ДОНЕСЕНИ 5 РЕШЕНИЈА И 6 ЗАКЛУЧОКА

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 160-та седница одржана на 08 февруари 2017 година донесе 5 решенија и 6 заклучока.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Сарај, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 08 февруари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Сарај, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Во врска со финансиските средства доделени на невладините организации за 2016 година (трансфери до невладини организации од буџетска линија 463) ве молиме да ни ги доставите следните информации:
– Список на невладини организации добитници на финансиска поддршка, со имињата на проектите за кои е доделена финансиската поддршка, како и поединечниот износ кој им е доделен;
– Објавениот повик за доставување на апликации;
– Документ во кој се објаснува процедурата, критериумите и начинот на избор на грантистите;
– Одлуката за распределба на финансиските средства;
– Правилата за реализација на грантовите – обврската за доставување на извештаи за реализацијата (наративни и финансиски);
– Документи или електронски линкови каде што се објавуваат имињата на невладините организации и паричниот износ што им е доделен за проектот;
– Документи или електронски линк каде што се дава отчет за реализираните проекти од страна на невладините организации со пари од општината“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Сарај на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-19 на 18.01.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Сарај, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Сарај на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, на 28.11.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-2413/1 до Општина Сарај, со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следните информации:
„Во врска со финансиските средства доделени на невладините организации за 2016 година (трансфери до невладини организации од буџетска линија 463) ве молиме да ни ги доставите следните информации:
– Список на невладини организации добитници на финансиска поддршка, со имињата на проектите за кои е доделена финансиската поддршка, како и поединечниот износ кој им е доделен;
– Објавениот повик за доставување на апликации;
– Документ во кој се објаснува процедурата, критериумите и начинот на избор на грантистите;
– Одлуката за распределба на финансиските средства;
– Правилата за реализација на грантовите – обврската за доставување на извештаи за реализацијата (наративни и финансиски);
– Документи или електронски линкови каде што се објавуваат имињата на невладините организации и паричниот износ што им е доделен за проектот;
– Документи или електронски линк каде што се дава отчет за реализираните проекти од страна на невладините организации со пари од општината“.
Општина Сарај, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-19 од 24.01.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Сарај и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 07.02.2017 година Општина Сарај до Комисијата достави допис бр.0306-29/2 од 03.02.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-19. Наведениот допис претставува Одговор на Барањето за пристап до информации од јавен карактер од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Сарај не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и наместо бараната информација да ја достави до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, Одговорот го достави до Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.Т. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 08 февруари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од А.Т. од Скопје, поднесена против Заклучокот за прекинивање на постапката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство бр. 02-10553/4 од 25.11.2014 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
Заклучокот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство бр. 02-10196/3 од 05.12.2016 година СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата бр.07-37 од 29.12.2016 година, изјавена од А.Т. од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поднесена против Заклучокот за прекинивање на постапката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство бр. 02-10196/3 од 05.12.2016 година година ЈА ОДБИ како неоснована.
Заклучокот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство бр. 02-10196/3 од 05.12.2016 година ГО ПОТВРДИ.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, А.Т. на 28.02.2013 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, од кое побарала по пошта да и биде доставена следната информација:
„Дали во Катастарот на шуми што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го водело согласно чл. 90 од Законот за шумите (Сл. Весник на СРМ 20/74, 15/86, 51/80, 20/90) и (Сл. Весник на РМ 37/91, 44/91, 83/92) е евидентирана шума на КП 554 пл. 4 ск. 3 КО Морани – Скопје, место викано Трница во периодот од 1991 год. до 1997 год. Кој вид на шума била запишана во Катастарот на шумите за КП 554 пл. 4 ск. 3 КО Морани – Скопје, место викано Трница во периодот од 1991 до 1997 год. и кој стопанисувал со неа?“.
По ова Барање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до А.Т. доставило Одговор на барање бр. 02-6751/4 од 07.03.2013 година.
Незадоволна од добиениот одговор, на 21.03.2013 година А.Т. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр. 07-37.
Комисијата, со допис бр.07-37 од 26.03.2013 година, ја препрати Жалбата до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер до Комисијата достави два дописа со бр.02-12277/4 од 12.04.2013 година, заведени во Комисијата првиот на 23.04.2013 година, а вториот на 30.04.2013 година, во прилог на кои покрај одговорот на Жалба се содржани и фотокопии од одговори кои се доставени до барателот на информации, во кои детално е образложена постапката по предметното Барање.
Службеното лице за посредување со информациите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја извести Комисијата дека одговорно лице од Министерството телефонски ја контактирало А.Т. и ја повикало да изврши увид во сите документи кои се однесуваат на нејзиното Барање. Истата не се јавила да изврши увид во закажаниот термин.
Службеното лице во Комисијата, кое постапува по предметот, исто така, телефонски ја контактираше А.Т., на која и беа понудени фотокопии од добиените дописи и одговори од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. А.Т. не дојде во просториите на Комисијата. Понудените и подготвени дописи на 11.06.2013 година ги подигна од Комисијата нејзиниот застапник Ф.Ѓ..
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер донесе Заклучок со кој ја прекина постапката по Жалбата изјавена од А.Т..
Против наведениот Заклучок на Комисијата, А.Т. од с.Драчево-Скопје поднела Тужба до Управниот суд У-5 бр. 688/2013 на 18.06.2013 година.
Управниот суд, со Пресуда У-5 бр.688/2013 од 11.09.2014 година ја уважи Тужбата, оспорениот Заклучок го поништи и на тужениот орган му укажа „…да оцени дали имателот на информацијата согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ја има бараната информација во целост и во бараната форма и доколку истата ја нема да го задолжи да постапи согласно член 18 од законот…„“.
Комисијата постапи согласно укажувањата на Управниот суд наведени во Пресудата У-5 бр.688/2013 од 11.09.2014 година и на 27.10.2014 година донесе Решение со кое Жалбата на А.Т. од Скопје ја уважи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Постапувајќи по наведеното Решение на Комисијата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 25.11.2014 година донело Заклучок бр.02-10553/4, со кој ја прекинува постапката по Барањето на А.Т. од Скопје поради, како што се наведува во Образложението на истиот “Согласно чл.90 став 1 од Законот за шумите…беше предвидено Министерството…да установи и да води катастар на шуми. Меѓутоа во Министерството не е установен и не се води катастар на шуми, заради што ова Министерство не располага со бараната информација“.
Незадоволна од добиениот Заклучок, А.Т. од Скопје на 10.12.2014 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр. 07-37.
Комисијата, со допис бр.07-37 од 15.12.2014 година, ја препрати Жалбата до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 26.12.2014 година до Комисијата достави Произнесување по жалба бр. 02-10553/8 од 23.12.2014 година, заведено во Комисијата под бр. 07-37. Во Произнесувањето по жалба, меѓу другото, е наведено дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство останува на наводите во оспорениот Заклучок, односно „…не располага со бараната информација. Доколку Комисијата…смета дека треба да ги потврди наводите изнесени во Заклучокот, Министерството е подготвено да ја стави на увид документацијата со која располага“.
По разгледувањето на Жалбата, Заклучокот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство бр.02-10553/4 од 25.11.2014 година за прекинување на постапката и другите списи во врска со предметот и по извршениот увид во архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Комисијата донесе Решение бр.07-37 од 30.12.2014 година, со кое Жалбата ја одби како неоснована и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован. Пред да го донесе наведеното Решение, Комисијата утврди дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со оглед на тоа што се работело за информација која не ја создало, ниту пак располагало со истата, постапило согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и ја прекинало постапката по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер.
На 08.07.2016 година, против наведеното Решение на Комисијата, А.Т. од с.Драчево-Скопје поднела проширување на тужбеното барање.
Управниот суд, со Пресуда У-5 бр.264/2015 од 24.08.2016 година ја уважил Тужбата, оспореното Решение на Комисијата бр.07-37 од 30.12.2014 година го поништил и одлучил дека Жалбата на А.Т. од Скопје се уважува, Заклучокот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство бр. 02-10553/4 од 25.11.2014 година се поништува и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
Во наведената Пресуда, Управниот суд на тужениот орган му укажа „…да оцени дали имателот на информацијата согласно одредбите од законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ја има бараната информација во целост и во бараната форма и доколку истата ја нема да го задолжи да постапи согласно член 18 од законот…„“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, како и согласно укажувањата во наведената пресуда на Управниот суд, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер повторно ја разгледа Жалбата и другите списи во врска со предметот и донесе Решение бр.07-37 од 14.11.2016 година, со кое Жалбата ја уважи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган, а Заклучокот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство бр.02-10553/4 од 25.11.2014 година го поништи. Притоа, Комисијата на првостепениот орган му укажа да провери дали располага со бараната информација согласно неговите надлежности предвидени во закон и, доколку располага со истата веднаш да постапи согласно член 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во спротивно, првостепениот орган е должен да утврди кој друг имател на информации, согласно содржината на поднесеното Барање, е имател на бараната информација и согласно член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Барањето да го препрати до институцијата која располага со бараната информација и за тоа да го извести барателот на информација. Доколку првостепениот орган повторно провери и дополнително докаже дека не ја создал, ниту пак располага со бараната информација, а во исто време не знае кој друг имател на информации располага со истата, должен е да постапи согласно член 26 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој „Ако Барањето се однесува на информација со која не располага имателот, или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката“. Комисијата укажа дека при повторното постапување по предметот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Постапувајќи по Решението на Комисијата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донело Заклучок бр. 02-10196/3 од 05.12.2016 година, со кој ја прекинува постапката по Барањето од А.Т. од Скопје. Во Образложението на Заклучокот, меѓу другото, е наведено дека „…Секторот за шумарство и ловство во состав на ова Министерство…повторно се произнесе дека не располага со бараната информација…наведениот сектор повторно наведува дека согласно член 90 став 1 од Законот за шумите…кој не е во важност, било предвидено да се воспостави и води катастар на шумите, меѓутоа во Министерството не е востановен и не се води катастар на шуми, заради што ова Министерство не располага со бараната информација. Исто така…Секторот за шумарство и ловство повторно наведува дека поседува плански документи кој претставува посебен план за стопанисување со шумите за шумскостопанската единица „Китка“ со важност од 1986-1995, 1996-2005 и 2006-2015 година, што значи плански документи за три стопански периоди, и каде има список на сопственици на приватни површини (ниви, ливади, градина, шума, пасиште, лозја) кој што се наоѓаат во границите на шумско стопанската заедница, додека за предметната КП.554 пл.4. ск.3 КО Морани место викано Трница во планскиот документ нема податок за истата и не е дел од списикот на приватни сопственици во состав на планскиот документ…Министерството не располага со бараната информација…беше констатирано и од страна на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер по извршен увид во документацијата во ова Министерство…“.
Незадоволна од добиениот Заклучок од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, А.Т. на 29.12.2016 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.07-37.
Комисијата, со допис бр.07-37 од 03.01.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Постапувајќи по наведеното барање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 26.01.2017 година до Комисијата достави допис бр.02-264/4 од 23.01.2017 година, заведен во Комисијата под бр.07-37. Во наведениот допис е наведено дека „Министерството…останува на наводите во обжалениот Заклучок…“. Во прилог на дописот до Комисијата е доставена фотокопија од Записник бр.02-10553/9 од 30.12.2014 година, за извршениот увид во документацијата на Министерството извршен од страна на член на Комисијата, кој поседува безбедносен сертификат и кој констатирал дека „…Министерството не располага со бараната информација“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство постапило согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донело правилен и врз закон заснован Заклучок за прекинување на постапката по Барањето за пристап до информации од јавен карактер од А.Т. од Скопје, од причина што во конкретниот случај не ја создало, ниту пак располага со бараната информација.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за заштита на човековите права „Здравје со игла не влегува“ од Битола, поднесена против Агенцијата за лекови и медицински средства „МАЛМЕД“ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 08 февруари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за заштита на човековите права „Здравје со игла не влегува“ од Битола, поднесена против Агенцијата за лекови и медицински средства „МАЛМЕД“- Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1.Доставете ми копија од Решенијата со кое на „Македонија лек“ ДООЕЛ-Скопје му се дава одобрение да ја пушти во промет вакцината против туберкулоза BCG VACCINE, FREEZE-DRIED (Live) од производителот BB-NCIPD ltd. Од Република Бугарија, и тоа добиените Решенија од 2010 година, па се до моментот на добивање на ова Барање.
2. Доставете ми ги архивските броеви како и датумот кога се издадени Решенијата со кое на „Македонија лек“ ДООЕЛ – Скопје, Агенцијата за лекови и медицински средства, односно претходното Бирото за лекови, му дава одобрение да ја пушти во промет вакцината против туберкулоза BCG VACCINE, FREEZE-DRIED (Live) од производителот BB-NCIPD ltd. од Република Бугарија, и тоа на Решенијата од 2010 година, па се до моментот на добивање на ова Барање“, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-9 на 18.01.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани за заштита на човековите права „Здравје со игла не влегува“ од Битола, поднесена против Агенцијата за лекови и медицински средства „МАЛМЕД“- Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Здружението на граѓани за заштита на човековите права „Здравје со игла не влегува“ од Битола, на 10.11.2016 година до Агенцијата за лекови и медицински средства „МАЛМЕД“- Скопје поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.04-11424/1, со кое побарало да му се достават следните информации:
„1.Доставете ми копија од Решенијата со кое на „Македонија лек“ ДООЕЛ-Скопје му се дава одобрение да ја пушти во промет вакцината против туберкулоза BCG VACCINE, FREEZE-DRIED (Live) од производителот BB-NCIPD ltd. Од Република Бугарија, и тоа добиените Решенија од 2010 година, па се до моментот на добивање на ова Барање.
2. Доставете ми ги архивските броеви како и датумот кога се издадени Решенијата со кое на „Македонија лек“ ДООЕЛ – Скопје, Агенцијата за лекови и медицински средства, односно претходното Бирото за лекови, му дава одобрение да ја пушти во промет вакцината против туберкулоза BCG VACCINE, FREEZE-DRIED (Live) од производителот BB-NCIPD ltd. од Република Бугарија, и тоа на Решенијата од 2010 година, па се до моментот на добивање на ова Барање“.
Постапувајќи по наведеното Барање, Агенцијата за лекови и медицински средства „МАЛМЕД“ до барателот доставила допис насловен „Доставување на информација“ бр.04-11424/2 од 23.11.2016 година.
Незадоволно од добиениот допис, Здружението на граѓани за заштита на човековите права „Здравје со игла не влегува“ од Битола, преку имателот на информации, поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата е наведено дека „…од страна на Агенцијата на 09.12.2016 година добивме допис…во чиј прилог добивме информации кои ние не ги баравме“.
Агенцијата за лекови и медицински средства „МАЛМЕД“- Скопје ја достави Жалбата до Комисијата со допис бр.04-564/1 од 16.01.2017 година. Со истиот допис до Комисијата е доставен и Одговор на наведената жалба. Во Одговорот на жалба, меѓу другото, е наведено дека „Во конкретниот случај МАЛМЕД како имател на информацијата не го одби барањето, туку на барателот на информацијата му достави одговор со приложени стручни мислења со кои располага…укажуваме дека оваа вакцина нема одобрение за ставање во промет издадено од МАЛМЕД. Министерството за здравство, врз основа на спроведената постапка за јавна набавка, врши набавка на вакцини за континуирана имунизација на населението и вакцини по епидемиолошки индикации согласно Програмата за задолжителна имунизација на населението…на јавните набавки спроведувани од 2010 година, како најповолен понудувач за предметната вакцина е избрано правното лице Македонијалек ДООЕЛ од Скопје…Од овие причини МАЛМЕД не ги достави решенијата кои подносителот на Жалбата ги побарал…туку му достави стручна анализа и проценка на квалитетот на вакцината…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Агенцијата за лекови и медицински средства „МАЛМЕД“- Скопје не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Доколку Агенцијата за лекови и медицински средства „МАЛМЕД“- Скопје, согласно своите законски надлежности, нема обврска да располага со информациите наведени во Барањето од Здружението на граѓани за заштита на човековите права „Здравје со игла не влегува“ од Битола, односно не ја создала, или не располага со бараната информација, а не знае кој друг имател на информации располага со истата, била должна да постапи согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој „ако Барањето се однесува на информација со која не располага имателот, или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката“.
При повторното постапување по предметот, Агенцијата за лекови и медицински средства „МАЛМЕД“- Скопје е должна да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит Скопје, застапувана од Д.Т. од Скопје, поднесена против Секретаријатот за европски прашања, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 08 февруари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит Скопје, застапувана од Д.Т. од Скопје, поднесена против Секретаријатот за европски прашања, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Назив на работната група за програмирање во ИПА 2 секторот „Демократија и владеење“ (секторска работна група), оформена или во поцес на оформување од Владата на Република Македонија и список на членови во работната група со назив на институција или организација која ја претставуваат“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Секретаријатот за европски прашања на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-6 на 11.01.2017 година, изјавена од Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит Скопје, застапувана од Д.Т. од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Секретаријатот за европски прашања на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит Скопје, застапувана од Д.Т. од Скопје на 02.12.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии, заведено во Министерството под бр.19-6664/1,со кое ја побарал следната информација:
„Назив на работната група за програмирање во ИПА 2 секторот „Демократија и владеење“ (секторска работна група), оформена или во поцес на оформување од Владата на Република Македонија и список на членови во работната група со назив на институција или организација која ја претставуваат“.
Постапувајќи по Барањето, Министерството за финансии, истото го препратило во надлежност на Секретаријатот за европски прашања и за тоа барателот го известило со Известување бр.03-6664/5 од 13.12.2016 година.
Постапувајќи по препратеното Барање, Секретаријатот за европски прашања до барателот доставил Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер заведен под бр.17-1118/4 од 22.12.2016 година, со образложение дека „Податоците за називот на работната група, нејзиниот состав односно членовите можете да ги превземете на веб страната на Секретаријатот за европски прашања www.sep.gov.mk , во папката “Документи“ со назив „Sector policy Coordination framework“.
Незадоволна од добиениот Одговор, Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит Скопје, застапувана од Д.Т. од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата е наведено: “На 02. Декември 2016 година доставивме барање за информации од јавен карактер до Министерството за финансии, на доставеното барање за информации од јавен карактер, Минисерството за финансии одговори дека не е надлежно и дека предметите се препратени во Секретаријатот за европски прашања, како институција која ја наведуваат како надлежна за постапување по ова барање. Секретаријатот за европски прашања, како одговор на барањето за информации од јавен карактер кои беа проследени од Министерството за финансии, односно во однос на бараната информација за членовите на работните групи и институциите кои ги претставуваат, се изјасни дека истите се достапни на нивната веб страна во документот “Sector policy co-ordination framework“. Сепак наведениот документ не ја содржи бараната информација..“
Комисијата, со допис бр.08-6 од 17.01.2017 година, ја препрати Жалбата до Секретаријатот за европски прашања и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Секретаријатот за европски прашања не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Секретаријатот за европски прашања не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставил бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку д-р С.Т., претседател на Здружението, против Општина Кисела Вода, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016 година), а во врска со член 109 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на РМ“ бр.124/2015), на седницата одржана на 08 февруари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл- Македонија, поднесена преку д-р С.Т., претседател на Здружението, против Општина Кисела Вода, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016 година), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-1 на 03.01.2017 година, изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку д-р С.Т., претседател на Здружението, против Општина Кисела Вода, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер И ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
Комисијата, по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија на 13.09.2016 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Кисела Вода, заведено во Здружението под бр.0302-1013 од 13.09.2016 година, со кое побарало преку е-меил, да и се достави електронски запис од следната информација:
„Копија од правниот акт врз основа на кој трговското друштво Топ Метал ДОО Скопје ја користи КП бр.3399/1, КО Кисела Вода 1, ИЛ бр.33424, на адреса бул.Србија бр.8, која е сопственост на Република Македонија, а на која што ова трговско друштво има свое седиште и ја обавува својата дејност.“
Општина Кисела Вода, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-1 од 09.01.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Кисела Вода и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Кисела Вода на 18.01.2017 година до Комисијата достави Произнесување по доставена жалба бр.08-269/2 од 17.01.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-1. Во Одговорот е наведено дека: „…По проучувањето на наводите во жалбата од страна на Органот беше констатирано дека до службените лица за посредување со информации не е доставено по е маил наведеното Барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено во Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија под бр.0302-1013 од 13.09.2016 година, од што произлегува фактот дека по истото барање и не можело да се постапува односно да се одговори. По разгледувањето на примените службени меилови констатирано е дека од страна на службените лица наведени на веб-страната на Општина Кисела Вода и тоа: Н.К.М. и С.А. на ден 13.09.2016 година и во период на месец септември по е – маил не е примено предметното Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено во Здружението под бр.0302-1013 од 13.09,2016 година, исто така и од страна на архивата на Општина Кисела Вода каде што се примаат сите барања во хартиена форма до неведените службени лица не е доставено наведеното барање“. Во прилог ги достави службените меилови за месец септември.
Општина Кисела Вода на 31.01.2017 година до Комисијата достави Дополнување на Произнесување по доставената жалба бр.08-269/3 од 30.01.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-1. Во Дополнувањето на произнесување по доставената жалба е наведено: “…Воедно , Ве известуваме дека со Допис-Барање на писмено известување и копија од електронско примање на барања заведен под бр.08-269 сл. од 26.01.2017 година, се обративме до Одделението за архивско работење на Општина Кисела Вода и од страна на Секторот за локален економски развој доставен ни е Одговор на допис бр.08-269 од 26.01.2017 година заведен под бр.08-269сл. од 27.01.2017 година и истиот Ви го доставуваме на Ваше запознавање и понатамошно одлучување“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека не постои доказ дека Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија до Општина Кисела Вода поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер. Во конкретниот случај од фотокопијата на службените меилови и од проверките во електронскиот деловодник во Архивата на Општина Кисела Вода, доставени до Комисијата од страна на Општина Кисела Вода, може да се утврди дека во месец септември немаат примено Барање од Здружението Транспаренси Интернешнл –Македонија.
Согласно член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, право на правна заштита во согласност со овој закон има барателот кој поднел Барање за пристап до информација на начин утврден во членот 12 став 1 од овој закон.
Поради наведеното, а согласно член 109 од Законот за општа управна постапка, Комисијата го донесе ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Ново Село, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 08 февруари 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Ново Село, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Во врска со финансиските средства доделени на невладините организации за 2016 година (трансфери до невладини организации од буџетска линија 463) ве молиме да ни ги доставите следните информации:
– Список на невладини организации добитници на финансиска поддршка, со имињата на проектите за кои е доделена финансиската поддршка, како и поединечниот износ кој им е доделен;
– Објавениот повик за доставување на апликации;
– Документ во кој се објаснува процедурата, критериумите и начинот на избор на грантистите;
– Одлуката за распределба на финансиските средства;
– Правилата за реализација на грантовите – обврската за доставување на извештаи за реализацијата (наративни и финансиски);
– Документи или електронски линкови каде што се објавуваат имињата на невладините организации и паричниот износ што им е доделен за проектот;
– Документи или електронски линк каде што се дава отчет за реализираните проекти од страна на невладините организации со пари од општината“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-18 на 18.01.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Ново Село, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, на 28.11.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-2402/1 до Општина Ново Село, со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следните информации:
„Во врска со финансиските средства доделени на невладините организации за 2016 година (трансфери до невладини организации од буџетска линија 463) ве молиме да ни ги доставите следните информации:
– Список на невладини организации добитници на финансиска поддршка, со имињата на проектите за кои е доделена финансиската поддршка, како и поединечниот износ кој им е доделен;
– Објавениот повик за доставување на апликации;
– Документ во кој се објаснува процедурата, критериумите и начинот на избор на грантистите;
– Одлуката за распределба на финансиските средства;
– Правилата за реализација на грантовите – обврската за доставување на извештаи за реализацијата (наративни и финансиски);
– Документи или електронски линкови каде што се објавуваат имињата на невладините организации и паричниот износ што им е доделен за проектот;
– Документи или електронски линк каде што се дава отчет за реализираните проекти од страна на невладините организации со пари од општината“.
Општина Ново Село, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-18 од 24.01.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Ново Село и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Ново Село не одговори на дописот на Комисијата.
На 08.02.2017 година Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека Општина Ново Село ги доставила бараните информации и поради тоа ја повлекува Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Ново Село постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 08 февруари 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Во врска со финансиските средства доделени на невладините организации за 2016 година (трансфери до невладини организации од буџетска линија 463) ве молиме да ни ги доставите следните информации:
1. Список на невладини организации добитници на финансиска поддршка, со имињата на проектите за кои е доделена финансиската поддршка, како и поединечниот износ кој им е доделен;
2. Објавениот повик за доставување на апликации;
3. Документ во кој се објаснува процедурата, критериумите и начинот на избор на грантистите;
4. Одлуката за распределба на финансиските средства;
5. Правилата за реализација на грантовите – обврската за доставување на извештаи за реализацијата (наративни и финансиски);
6. Документи или електронски линкови каде што се објавуваат имињата на невладините организации и паричниот износ што им е доделен за проектот;
7. Документи или електронски линк каде што се дава отчет за реализираните проекти од страна на невладините организации со пари од општината“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-20 на 18.01.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-20 на 18.01.2017 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 28.11.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-2418/1 до Општина Струмица, со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следните информации:
„Во врска со финансиските средства доделени на невладините организации за 2016 година (трансфери до невладини организации од буџетска линија 463) ве молиме да ни ги доставите следните информации:
– Список на невладини организации добитници на финансиска поддршка, со имињата на проектите за кои е доделена финансиската поддршка, како и поединечниот износ кој им е доделен;
– Објавениот повик за доставување на апликации;
– Документ во кој се објаснува процедурата, критериумите и начинот на избор на грантистите;
– Одлуката за распределба на финансиските средства;
– Правилата за реализација на грантовите – обврската за доставување на извештаи за реализацијата (наративни и финансиски);
– Документи или електронски линкови каде што се објавуваат имињата на невладините организации и паричниот износ што им е доделен за проектот;
– Документи или електронски линк каде што се дава отчет за реализираните проекти од страна на невладините организации со пари од општината“.
Општина Струмица, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-20 од 24.01.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Струмица и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Струмица не одговори на барањето од Комисијата.
На 02.02.2017 година Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека го добиле одговорот од Општина Струмица и поради тоа ја повлекува Жалбата.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од С.Ј., поднесена против Државната изборна комисија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 08 февруари 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од С.Ј., поднесена против Државната изборна комисија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колкави патни трошоци за секој член на ДИК (поединечно) по сите основи му се признаени и исплатени од јануари 2016 до крајот на октомври 2016 година?“, поради тоа што барателот добил одговор по Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-609 на 23.12.2016 година, изјавена од С.Ј., поднесена против Државната изборна комисија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, С.Ј. на 04.11.2016 година, по електронски пат, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државната изборна комисија, со кое побарала да и се достави следната информација:
„Колкави патни трошоци за секој член на ДИК (поединечно) по сите основи му се признаени и исплатени од јануари 2016 до крајот на октомври 2016 година?“.
Државната изборна комисија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-609 од 27.12.2016 година, ја препрати Жалбата до Државната изборна комисија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државната изборна комисија на 26.01.2017 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-162/4 од 26.01.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-609. Во Одговор на жалба се наведува дека: „Ве известуваме дека одговорот на барањето за пристап до информации од јавен карактер од С.Ј. е доставен до барателот во форма и начин на кое е побарано…“.
Во прилог на Одговорот на жалба, Државната изборна комисија до Комисијата ги достави сите списи во врска со предметот.
На 02.02.2017 година, С.Ј. достави е-маил до Комисијата, заведен под бр. 08-609, во кој наведува дека од Државната изборна комисија добила одговор на Барањето за пристап до информации од јавен карактер и дека е задоволна од истиот.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Државната изборна комисија постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето но со посредство на Комисијата.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Долнени, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 08 февруари 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Долнени, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Во врска со финансиските средства доделени на невладините организации за 2016 година (трансфери до невладини организации од буџетска линија 463) ве молиме да ни ги доставите следните информации:
8. Список на невладини организации добитници на финансиска поддршка, со имињата на проектите за кои е доделена финансиската поддршка, како и поединечниот износ кој им е доделен;
9. Објавениот повик за доставување на апликации;
10. Документ во кој се објаснува процедурата, критериумите и начинот на избор на грантистите;
11. Одлуката за распределба на финансиските средства;
12. Правилата за реализација на грантовите – обврската за доставување на извештаи за реализацијата (наративни и финансиски);
13. Документи или електронски линкови каде што се објавуваат имињата на невладините организации и паричниот износ што им е доделен за проектот;
14. Документи или електронски линк каде што се дава отчет за реализираните проекти од страна на невладините организации со пари од општината“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-15 на 18.01.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Долнени, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 28.11.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-2375/1 до Општина Долнени, со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следните информации:
„Во врска со финансиските средства доделени на невладините организации за 2016 година (трансфери до невладини организации од буџетска линија 463) ве молиме да ни ги доставите следните информации:
– Список на невладини организации добитници на финансиска поддршка, со имињата на проектите за кои е доделена финансиската поддршка, како и поединечниот износ кој им е доделен;
– Објавениот повик за доставување на апликации;
– Документ во кој се објаснува процедурата, критериумите и начинот на избор на грантистите;
– Одлуката за распределба на финансиските средства;
– Правилата за реализација на грантовите – обврската за доставување на извештаи за реализацијата (наративни и финансиски);
– Документи или електронски линкови каде што се објавуваат имињата на невладините организации и паричниот износ што им е доделен за проектот;
– Документи или електронски линк каде што се дава отчет за реализираните проекти од страна на невладините организации со пари од општината“.
Општина Долнени, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-15 од 24.01.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Долнени и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 06.02.2017 година Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека Општина Долнени ги доставила бараните информации и поради тоа ја повлекува Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Долнени постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Зрновци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 08 февруари 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Зрновци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Во врска со финансиските средства доделени на невладините организации за 2016 година (трансфери до невладини организации од буџетска линија 463) ве молиме да ни ги доставите следните информации:
15. Список на невладини организации добитници на финансиска поддршка, со имињата на проектите за кои е доделена финансиската поддршка, како и поединечниот износ кој им е доделен;
16. Објавениот повик за доставување на апликации;
17. Документ во кој се објаснува процедурата, критериумите и начинот на избор на грантистите;
18. Одлуката за распределба на финансиските средства;
19. Правилата за реализација на грантовите – обврската за доставување на извештаи за реализацијата (наративни и финансиски);
20. Документи или електронски линкови каде што се објавуваат имињата на невладините организации и паричниот износ што им е доделен за проектот;
21. Документи или електронски линк каде што се дава отчет за реализираните проекти од страна на невладините организации со пари од општината“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-10 на 18.01.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Зрновци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 28.11.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-2379/1 до Општина Зрновци, со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следните информации:
„Во врска со финансиските средства доделени на невладините организации за 2016 година (трансфери до невладини организации од буџетска линија 463) ве молиме да ни ги доставите следните информации:
– Список на невладини организации добитници на финансиска поддршка, со имињата на проектите за кои е доделена финансиската поддршка, како и поединечниот износ кој им е доделен;
– Објавениот повик за доставување на апликации;
– Документ во кој се објаснува процедурата, критериумите и начинот на избор на грантистите;
– Одлуката за распределба на финансиските средства;
– Правилата за реализација на грантовите – обврската за доставување на извештаи за реализацијата (наративни и финансиски);
– Документи или електронски линкови каде што се објавуваат имињата на невладините организации и паричниот износ што им е доделен за проектот;
– Документи или електронски линк каде што се дава отчет за реализираните проекти од страна на невладините организации со пари од општината“.
Општина Зрновци, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-10 од 24.01.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Зрновци и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Зрновци на 03.02.2017 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.09-45/2 од 30.01.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-10.
На 06.02.2017 година Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека Општина Зрновци ги доставила бараните информации и поради тоа ја повлекува Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Зрновци постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Кратово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 08 февруари 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Кратово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Во врска со финансиските средства доделени на невладините организации за 2016 година (трансфери до невладини организации од буџетска линија 463) ве молиме да ни ги доставите следните информации:
22. Список на невладини организации добитници на финансиска поддршка, со имињата на проектите за кои е доделена финансиската поддршка, како и поединечниот износ кој им е доделен;
23. Објавениот повик за доставување на апликации;
24. Документ во кој се објаснува процедурата, критериумите и начинот на избор на грантистите;
25. Одлуката за распределба на финансиските средства;
26. Правилата за реализација на грантовите – обврската за доставување на извештаи за реализацијата (наративни и финансиски);
27. Документи или електронски линкови каде што се објавуваат имињата на невладините организации и паричниот износ што им е доделен за проектот;
28. Документи или електронски линк каде што се дава отчет за реализираните проекти од страна на невладините организации со пари од општината“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-11 на 18.01.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Кратово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 28.11.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-2389/1 до Општина Кратово, со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следните информации:
„Во врска со финансиските средства доделени на невладините организации за 2016 година (трансфери до невладини организации од буџетска линија 463) ве молиме да ни ги доставите следните информации:
– Список на невладини организации добитници на финансиска поддршка, со имињата на проектите за кои е доделена финансиската поддршка, како и поединечниот износ кој им е доделен;
– Објавениот повик за доставување на апликации;
– Документ во кој се објаснува процедурата, критериумите и начинот на избор на грантистите;
– Одлуката за распределба на финансиските средства;
– Правилата за реализација на грантовите – обврската за доставување на извештаи за реализацијата (наративни и финансиски);
– Документи или електронски линкови каде што се објавуваат имињата на невладините организации и паричниот износ што им е доделен за проектот;
– Документи или електронски линк каде што се дава отчет за реализираните проекти од страна на невладините организации со пари од општината“.
Општина Кратово, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-11 од 24.01.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Кратово и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Кратово на 06.02.2017 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.15-167/3 од 30.01.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-11.
На 06.02.2017 година Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека Општина Кратово ги доставила бараните информации и поради тоа ја повлекува Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Кратово постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.