смештај, патарина, гориво, за издадените патни налози за службени патувања на директорот на Државниот архив на Република Македонија Д-р Ф.П. за 2015 година и 2016 година за месеците од јануари до ноември, заклучно со ноември“, СЕ УВАЖУВААТ и СЕ ЗАДОЛЖУВА Државниот архив на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Во наведениот рок од 15 дена барателот е должен да ги надомести трошоците за дадената информација согласно Одлуката на Владата на Република Македонија.
Оспорениот Заклучок на Државниот архив на Република Македонија бр.03-215/1 од 20.01.2017 година СЕ ПОНИШТУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ги разгледа Жалбите заведени во Комисијата под број 08-4 на 09.01.2017 година и бр. 08-4 на 07.02.2017 година, изјавени од О.Ч. од Скопје, поднесени против Државниот архив на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ги УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Државниот архив на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето. Комисијата го задолжи барателот, во наведениот рок од 15 дена, да ги надомести трошоците за дадената информација согласно Одлуката на Владата.
Оспорениот Заклучок на Државниот архив на Република Македонија бр.03-215/1 од 20.01.2017 година го поништи.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата бр.08-4 од 09.01.2017 година, О.Ч. од Скопје на 22.12.2016 година поднел усно Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот архив на Република Македонија, кое Државниот архив го завел под арх.бр.03-3786/1( Во заведеното Барање стои забелешка дека се работи за усно барање), со кое ја побарал следната информација:
„Копии од фискални сметки за трошоци: превоз, смештај, патарина, гориво, за издадените патни налози за службени патувања на директорот на Државниот архив на Република Македонија Д-р Ф.П. за 2015 година и 2016 година за месеците од јануари до ноември, заклучно со ноември“.
Во врска со наведеното Барање, Државниот архив на Република Македонија до барателот доставил Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-3786/2 од 29.12.2016 година. Во Одговорот е наведено: „Ве известуваме дека Државниот архив по ова барање не може да одговори на краток начин (со да или не и слично) од причини што е потребно де се изврши увид во обемниот архивски и документарен материјал во кој се наоѓа бараната документација и од тие причини Ве повикуваме барањето да го преформулирате во писмено согласно член 14 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со цел Државниот архив да има доволно време да изврши целосен увид во обемниот архивски и документарен материјал во кој се наоѓа бараната информација и да Ви даде квалитетен увид, препис, фотокопија или електронски запис од бараната информација“.
Незадоволен од добиениот Одговор, О.Ч. од Скопје, на 09.01.2017 година поднесе Жалба до Комисијата заведена под број 08-4. Во Жалбата е наведено: „…Од Државниот архив не добив никаков одговор туку напротив барање моите прашања да ги „преформулирам“ во писмено со образложение дека им е потребно подолго време за да се „изврши целосен увид во обемен архивски и документарен материјал“ кој јас го барам. Сакам да напоменам дека јас не барам никаков архивски и документарен материјал туку информација за редовното работење на Државниот архив кои имателот според Законот е должен да го има во секое време“.
Комисијата, со допис бр.08-4 од 10.01.2017 година, ја препрати Жалбата до Државниот архив на Република Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државниот архив на Република Македонија на 01.02.2017 година до Комисијата достави „Одговор на жалба по предмет 03-3786/1“, заведен во Државниот архив под број 03-73/6 на 31.01.2017 година, а во Комисијата под број 08-4.
Во Одговорот на жалбата, покрај другото, наведено е : „Во член 13 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е предвидено: „Ако имателот на информацијата одговори негативно на Барањето, или не може веднаш да одговори на Барањето, како и ако барателот има устен или писмен приговор на начинот на запознавање со информацијата, службеното лице за посредување со информацијата е должно за Барањето да изготви заклучок во кој ќе се внесе податоци за барателот, датумот на прием на Барањето и да го извести барателот за посебното барање, односно за бараната информација.“
Во прилог на Одговорот на Жалба до Комисијата достави Заклучок бр.03-215/1 од 20.01.2017 година во кој е наведено дека „…постапката по усно Барање продолжува како постапка по писмено Барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Против наведениот Заклучок, О.Ч. од Скопје на 07.02.2017 година до Комисијата поднесе Жалба, заведна под бр.08-04.
Во Жалбата го наведува следното : „…Сакам да напоменам дека информацијата која ја барам ниту претставува архивски, ниту пак документарен материјал и сметам дека сум ускратен од моето право согласно законот. Исто така да напоменам и дека законските рокови согласно член 21 и 22 од Законот на кој се повикува Државниот архив на РМ се истечени а информацијата не е добиена“.
Комисијата, со допис бр.08-4 од 07.02.2017 година, ја препрати Жалбата до Државниот архив на Република Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државниот архив на Република Македонија на 17.02.2017 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-73/11 од 17.02.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-4. Во Одговорот на жалба е наведено дека „…документацијата побарана од барателот…е обезбедена, копирана и спремна за давање на барателот…ќе биде известен дека документацијата што ја побарува ќе може да ја подигне…по авансно уплаќање на трошоци од истата согласно Ценовникот за надоместоците на услугите што ги врши Државниот архив на Република Македонија“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државниот архив на Република Македонија не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставил бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Што се однесува до наводите во Одговорот на жалба бр.03-73/11 од 17.02.2017 година дека барателот ќе ја добие бараната информација „ по авансно уплаќање на трошоци од истата согласно Ценовникот за надоместоците на услугите што ги врши Државниот архив на Република Македонија“, Комисијата му укажува на Државниот архив дека го разгледа наведениот Ценовник и констатира дека бараните информации не се опфатени со истиот. Согласно член 29 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер барателот плаќа надоместок на трошоци во висина утврдена во Одлуката на Владата на Република Македонија бр.19-6310/1 од 24.12.2006 година (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06). Со цел запазување на рокот од 15 дена за доставување на бараните информации, имателот на информации е должен веднаш да го извести барателот за висината на материјалните трошоци и сметката на која истите треба да се уплатат. Бараните информации имателот да ги достави по уплаќањето на трошоците.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Л.Ѓ. од Скопје, поднесена против Решението на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 20 февруари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Л.Ѓ. од Скопје, поднесена против Решението бр.02-182/1 од 18.01.2017 година на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Обрасци М-4 и М-8 за уплатени средства за пензиско осигурување на име на осигуреникот Л.Ѓ. со ЕМБГ… и со личен број … и тоа конкретно образците ….“, СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Решението бр.02-182/1 18.01.2017 година на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија СЕ ПОНИШТУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата изјавена од Л.Ѓ. од Скопје, заведена во Комисијата под бр.08-29 од 31.01.2017 година, поднесена против Решението бр.02-182/1 18.01.2017 година на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И ГО ЗАДОЛЖИ Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето. Решението на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија ГО ПОНИШТИ.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Л.Ѓ. од Скопје на 17.01.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, со кое побарала да и се достави по пошта препис од следната информација:
„Обрасци М-4 и М-8 за уплатени средства за пензиско осигурување на име на осигуреникот Л.Ѓ. со ЕМБГ… и со личен број… и тоа конкретно образците …“.
Постапувајќи по наведеното Барање, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија до барателот доставил Решение бр.02-182/1 од 18.01.2017 година со кое го одбил барањето, со образложение дека се работи за информации согласно чл.6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Незадоволна од донесеното Решение, Л.Ѓ. од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата е наведено: “…Како што може да се увиди од чл.212 од Законот за пензиското и инвалидско осигурување Обрасците М-4 и М-8 за уплатени средства за пензиско осигурување се дел од матичната евиденција на ФПИОМ и тие се чуваат во оригинал и во електронски медиуми. Тие имаат третман на ЈАВНА ИСПРАВА и служат за докажување на фактите внесени во матичната евиденција. Согласно ставот 3 на овој член фотокопијата од оригиналната пријава ја заверува фондот и ја издава на барателот и затоа ФПИОМ се должни да ги издадат“.
Комисијата, со допис бр.08-29 од 03.02.2017 година, ја препрати Жалбата до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија на 16.02.2017 година до Комисијата достави Одговор по доставена жалба по барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.02-182/6 од 13.02.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-29, во кој наведува: „…бидејќи е оценето дека се работи за информации согласно член 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл. Весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), односно за личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци….“. Во конкретниот случај не се работи за барање кое е исклучок од слободен пристап до информации од јавен карактер ниту за личен податок, туку за барање кое се однесува лично на барателот на информацијата од јавен карактер.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставил бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата. Во конкретниот случај бараната информација не претставува исклучок од слободен пристап до информации од јавен карактер ниту пак личен податок чие откривање би значело повреда на заштита на личните податоци, туку се работи за информација кое се однесува лично за поднесителот на Барањето.
Во образложението на Решението бр.02-182/1 од 18.01.2017 година на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, Фондот се повикува на член 6 став 1 без да наведе за кој исклучок од предвидените во наведенио член се работи.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.П. од Скопје, поднесена против Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,-Скопје, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 20 февруари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.П. од Скопје, поднесена против Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Правилник за внатрешна организација на ЈУУДГС Здравко Цветковски Скопје“, СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,- Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата изјавена од М.П. од Скопје, заведена во Комисијата под бр.08-32 од 01.02.2017 година, поднесена против Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И ЈА ЗАДОЛЖИ Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,- Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.П. од Скопје на 26.12.2016 година по е-маил поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,- Скопје, со кое побарала да и се достави фотокопија од следната информација:
„Правилник за внатрешна организација на ЈУУДГС Здравко Цветковски Скопје“.
Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,- Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-32 од 03.02.2017 година, ја препрати Жалбата до Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,- Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,- Скопје не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,- Скопје не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставила бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Комисијата утврди дека бараната информација „Правилник за систематизација на работните места во ЈУУДГС Здравко Цветковски Скопје“ претставува информација од јавен карактер и истата треба да биде јавно објавена и достапна за сите баратели на информации.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.З. од Велес, поднесена против Општина Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија “ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016) на седницата одржана на 20 февруари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Г.З. од Велес, поднесена против Општина Велес по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Барам Увид и препис од одредени документи кои се поднесени од Извршител К.Т. кај Вас а за наш имот со Ил.14815 на улица: 11 Октомври бр:1/19.
Увид за барање и предмет 1112-3265/2016 од 25.11.2016 врз основа на И.бр.469/12 од 26.06.2016 година и на 02.12.2016 година вршат промена на наслов во Ил.14815 за КО Велес.“, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-23 на 23.01.2017 година, изјавена од Г.З. од Велес, поднесена против Општина Велес, по предметот барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Г.З. од Велес на 04.01.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Велес, заведено во Општината под број 23-60/1, со кое ги побарал следните информации:
„Барам Увид и препис од одредени документи кои се поднесени од Извршител К.Т. кај Вас а за наш имот со Ил.14815 на улица: 11 Октомври бр:1/19.
Увид за барање и предмет 1112-3265/2016 од 25.11.2016 врз основа на И.бр.469/12 од 26.06.2016 година и на 02.12.2016 година вршат промена на наслов во Ил.14815за КО Велес.“
Постапувајќи по Барањето, Општина Велес со допис бр.23-60/2 од 17.01.2017 година, го препратило барањето до Агенцијата за катастар на недвижности – Велес.
Исто така до барателот доставила Известување за препраќање на барање заведено под бр.23-60/3 од 17.01.2017 година. Во Известувањето наведено: “…Ве известуваме дека Вашето барање е препратено до Агенцијата за катастар на недвижности како имател на информацијата“.
Незадоволен од наведеното Известување, Г.З. од Велес поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 26.01.2017 година ја препрати Жалбата до Општина Велес и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 06.02.2017 година Општина Велес до Комисијата достави Одговор на жалба бр.23-430/2 од 01.02.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-23. Во Одговорот е наведено: “Врз основа на барањето, на ден 17.01.2017 година, Општина Велес до барателот достави одговор на Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.23-430/1/2 во кој го известува барателот дека Општина Велес не е имател на бараната информација и дека неговото барање е препратено до Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија-ПО Велес.“ Во прилог ги достави списите во врска со предметот: Препраќањето на барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.23-60/2 од 17.01.2017 година до Агенцијата за катастар на недвижности – Велес и Известувањето за препраќање на барање бр.23-60/3 од 17.01.2017 година до барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Велес постапила согласно член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер: „Ако имателот на информации што го примил барањето не располага со бараната информација веднаш, а најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на барањето, е должен да го препрати барањето до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа ќе го извести барателот“. Општина Велес постапила согласно наведениот член и до имателот на информацијата (агенција за катастар на недвижности – Велес) го препратило Барањето и за истото го известило барателот на информацијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.П. од Скопје, поднесена против Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,-Скопје, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 20 февруари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.П. од Скопје, поднесена против Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Правилник за систематизација на работните места во ЈУУДГС Здравко Цветковски Скопје“, СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,- Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата изјавена од М.П. од Скопје, заведена во Комисијата под бр.08-31 од 01.02.2017 година, поднесена против Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И ЈА ЗАДОЛЖИ Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,- Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.П. од Скопје на 26.12.2016 година по е-маил поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,- Скопје, со кое побарала да и се достави фотокопија од следната информација:
„Правилник за систематизација на работните места во ЈУУДГС Здравко Цветковски Скопје“.
Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,- Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-31 од 03.02.2017 година, ја препрати Жалбата до Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,- Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,- Скопје не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Јавната установа Ученички дом на Град Скопје ,,Здравко Цветковски,,- Скопје не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставила бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Комисијата утврди дека бараната информација „Правилник за систематизација на работните места во ЈУУДГС Здравко Цветковски Скопје“ претставува информација од јавен карактер и истата треба да биде јавно објавена и достапна за сите баратели на информации.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.А., новинар на весникот Дневник, поднесена против Решението на Државниот пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 20 февруари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од В.А., новинар на весникот Дневник, поднесена против Решението на Државниот пазарен инспекторат бр.02-23/2 од 18.01.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Имиња на фирмите кои се казнети за прикажување на лажни попусти за 2016 година и дали бројот на лажните попусти се намалуваат или зголемуваат во однос на претходните години“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
Решението на Државниот пазарен инспекторат бр.02-23/2 од 18.01.2017 година СЕ ПОНИШТУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-28 на 30.01.2017 година, изјавена од В.А., новинар на весникот Дневник, поднесена против Решението на Државниот пазарен инспекторат бр.02-23/2 од 18.01.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Решението на Државниот пазарен инспекторат бр.02-23/2 од 18.01.2017 година го поништи.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, В.А., новинар на весникот Дневник, на 04.01.2017 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.02-23 до Државниот пазарен инспекторат, со кое побарала да и ја достават следната информација:
„Имиња на фирмите кои се казнети за прикажување на лажни попусти за 2016 година и дали бројот на лажните попусти се намалуваат или зголемуваат во однос на претходните години“.
Постапувајќи по наведеното Барање, Државниот пазарен инспекторат до В.А. доставил Решение за одбивање на барање број 02-23/2 од 18.01.2017 година со кое го одбил Барањето за пристап до информации од јавен карактер. Во Решението е наведено дека: „…Постапувајќи по барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер Државниот пазарен инспекторат утврди дека согласно член 6 став 1 точка 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер се одбива барањето бидејќи се работи за предмети за кои се водат постапки пред надлежните судски органи а чие давање би имало штетни последици за текот на постапките…“.
Незадоволна од наведеното Известување, В.А., новинар на весникот Дневник на 30.01.2017 година поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 31.01.2017 година ја препрати Жалбата до Државниот пазарен инспекторат и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државниот пазарен инспекторат на 13.02.2017 година до Комисијата достави Одговор на барање бр.02-23/2 од 13.02.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-28, во кое наведува: „…Остануваме на наводите на Решението бр.02-23/2 од 18.01.2017 г. со кои се одбива барањето бр.02-23/1 бидејќи Државниот пазарен инспекторат иницира прекршочни постапки против сите субјекти кои сториле прекршок со повреда на член 12 од Законот за заштита на потрошувачите, но постапките продолжуваат пред надлежните прекршочни судови а чие давање би имало штетни последици за текот на постапките…“. Во прилог достави Решение бр.02-23/2 од 18.01.2017 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државниот пазарен инспекторат не постапил согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016).
Во врска со наведеното Комисијата укажува на следното:
Доколку Државниот пазарен инспекторат сметал дека одредени информации од Барањето претставуваат исклучоци наведени во член 6 став 1 точка 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер врз основа на кои донел Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, должен бил пред да го одбие пристапот да го спроведе тестот на штетност, што согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата“. Спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација.
Комисијата му укажува на имателот дека нема право на барателот да му наплаќа административна такса за поднесување на Жалба согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Одлуката на Владата на Република Македонија за надоместокот за материјалните трошоци за дадената информација од имателите на информации („Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/06). Во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер во ниту еден член не е регулирано дека имателот може на барателот за поднесената жалба да му наплати административна такса.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.З. од Велес, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности – Одделение за катастар на недвижности – Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер,врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015и 55/2016)на седницата одржана на 20 февруари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Г.З. од Велес, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности – Одделение за катастар на недвижности – Велес по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Барам Увид во Катастар – Велес за Предмет 1112-3265/2016 од 25.11.2016 година поднесен од Извршител К.Т. врз основа на заклучок за Продажба на Недвижност И.бр.469-112 од 26.06.2016 година и промена на Наслов за Сопственост на ден 02.12.2016 година во ИЛ 14815 за КО – Велес“,СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-25 на 25.01.2017 година, изјавена од Г.З. од Велес, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности – Одделение за катастар на недвижности – Велес, по предметот барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Г.З. од Велес на 30.12.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за катастар на недвижности – Одделение за катастар на недвижности – Велес, со кое ги побарал следните информации:
„Барам Увид во Катастар – Велес за Предмет 1112-3265/2016 од 25.11.2016 година поднесен од Извршител К.Т. врз основа на заклучок за Продажба на Недвижност И.бр.469-112 од 26.06.2016 година и промена на Наслов за Сопственост на ден 02.12.2016 година во ИЛ 14815 за КО – Велес“.
Барателот исто вакво барање доставил и до Општина Велес која согласно член 18 од Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер на 17.01.2016 година го препратила до Агенцијата за катастар на недвижности – Одделение за катастар на недвижности Велес.
Агенцијата за катастар на недвижности – Одделение за катастар на недвижности – Велес, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 30.01.2017 година ја препрати Жалбата до Агенцијата за катастар на недвижности – Одделение за катастар на недвижности – Велес и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 06.02.2017 година Агенцијата за катастар на недвижности – Одделение за катастар на недвижности Велес до Комисијата достави Известување со доставување на списи бр.1123-148-01 од 03.02.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-25. Во Извесувањето е наведено: „…На ден 25.01.2017 година по пошта со пратка за задолжителна лична достава – лично на рака, е испратено Известување бр.1123-107-01 од 25.01.2017 год. до Г.З.. Во Известувањето е наведено дека предвидена е постапка за увид во списи согласно Законот за катастар на недвижности и согласно важечкиот Тарифник по кој постапува АКН (Сл весник на РМ бр.116/2014год.) според кој барањето треба да се дополни со уплата од 180,00 ден. за увид во предмет, а за издавање копии од списи се доставува 30,00 ден. од страна, воедно е даден рок за постапување од 3-дена од приемот на известувањето. Откако странката ќе постапи, го повикуваме да пристапи во просториите на ова одделение за да изврши увид и ќе му бидат издадени копии од списите кои странката ќе ги побара…“. Во прилог ги достави списите во врска со предметот.
На 10.02.2017 година Агенцијата за катастар на недвижности – Одделение за катастар на недвижности – Велес до Комисијата по е-маил достави фотокопија од Повратница бр.1123-107-01 од 25.01.2017 година, на која е наведено дека лицето до кое е адресирана пратката се иселило. Писмото до барателот е испратено на адреса која самиот барател ја навел во Барањето и во Жалбата.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности Велес постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и до барателот доставила Известување дека извршена уплата согласно Тарифникот, може да изврши увид во предметот. Во врска со наведеното, Комисијата на барателот му укажува на следното:
Согласно член 36 и член 37 од Законот за катастар на недвижности (консолидиран текст – „Службен весник на Република Македонија“ бр.55/2013, 4/2014, 115/2014, 116/2015, 153/2015 и 192/2015), „за користење и увид на податоците од ГКИС се плаќа надоместок…висината на надоместокот се утврдува со тарифник…на кој согласност дава Владата на Република Македонија“. Врз основа на погоренаведениот Закон, донесен е Тарифник за висина на надоместокот за користење и увид на податоците од геодетско-катастарскиот информационен систем („Службен весник на Република Македонија“ бр.116/2014).
Врз основа на горенаведеното Комисијата утврди дека Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности Велес постапила правилно и го известила барателот дека за да му овозможи пристап до бараните информации е должен да плати одреден надоместок.
Поради погоре наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Врховниот суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 20 февруари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Врховниот суд на Република Македонија СПИ бр.19/2016 од 05.01.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Во врска со вашиот одговор на барање под СПИ.бр.1/2016г. од 20-07-2016г. барам: Барам да ми се достави копија од Записникот каде се содржи и Заклучокот на Одделот за судење во разумен рок на одржана седница на ден 08-03-2016г. на овој Суд (со примена на чл.7 во врска со чл.6 од ЗСПИЈК) согласно кој Заклучок советот кој врши спојување на постапки да изготви записник за донесеното решение. Од копијата (изготвената информација) да може да се утврди кои овластени лица го донеле Заклучокот и на кој ден како и да може да се утврди кој се бил присутен на таа седница и кои се потписници на Записникот и Заклучокот за да истите бидат валидни. Воедно на така изготвената фотокопија да има потврда дека е верна со податоците од оригиналниот Записник во Судот“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
Заклучокот на Врховниот суд на Република Македонија СПИ бр.19/2016 од 05.01.2017 година, СЕ ПОНИШТУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-8 на 17.01.2017 година, изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Врховниот суд на Република Македонија СПИ бр.19/2016 од 05.01.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Заклучокот на Врховниот суд на Република Македонија СПИ бр.19/2016 од 05.01.2017 година, ГО ПОНИШТИ.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, В.У. од Скопје на 09.12.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Врховниот суд на Република Македонија, со кое побарал да му се достави по пошта фотокопија од следната информација:
„Во врска со вашиот одговор на барање под СПИ.бр.1/2016г. од 20-07-2016г. барам:
Барам да ми се достави копија од Записникот каде се содржи и Заклучокот на Одделот за судење во разумен рок на одржана седница на ден 08-03-2016г. на овој Суд (со примена на чл.7 во врска со чл.6 од ЗСПИЈК) согласно кој Заклучок советот кој врши спојување на постапки да изготви записник за донесеното решение. Од копијата (изготвената информација) да може да се утврди кои овластени лица го донеле Заклучокот и на кој ден како и да може да се утврди кој се бил присутен на таа седница и кои се потписници на Записникот и Заклучокот за да истите бидат валидни. Воедно на така изготвената фотокопија да има потврда дека е верна со податоците од оригиналниот Записник во Судот“.
Врховниот суд на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, по ова Барање до барателот доставил Заклучок за прекинување на постапката СПИ бр.19/2016 од 05.01.2017 година.
Незадоволен од добиениот Заклучок, В.У. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата се наведува: „…Мене како барател на информација не ме интересираат другите точки и дискусии на судиите наведени во записникот. Мене ме интересира содржината на Заклучокот на Одделот за судење во разумен рок кој е наведен во тој записник како и кои лица на одржаната седница на ден 08-03-2016 г. го предложиле, изгласале-усвоиле и потпишале за да тој биде валиден и применлив од Одделот за судење во разумен рок во предметите по кои тој одлучува. Јас не сум виновен што Врховниот суд не оформил посебно Заклучок со сите елементи кои треба да ги содржи а врз основа на записникот од одржаната седница…“.
Комисијата, со допис бр.08-8 од 18.01.2017 година, ја препрати Жалбата до Врховниот суд на Република Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 06.02.2017 година, Врховниот суд на Република Македонија до Комисијата достави Одговор на жалба под СПИ.бр.3/2017, заведен во Комисијата под бр.08-8. Во Одговорот на жалба е наведено дека: „…бараниот Записник каде се содржи и Заклучокот на Одделот за судење во разумен рок од одржаната седница на ден 08.03.2016, во Врховниот суд на Република Македонија, кој го бара В.У., Ве информираме дека е интерен работен материјал со повеќе точки и дискусии на судиите, кој воопшто не може да се третира како информација од јавен карактер ниту по форма ниту по содржина, и поради тоа не е во категоријата информации од јавен карактер кои треба да бидат доставени до странките…“. Во прилог на Одговорот на жалба, до Комисијата се доставени фотокопии од бараните списи.
На 08.02.2017 година Врховниот суд на Република Македонија до Комисијата достави Дополнување на Одговорот на жалба СПИ.бр.3/2017, заведен во Комисијата под бр.08-8. Во Дополнувањето на Одговорот на жалба е наведено следното:
„…Согласно член 6 став 1 точка 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…произлегува дека бараниот Записник од Одделот за судење во разумен рок одржана на 08.03.2016 година, во Врховниот суд на Република Македонија претставува интерен документ во постапка на подготвување и усогласување во донесување на Заклучокот, кој како крајна информација е веќе доставен кај барателот“.
Во Заклучокот СПИ бр.19/2016 од 05.01.2017 година, Врховниот суд покрај другото наведува: „…На ден 07.11.2016 г. Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер достави до ВСРМ Решение бр. 08-315 од 02.11.2016 г. во врска со жалбата изјавена од Вас (В.У.), поднесена против ВСРМ, по предметот Барање за слободен пристап до информации од јавен каракте: “Во врска со вашиот одговор на барање под СПИ.бр.1/2016 од 20.07.2016 барам да ми се достави копија од Заклучокот донесен од одделот за судење во разумен рок на одржана седница кој врши спојување на постапки да изготви записник за донесеното решение”, СЕ ОДБИВА“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Врховниот суд на Република Македонија не постапил согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Што се однесува до наводите од Заклучокот СПИ бр.19/2016 од 05.01.2017 година во кој Врховниот суд наведува дека Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер донесе Решение бр.08-315 од 02.11.2016 година со кое Жалбата на В.У. од Скопје се одбива, Комисијата укажува дека во наведениот предмет барателот барал Заклучок, за кој Комисијата утврди дека Судот не располага со бараната информација во форма во која барателот ја бара. Во конкретниот предмет бр.08-8 од 17.01.2017 година барателот бара Записник каде се содржи и Заклучокот на Одделот за судење во разумен рок од одржаната седница на ден 08.03.2016 година, за кој Судот наведува дека се работи за информација од член 6 став 1 точка 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (информација од документ што е во постапка на подготвување и се уште е предмет на усогласување кај имателот на информации, чие откривање би предизвикало погрешно разбирање на содржината) и за информација која е интерен документ.
Доколку Врховниот суд на Република Македонија сметал дека одредени информации од Барањето претставуваат исклучоци наведени во член 6 став 1 точка 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, требал да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, по спроведување на тестот на штетност, што согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата“. Спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација. Доколку, пак, Врховниот суд на Република Македонија утврди дека документот или негов дел содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, согласно член 7 од истиот Закон, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
При повторното постапување по предметот, Врховниот суд на Република Македонија е должен да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од О.Ч. од Скопје, поднесени против Државниот архив на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 20 февруари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбите изјавени од О.Ч. од Скопје, заведени под бр.08-3 на 09.01.2017 година и бр. 08-3 на 07.02.2017 година, поднесени против Државниот архив на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Листинг од системот за електронска евиденција на работното време на директорот на Државниот архив на Република Македонија д-р Ф.П. за 2015 година и 2016 година за месеците од јануари до ноември, заклучно со ноември“ СЕ УВАЖУВААТ и СЕ ЗАДОЛЖУВА Државниот архив на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Во наведениот рок од 15 дена барателот е должен да ги надомести трошоците за дадената информација согласно Одлуката на Владата на Република Македонија.
Оспорениот Заклучок на Државниот архив на Република Македонија бр.03-214/1 од 20.01.2017 година СЕ ПОНИШТУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ги разгледа Жалбите заведени во Комисијата под број 08-3 на 09.01.2017 година и бр. 08-3 на 07.02.2017 година, изјавени од О.Ч. од Скопје, поднесени против Државниот архив на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ги УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Државниот архив на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето. Комисијата го задолжи барателот, во наведениот рок од 15 дена, да ги надомести трошоците за дадената информација согласно Одлуката на Владата.
Оспорениот Заклучок на Државниот архив на Република Македонија бр.03-214/1 од 20.01.2017 година го поништи.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата бр.08-3 од 09.01.2017 година, О.Ч. од Скопје на 22.12.2016 година поднел усно Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот архив на Република Македонија, кое Државниот архив го завел под арх.бр.03-3788/1 (Во заведеното Барање стои забелешка дека се работи за усно барање), со кое ја побарал следната информација:
„Листинг од системот за електронска евиденција на работното време на директорот на Државниот архив на Република Македонија д-р Ф.П. за 2015 година и 2016 година за месеците од јануари до ноември, заклучно со ноември“.
Во врска со наведеното Барање, Државниот архив на Република Македонија до барателот доставил Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-3788/2 од 29.12.2016 година. Во Одговорот е наведено: „Ве известуваме дека државниот архив по ова барање не може да одговори на краток начин (со да или не и слично) од причини што е потребно де се изврши увид во обемниот архивски и документарен материјал во кој се наоѓа бараната документација и од тие причини Ве повикуваме барањето да го преформулирате во писмено согласно член 14 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со цел Државниот архив да има доволно време да изврши целосен увид во обемниот архивски и документарен материјал во кој се наоѓа бараната информација и да Ви даде квалитетен увид, препис, фотокопија или електронски запис од бараната информација“.
Незадоволен од добиениот Одговор, О.Ч. од Скопје, на 09.01.2017 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена под број 08-3. Во Жалбата е наведено: „…Од Државниот архив не добив никаков одговор туку напротив барање моите прашања да ги „реформулирам“ во писмено со образложение дека им е потребно подолго време за да се „изврши целосен увид во обемен архивски и документарен материјал“ кој јас го барам. Сакам да напоменам дека јас не барам никаков архивски и документарен материјал туку информација за редовното работење на Државниот архив кои имателот според Законот е должен да го има во секое време“.
Комисијата, со допис бр.08-3 од 11.01.2017 година, ја препрати Жалбата до Државниот архив на Република Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државниот архив на Република Македонија на 25.01.2017 година до Комисијата достави „Одговор на жалба по предмет 03-3788/1“, заведен во Државниот архив под број 03-73/5 на 20.01.2017 година, а во Комисијата под број 08-3.
Во Одговорот на жалбата, покрај другото, наведено е : „Во член 13 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е предвидено: „Ако имателот на информацијата одговори негативно на Барањето, или не може веднаш да одговори на Барањето, како и ако барателот има устен или писмен приговор на начинот на запознавање со информацијата, службеното лице за посредување со информацијата е должно за Барањето да изготви заклучок во кој ќе се внесе податоци за барателот, датумот на прием на Барањето и да го извести барателот за посебното барање, односно за бараната информација.“
Во прилог на Одговорот на Жалба до Комисијата достави Заклучок бр.03-214/1 од 20.01.2017 година во кој е наведено дека „…постапката по усно Барање продолжува како постапка по писмено Барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Против наведениот Заклучок, О.Ч. од Скопје на 07.02.2017 година до Комисијата поднесе Жалба, заведна под бр.08-03.
Во Жалбата го наведува следното : „…Сакам да напоменам дека информацијата која ја барам ниту претставува архивски, ниту пак документарен материјал и сметам дека сум ускратен од моето право согласно законот. Исто така да напоменам и дека законските рокови согласно член 21 и 22 од Законот на кој се повикува Државниот архив на РМ се истечени а информацијата не е добиена“.
Комисијата, со допис бр.08-3 од 07.02.2017 година, ја препрати Жалбата до Државниот архив на Република Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државниот архив на Република Македонија на 17.02.2017 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-73/10 од 17.02.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-3. Во Одговорот на жалба е наведено дека „…документацијата побарана од барателот…е обезбедена, копирана и спремна за давање на барателот…ќе биде известен дека документацијата што ја побарува ќе може да ја подигне…по авансно уплаќање на трошоци од истата согласно Ценовникот за надоместоците на услугите што ги врши Државниот архив на Република Македонија“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државниот архив на Република Македонија не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставил бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Што се однесува до наводите во Одговорот на жалба бр.03-73/10 од 17.02.2017 година дека барателот ќе ја добие бараната информација „ по авансно уплаќање на трошоци од истата согласно Ценовникот за надоместоците на услугите што ги врши Државниот архив на Република Македонија“, Комисијата му укажува на Државниот архив дека го разгледа наведениот Ценовник и констатира дека бараните информации не се опфатени со истиот. Согласно член 29 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер барателот плаќа надоместок на трошоци во висина утврдена во Одлуката на Владата на Република Македонија бр.19-6310/1 од 24.12.2006 година (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06). Со цел запазување на рокот од 15 дена за доставување на бараните информации, имателот на информации е должен веднаш да го извести барателот за висината на материјалните трошоци и сметката на која истите треба да се уплатат. Бараните информации имателот да ги достави по уплаќањето на трошоците.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ Скопје, поднесена против Министерството за економија – Сектор за енергетика, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 20 февруари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ Скопје, поднесена против Министерството за економија – Сектор за енергетика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Дали е изготвена Студија за снабдување со јаглен на ТЕ Осломеј за периодот до 2030 година и Стратешка оценка на влијание врз животната средина за истата?“, СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија – Сектор за енергетика на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата изјавена од Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ Скопје, заведена во Комисијата под бр.08-37 од 06.02.2017 година, поднесена против Министерството за економија – Сектор за енергетика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И ГО ЗАДОЛЖИ Министерството за економија – Сектор за енергетика на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ Скопје на 21.12.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија – Сектор за енергетика, со кое побарало по пошта или е-маил да му се достави фотокопија од следната информација:
„Дали е изготвена Студија за снабдување со јаглен на ТЕ Осломеј за периодот до 2030 година и Стратешка оценка на влијание врз животната средина за истата?“.
Министерството за економија – Сектор за енергетика, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-37 од 07.02.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија – Сектор за енергетика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за економија – Сектор за енергетика не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за економија – Сектор за енергетика не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Министерство за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 20 февруари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Министерство за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку средства Министерството за внатрешни работи исплатило кон поранешни и сегашни вработени на МВР, кои во периодот од 2006 година заклучно со 2015 година биле отпуштени од работа или прераспределени на пониски позиции, по што судот оценил дека тоа било спротивно на Законот за работни односи, Законот за внатрешни работи, како и правилниците што го регулираат работењето и прераспределувањето во рамки на овој ресор, па врз основа на тоа одредил и парично обештетување?“, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-34 на 03.02.2017 година, изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Министерство за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
В.С. од Скопје, на 14.11.2016 година до Министерството за внатрешни работи по е-маил поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое побарал по пошта или е-маил да му се достават следните информации:
„Колку средства Министерството за внатрешни работи исплатило кон поранешни и сегашни вработени на МВР, кои во периодот од 2006 година заклучно со 2015 година биле отпуштени од работа или прераспределени на пониски позиции, по што судот оценил дека тоа било спротивно на Законот за работни односи, Законот за внатрешни работи, како и правилниците што го регулираат работењето и прераспределувањето во рамки на овој ресор, па врз основа на тоа одредил и парично обештетување?“.
Министерството за внатрешни работи, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-34 од 06.02.2017 година ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за внатрешни работи на 15.02.2017 година до Комисијата достави Допис бр.16.1.2-249/1 од 13.02.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-34, во кој наведува: „…од страна на Секторот за односи со јавност барањето беше доставено до Одделот за правни работи, судски постапки и управување со човечки ресурси за достава на бараните податоци, од каде добивме одговор дека Одделот не располага со податокот за вкупната штета која Министерството ја исплатило по однос на прашањето наведено во барањето…барањето од страна на Секторот беше доставено до Одделот за финансиски прашања со цел да се произнесат по однос на истата…повратно добивме одговор од Одделот за финансиски прашања во кое меѓу другото се вели: “Ве известуваме дека не располагаме со основите за поведување на судски постапки (пресуди, спогодби и сл.) за кои се врши присилна наплата на средства од сметките на МВР и за истото треба да се признесе Одделот за правни работи, судски постапки и управување со човечки ресурси”. До овој момент сеуште немаме добиено одговор по однос на барањето…“. Во прилог ги достави сите списи од предметот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Министерството за внатрешни работи не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Доколку Министерството за внатрешни работи, согласно своите законски надлежности, не ја создало, или не располага со бараната информација, а не знае кој друг имател на информации располага со истата, било должно да постапи согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој „ако Барањето се однесува на информација со која не располага имателот, или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката“.
При повторното постапување по предметот, Министерството за внатрешни работи е должно да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од Н.С. од Скопје, поднесени против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 20 февруари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбите изјавени од Н.С. од Скопје, заведени во Комисијата под бр.08-2 на 03.01.2017 година и број 08-2 на 01.02.2017 година, поднесени против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Фискални сметки, фактури, сметкопотврди и копмплетен преглед на картичка на Министерството за труд и социјална политика за сите трошоци направени од јануари 2015 до септември 2016 година, на трошоци на угостителски услуги во земјава и странство, трошоци за пат, хотели, ресторани и дневници, точење бензин за службени возила за сите вработени“, СЕ УВАЖУВААТ И СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за труд и социјална политика на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ги разгледа Жалбите заведени во Комисијата под бр.08-2 на 03.01.2017 година и бр.08-2 на 01.02.2017 година, изјавени од Н.С. од Скопје, поднесени против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ги УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за труд и социјална политика на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-2 на 03.01.2017 година, Н.С. од Скопје на 01.11.2016 година по електронски пат поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за труд и социјална политика, со кое побарала по е-маил да и се достави електронски запис од следната информација:
„Фискални сметки, фактури, сметкопотврди и копмплетен преглед на картичка на Министерството за труд и социјална политика за сите трошоци направени од јануари 2015 до септември 2016 година, на трошоци на угостителски услуги во земјава и странство, трошоци за пат, хотели, ресторани и дневници, точење бензин за службени возила за сите вработени “.
Министерството за труд и социјална политика, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што Н.С. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-2 од 09.01.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 23.01.2017 година, Министерството за труд и социјална политика до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Допис-Одговор на барање, доставување списи, заведен во Министерството под број 14-161/3 на 17.01.2017 година, а во Комисијата заведено под бр. 08-2. Во прилог на Дописот ги достави списите во врска со предметот и Одговорот до Н.С. бр.14-7932/5 од 29.12.2016 година.
Незадоволна од Одговорот, Н.С. од Скопје на 01.02.2017 година поднесе Жалба до Комисијата, во која наведува: “Со добиените податоци од имателот на информацијата, подигнати од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, сметаме дека во целост не е испочитувано Барањето за пристап до информации од јавен карактер. Имено, доставени се само податоци за трошоци за вработените, но нема фискални сметки, фактури и сметкопотврди, како што беше наведено во барањето. Не е доставен ниту комплетен преглед на картичката на Министерството за труд и социјална политика, од која може да се направи споредба за вистинитоста на добиените податоци. Од доставените податоци произлегува дека трошоци имале само вработените, а никакви трошоци не направиле министрите и замениците министри, кои во наведениот период раководеле со посоченото министерство.“.
Комисијата, со допис бр.08-2 од 03.02.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за труд и социјална политика не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставила во целост бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, односно не доставило “Фискални сметки, фактури, сметкопотврди и копмплетен преглед на картичка на Министерството за труд и социјална политика за сите трошоци направени од јануари 2015 до септември 2016 година, на трошоци на угостителски услуги во земјава и странство, трошоци за пат, хотели, ресторани и дневници, точење бензин за службени возила за сите вработени“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 20 февруари 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Во врска со финансиските средства доделени на невладините организации за 2016 година (трансфери до невладини организации од буџетска линија 463) ве молиме да ни ги доставите следните информации:
1. Список на невладини организации добитници на финансиска поддршка, со имињата на проектите за кои е доделена финансиската поддршка, како и поединечниот износ кој им е доделен;
2. Објавениот повик за доставување на апликации;
3. Документ во кој се објаснува процедурата, критериумите и начинот на избор на грантистите;
4. Одлуката за распределба на финансиските средства;
5. Правилата за реализација на грантовите – обврската за доставување на извештаи за реализацијата (наративни и финансиски);
6. Документи или електронски линкови каде што се објавуваат имињата на невладините организации и паричниот износ што им е доделен за проектот;
7. Документи или електронски линк каде што се дава отчет за реализираните проекти од страна на невладините организации со пари од општината“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-35 на 03.02.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 28.11.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-2393/1 до Општина Куманово, со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следните информации:
„Во врска со финансиските средства доделени на невладините организации за 2016 година (трансфери до невладини организации од буџетска линија 463) ве молиме да ни ги доставите следните информации:
– Список на невладини организации добитници на финансиска поддршка, со имињата на проектите за кои е доделена финансиската поддршка, како и поединечниот износ кој им е доделен;
– Објавениот повик за доставување на апликации;
– Документ во кој се објаснува процедурата, критериумите и начинот на избор на грантистите;
– Одлуката за распределба на финансиските средства;
– Правилата за реализација на грантовите – обврската за доставување на извештаи за реализацијата (наративни и финансиски);
– Документи или електронски линкови каде што се објавуваат имињата на невладините организации и паричниот износ што им е доделен за проектот;
– Документи или електронски линк каде што се дава отчет за реализираните проекти од страна на невладините организации со пари од општината“.
Постапувајќи по Барањето, Општина Куманово доставила Одговор на барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.30-34/1 од 04.01.2017 година, а во Здружението заведено под бр.0302-2393/2 на 16.01.2017 година.
Незадоволен од добиниот Одговор, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-35 од 06.02.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Куманово и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 14.02.2017 година Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека добиле дополнување на одговорот од Општина Куманово и поради тоа ја повлекуваат Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Куманово не постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Дебрца, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 20 февруари 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Дебрца, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Во врска со финансиските средства доделени на невладините организации за 2016 година (трансфери до невладини организации од буџетска линија 463) ве молиме да ни ги доставите следните информации:
8. Список на невладини организации добитници на финансиска поддршка, со имињата на проектите за кои е доделена финансиската поддршка, како и поединечниот износ кој им е доделен;
9. Објавениот повик за доставување на апликации;
10. Документ во кој се објаснува процедурата, критериумите и начинот на избор на грантистите;
11. Одлуката за распределба на финансиските средства;
12. Правилата за реализација на грантовите – обврската за доставување на извештаи за реализацијата (наративни и финансиски);
13. Документи или електронски линкови каде што се објавуваат имињата на невладините организации и паричниот износ што им е доделен за проектот;
14. Документи или електронски линк каде што се дава отчет за реализираните проекти од страна на невладините организации со пари од општината“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-13 на 18.01.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Дебрца, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 28.11.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-2370/1 до Општина Дебрца, со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следните информации:
„Во врска со финансиските средства доделени на невладините организации за 2016 година (трансфери до невладини организации од буџетска линија 463) ве молиме да ни ги доставите следните информации:
– Список на невладини организации добитници на финансиска поддршка, со имињата на проектите за кои е доделена финансиската поддршка, како и поединечниот износ кој им е доделен;
– Објавениот повик за доставување на апликации;
– Документ во кој се објаснува процедурата, критериумите и начинот на избор на грантистите;
– Одлуката за распределба на финансиските средства;
– Правилата за реализација на грантовите – обврската за доставување на извештаи за реализацијата (наративни и финансиски);
– Документи или електронски линкови каде што се објавуваат имињата на невладините организации и паричниот износ што им е доделен за проектот;
– Документи или електронски линк каде што се дава отчет за реализираните проекти од страна на невладините организации со пари од општината“.
Општина Дебрца, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-13 од 24.01.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Дебрца и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 13.02.2017 година Општина Дебрца до Комисијата достави допис Доставување на одговор по доставена жалба бр.03-219/2 од 09.02.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-13.
На 17.02.2017 година Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека Општина Дебрца ги доставила бараните информации и поради тоа ја повлекува Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Дебрца постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Дополнувањето на жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесено против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 20 февруари 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Дополнување на жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесено против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молам да ми доставите фото-копија од следниве 3 документи:
– актот за основање на Националниот совет за заштита на природата;
– актот со кој се одредува актуелниот состав на членовите на Националниот совет за заштита на природата и
– записникот од последната седница на Националниот совет за заштита на природата“., поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ го разгледа Дополнувањето на жалбата заведено во Комисијата под број 08-314 на 31.01.2017 година, изјавено од П.Б. од Скопје, поднесено против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Дополнувањето на жалбата, П.Б. од Скопје, на 31.01.2017 година, истото го поднесува поради непостапување на Министерството за животна средина и просторно планирање по Решение бр.08-314 од 18.10.2016 година на Комисијата. Во Дополнувањето на жалбата е наведено: „…Јас го барам актот со кој се одредува актуелниот состав на членовите на Националниот совет за заштита на природата, а не актот со кој се одредува составот на НСЗП кој не е веќе актуелен… Исто така не ми е доставен…записникот од последната седница на НСЗП“.
Комисијата со допис бр.08-314 од 03.02.2017 година, го препрати Дополнувањето на жалбата до Министерството за животна средина и просторно планирање и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за животна средина и просторно планирање на 13.02.2017 година до Комисијата достави Допис бр.18-698/4, заведен во Комисијата под бр.08-314, во кој наведува дека му е одговорено на барателот.
На 15.02.2017 година, П.Б. од Скопје достави е-маил до Комисијата, заведен под бр. 08-314, во кој наведува дека Министерството за животна средина и просторно планирање ги доставило бараните информации и поради тоа ја повлекува Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за животна средина и просторно планирање постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето но со посредство на Комисијата.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.