ДОНЕСЕНИ 11 РЕШЕНИЈА И 5 ЗАКЛУЧОКА

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 159-та седница одржана на 31 јануари 2017 година донесе 11 решенија и 5 заклучока.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.С., новинар во ТВ Алсат – М, поднесена против Државната изборна комисија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 31 јануари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата бр. 08-594 на 28.11.2016 година, изјавена од Н.С., новинар во ТВ Алсат – М, поднесени против Државната изборна комисија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Податоци за С.Б., А.У. и Б.И. – кои како членови на ДИК, користат сопствени возила и согласно тоа им се признаваат патни трошоци. Бараме детална листа за деновите во кои дошле во Скопје, која треба да биде дополнета со часот во кој дошле и заминале, согласно податоците од патарините врз основа на кои им се признаени патните трошоци“,СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 08-594 на 28.11.2016 година, изјавена од Н.С., новинар во ТВ Алсат – М, поднесена против Државната изборна комисија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата бр. 08-594 од 28.11.2016 година, Н.С., новинар во ТВ Алсат – М, на 03.10.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државната изборна комисија, со кое побарала преку е-маил, да и се достави електронски запис од следната информација:
„Податоци за С.Б., А.У. и Б.И. – кои како членови на ДИК, користат сопствени возила и согласно тоа им се признаваат патни трошоци. Бараме детална листа за деновите во кои дошле во Скопје, која треба да биде дополнета со часот во кој дошле и заминале, согласно податоците од патарините врз основа на кои им се признаени патните трошоци“.
Државната изборна комисија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-594 од 28.11.2016 година, ја препрати Жалбата до Државната изборна комисија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 21.12.2016 година Државната изборна комисија до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-3550/2 од 20.12.2016 година, заведен во Комисијата под бр. 08-594. Во Одговорот на жалба е наведено дека „…одговорот на Барањето…е доставено до барателот во форма и начин на кое е побарано…Податоците од патарините за часовите во кои дошле и заминале се во надлежност на Јавно претпријатие за државни патишта“. Во прилог на Одговорот на жалба, до Комисијата е доставен Одговорот бр.03-2589/2 од 20.12.2016 година, насловен до „ТВ Алсат – М“.
Незадоволна од добиениот Одговор, Н.С., новинар во ТВ Алсат – М, на 21.12.2016 година, поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.08-594. Во Жалбата е наведено дека „Одговорот на ДИК е нецелосен. Доставен е само датумот на приложените патарини…не е доставен часот наведен на приложените патарини…“.
Комисијата, со допис бр.08-594 од 22.12.2016 година, ја препрати Жалбата до Државната изборна комисија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државната изборна комисија не одговори на наведеното барање од Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државната изборна комисија не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот во целост, на начин и во форма наведени во Барањето.
Доколку Државната изборна комисија, согласно законските надлежности, нема обврска да располага со дел од информациите наведени во Барањето од Н.С., новинар во ТВ Алсат – М, а знаела кој друг имател на информации ги има создадено, или располага со истите информации, била должна да постапи согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и најдоцна во рок од три дена од приемот на Барањето, да го препрати истото „…до имателот на информации, кој според содржината на Барањето е имател на информацијата и за тоа да го извести барателот“.
Доколку, пак, Државната изборна комисија не ја создала, или не располага со бараната информација, а не знае кој друг имател на информации располага со истата, била должна да постапи согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој „ако Барањето се однесува на информација со која не располага имателот, или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката“.
При повторното постапување по предметот, Државната изборна комисија е должна да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 31.јануари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„ Фотокопија од решение со кое МЖСПП дава согласност за изградба на населбата Сончев Град“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за животна средина и просторно планирање на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-617 на 29.12.2016 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за животна средина и просторно планирање на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, П.Б. од Скопје на 24.11.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за животна средина и просторно планирање, заведено во Министерството под бр.18-6876/1, со кое побарал да му ја достави следната информација:
„Фотокопија од решение со кое МЖСПП дава согласност за изградба на населбата Сончев Град“.
Министерството за животна средина и просторно планирање, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-617 од 03.01.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за животна средина и просторно планирање и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за животна средина и просторно планирање не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за животна средина и просторно планирање не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на барањето од Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 31 јануари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Поединечни податоци за тоа колку вработени има на секоја работна позиција, односно работно место што постојат во ЕЛЕМ, вклучувајќи ја и РЕК Битола?“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЕЛЕМ АД ЕКЕКТРАНИ на Македонија-Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-614 на 27.12.2016 година, изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ и го задолжи ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Н.С. од Скопје на 16.11.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЕЛЕМ-АД Електрани на Македонија, со кое побарала преку е-маил, да и се достави електронски запис од следната информација:
„Поединечни податоци за тоа колку вработени има на секоја работна позиција, односно работно место што постојат во ЕЛЕМ, вклучувајќи ја и РЕК Битола?“.
ЕЛЕМ-АД Електрани на Македонија – Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-614 од 28.12.2016 година, ја препрати Жалбата до ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје на 13.01.2017 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-198/1 од 11.01.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-614. Во Одговорот на жалба ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје ги оспорува жалбените наводи дека не одговорило на Барањето од Н.С. од Скопје, наведувајќи дека: „На ден 03.11.2016 год. и на 16.11.2016 година, поднесени се Барања со иста содржина…од страна на Н.С….На ден 08.11.2016 год. и на ден 15.11.2016 год….доставени се одговори на бараните информации…“.
Во прилог на Одговорот на жалба, до Комисијата се доставени фотокопии од електронски одговори на ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје доставени до Н.С. од Скопје на 08.11.2016 година и на 15.11.2016 година, а кои се однесуваат на нејзиното претходно Барање за пристап до информации од јавен карактер од 03.11.2016 година. со кое е побарана истата информација, односно кое гласи:
„Ве молиме да ни доставите податоци за бројот на вработени во ЕЛЕМ, вклучувајќи и податоци за РЕК Битола. Како и податоци по систематизација, за секое работно место посебно, колку вработени има и колкава нето-плата добиваат?“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и до барателот не доставил Одговор по Барањето “Поединечни податоци за тоа колку вработени има на секоја работна позиција, односно работно место што постојат во ЕЛЕМ, вклучувајќи ја и РЕК Битола?“.
Од приложениот меил од 08.12.2016 година може да се утврди дека на барателот му се доставени податоци за бројот на вработени во ЕЛЕМ и во подружница РЕК Битола со состојба од 08.11.2016 година наведувајќи дека “Веднаш штом добијам одговор од соодветната служба во однос на второто ваше барање, ќе ви го проследам“.
Од приложениот меил од 15.08. 2016 година може да се утврди дека на барателот му се доставени податоци за нето плата по однос на степен на образование.
Со Барањето по кое е поднесена Жалбата, барателот барал “поединачни податоци за тоа колку вработени има на секоја работна позиција, односно работно место што постојат во ЕЛЕМ, вклучувајќи ја и РЕК Битола“ а имателот доставува одговор за вкупниот број на вработени во ЕЛЕМ и во РЕК Битола и податоци за нето плата по однос на степен на образование.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 31 јануари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
За дел од Барањето „Табела со назив на сите работни позиции што постојат во ЕЛЕМ, вклучувајќи ја и РЕК Битола“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето, а за дел од Барањето “Број на вработени на секоја работна позиција што постои во ЕЛЕМ, вклучувајќи и РЕК Битола, и исплатена нето-плата за секој вработен поединечно на секоја работна позиција што постои во ЕЛЕМ, вклучувајќи ја и РЕК Битола за октомври 2016 година. (Без да се наведуваат имиња и презимиња на вработените, туку само работните позиции, бројот на вработени на тие позиции и исплатена нето-плата за секој вработен поединечно на соодветна позиција за октомври 2016 година)“СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-613 на 27.12.2016 година, изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и за дел од барањето „Табела со назив на сите работни позиции што постојат во ЕЛЕМ, вклучувајќи ја и РЕК Битола“ ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето, а за дел од Барањето “Број на вработени на секоја работна позиција што постои во ЕЛЕМ, вклучувајќи и РЕК Битола, и исплатена нето-плата за секој вработен поединечно на секоја работна позиција што постои во ЕЛЕМ, вклучувајќи ја и РЕК Битола за октомври 2016 година. (Без да се наведуваат имиња и презимиња на вработените, туку само работните позиции, бројот на вработени на тие позиции и исплатена нето-плата за секој вработен поединечно на соодветна позиција за октомври 2016 година)“ЈА ОДБИ како неоснована.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Н.С. од Скопје на 16.11.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЕЛЕМ-АД Електрани на Македонија – Скопје, со кое побарала преку е-маил да и се достави електронски запис од следната информација:
„Табела со назив на сите работни позиции што постојат во ЕЛЕМ, вклучувајќи ја и РЕК Битола, број на вработени на секоја работна позиција што постои во ЕЛЕМ, вклучувајќи и РЕК Битола, и исплатена нето-плата за секој вработен поединечно на секоја работна позиција што постои во ЕЛЕМ, вклучувајќи ја и РЕК Битола за октомври 2016 година. (Без да се наведуваат имиња и презимиња на вработените, туку само работните позиции, бројот на вработени на тие позиции и исплатена нето-плата за секој вработен поединечно на соодветна позиција за октомври 2016 година)“.
ЕЛЕМ-АД Електрани на Македонија – Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-613 од 28.12.2016 година, ја препрати Жалбата до ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје на 13.01.2017 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-197/1 од 11.01.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-613. Во Одговорот на жалба ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје ги оспорува жалбените наводи дека не одговорило на Барањето од Н.С. од Скопје, наведувајќи дека:: „На ден 03.11.2016 год. и на 16.11.2016 година, поднесени се Барања со иста содржина…од страна на Н.С….На ден 08.11.2016 год. и на ден 15.11.2016 год….доставени се одговори на бараните информации…согласно чл.23 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје не постапиле согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и до барателот не доставиле целосен одговор во законски предвидениот рок. Во конкретниот случај имателот на барателот преку е маил му одговорило за дел од Барањето кое се однесува на “број на вработени на секоја работна позиција што постои во ЕЛЕМ, вклучувајќи и РЕК Битола, и исплатена нето-плата за секој вработен поединечно на секоја работна позиција што постои во ЕЛЕМ, вклучувајќи ја и РЕК Битола за октомври 2016 година. (Без да се наведуваат имиња и презимиња на вработените, туку само работните позиции, бројот на вработени на тие позиции и исплатена нето-плата за секој вработен поединечно на соодветна позиција за октомври 2016 година)“. Во останатиот дел од барањето “Табела со назив на сите работни позиции што постојат во ЕЛЕМ, вклучувајќи ја и РЕК Битола“ од списите доставени во прилог на Одговорот на жалба бр.03-197/1 од 11.01.2017, видно е дека на барателот преку е маил не му е одговорено на Барањето.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Ј.Ј. од Скопје, поднесена против Решението на СУГС Гимназија “Јосип Броз Тито“ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 31 јануари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Ј.Ј. од Скопје, поднесена против Решението на СУГС Гимназија “Јосип Броз Тито“ – Скопје бр.03-695/2 од 02.12.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Барам да извршам увид и да добијам фотокопија од Договорот за работа на определено време бр.04-501/1 од 01.09.2016 година, како и да извршам увид и да добијам фотокопија од согласноста од градоначалникот на град Скопје бр.25 од 31.08.2016 година.“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА СУГС Гимназија “Јосип Броз Тито“ – Скопје на барателот да му овозможи увид и да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, со бришење на личните податоци.
Решението на СУГС Гимназија“Јосип Броз Тито“ – Скопје бр.03-695/2 од 02.12.2016 година СЕ ПОНИШТУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-611 на 26.12.2016 година, изјавена од Ј.Ј. од Скопје, поднесена против Решението на СУГС Гимназија “Јосип Броз Тито“ – Скопје бр.03-695/2 од 02.12.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ СУГС Гимназија “Јосип Броз Тито“ – Скопје на барателот да му овозможи увид и да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, со бришење на личните податоци.
Решението на СУГС Гимназија“Јосип Броз Тито“ – Скопје бр.03-695/2 од 02.12.2016 година ГО ПОНИШТИ.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Ј.Ј. од Скопје, на 08.11.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до СУГС Гимназија “Јосип Броз Тито“ – Скопје, заведено под бр.03-695, со кое ја побарал следната информација:
“Барам да извршам увид и да добијам фотокопија од Договорот за работа на определено време бр.04-501/1 од 01.09.2016 година, како и да извршам увид и да добијам фотокопија од согласноста од градоначалникот на град Скопје бр.25 од 31.08.2016 година.“
Постапувајќи по Барањето од Ј.Ј. од Скопје, СУГС Гимназија “Јосип Броз Тито“ – Скопје на 12.12.2016 до Барателот достави Решение бр.03-695/2 од 02.12.2016 година. Во Решението е наведено: “…СУГС Гимназија “Јосип Броз Тито“ – Скопје, констатира дека документите до кои Барателот сака да добие пристап, не се документи од јавен карактер, во кои истото може да изврши увид и да добие фотокопија, истите не се наоѓаат на листата на информации на имателот на информации.“
Незадоволен од донесеното Решение, Ј.Ј. од Скопје на 26.12.2016 година поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-611 од 27.12.2016 година, ја препрати Жалбата до СУГС Гимназија “Јосип Броз Тито“ – Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
СУГС Гимназија “Јосип Броз Тито“ – Скопје на 18.01.2017 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-25 од 13.01.2017 година, заведен во Комисијата под бр. 08-611. Во Одговорот на жалба е наведено дека „…Имателот на информации – СУГС Гимназија “Јосип Броз Тито“ – Скопје , по одговорен пристап кон поднесеното Барање за пристап до информациите, бараните информации, па со оглед на фактот што истите не се на листата на информации од јавен карактер, и нивното издавање би значело повреда на заштитата на личните податоци, при одлучувањето го имаше во предвид и член 6 став 3 од Законот, во смисла на оценка на последиците од евентуална објава на информација која нема јавен карактер. “
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека СУГС Гимназија “Јосип Броз Тито“ – Скопје не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставила бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Во конкретниот случај, Договорот за работа на определено време и согласноста од градоначалникот на град Скопје се информации од јавен карактер и СУГС Гимназија “Јосип Броз Тито“ – Скопје е должен на барателот да му ја достави бараната информација со бришење на личните податоци, односно да му овозможи делумен пристап на барателот согласно член 7. Бараната информација не претставува исклучок од слободниот пристап до информациите од јавен карактер согласно член 6 став 1 и 2 како што е наведено во Одговорот на имателот. Во случајот не се работи за исклучок од став 2 (класифицирани информации) туку за став 1 лични податоци кои можат да се избришат и на барателот да му се достави бараната информација.
Поради горенаведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Ј.И. од Скопје, поднесена против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 109 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 31 јануари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Ј.И. од Скопје, поднесена против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата бр.08-22 од 20.01.2017 година, изјавена од Ј.И. од Скопје, поднесена против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФРЛИ како предвремена.
Комисијата ја разгледа Жалбата и го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Ј.И. од Скопје на 23.12.2016 година по е-маил поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот пазарен инспекторат, со кое побарал да му се достави фотокопија од следната информација:
„Копија од предметното Решение на ДПИ. Копијата ми е потребна да ја доставам до ОЈО за нивно запознавање и натамошна постапка, воедно изворно да ги информирам останатите комшии за текот на постапката“.
Државен пазарен инспекторат, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Барањето за пристап до информации од јавен карактер од Ј.И. од Скопје е поднесено на 23.12.2016 година, а Жалбата на 20.01.2017 година.
Согласно чл.21 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата е должен веднаш да одговори на барањето на барателот, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на Барањето.
Во конкретниот случај, Жалбата по Барањето е поднесена пред истекот на законскиот рок за постапување по Барањето, односно Жалбата е предвремена.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.Н. од Скопје, поднесена против Државната изборна комисија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 31 јануари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Н.Н. од Скопје, поднесена против Државната изборна комисија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Фотокопија од сите исплатени сметки за патни трошоци на членовите на Државната изборна комисија“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Државната изборна комисија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-601 на 15.12.2016 година, изјавена од Н.Н. од Скопје, поднесена против Државната изборна комисија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Државната изборна комисија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Н.Н. од Скопје на 30.09.2016 година, по електронски пат, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државната изборна комисија, со кое побарал да му се достави следната информација:
„1. Фотокопија од сите исплатени сметки за патни трошоци на членовите на Државната изборна комисија“.
Државната изборна комисија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-601 од 20.12.2016 година, ја препрати Жалбата до Државната изборна комисија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државната изборна комисија не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државната изборна комисија не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставилa бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето и не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 31 јануари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Фискални сметки, фактури, сметкопотврди и комплетен преглед на картичка на Министерството за економија за сите трошоци направени од јануари 2015 до септември 2016 година, а кои се однесуваат набавки по сите основи што се правеле во Министерството за економија, вклучувајќи и трошоци за угостителски услуги во земјава и странство, трошоци за пат, хотели, ресторани и дневници, точење бензин за службени возила за сите вработени“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-604 на 22.12.2016 година, изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Н.С. од Скопје, на 01.11.2016 година по е-маил поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија, со кое побарала преку е-маил, да и се достави електронски запис од следната информација:
„Фискални сметки, фактури, сметкопотврди и комплетен преглед на картичка на Министерството за економија за сите трошоци направени од јануари 2015 до септември 2016 година, а кои се однесуваат набавки по сите основи што се правеле во Министерството за економија, вклучувајќи и трошоци за угостителски услуги во земјава и странство, трошоци за пат, хотели, ресторани и дневници, точење бензин за службени возила за сите вработени“.
Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-604 од 23.12.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за економија не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за економија не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од С.Ј. од Скопје, поднесена против Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 31 јануари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од С.Ј. од Скопје, поднесена против Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Солемнизација на приватна исправа заведена под ОДУ бр. 727/16 на нотар З.Х.З. од Скопје со сите пропратни докази а во врска со издадено одобрение УП1 Бр. 47-1986 од 22.06.2016г.“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
Решението на Општина Карпош бр.22-9500/5 од 13.12.2016 година СЕ ПОНИШТУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-597 на 29.11.2016 година, изјавена од С.Ј. од Скопје, поднесена против Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Решението на Општина Карпош бр.22-9500/5 од 13.12.2016 година го поништи.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, С.Ј. од Скопје, на 03.11.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Карпош, со кое побарал да му достават фотокопија од следната информација:
„Солемнизација на приватна исправа заведена под ОДУ бр. 727/16 на нотар З.Х.З. од Скопје со сите пропратни докази а во врска со издадено одобрение УП1 Бр. 47-1986 од 22.06.2016г.“.
Постапувајќи по наведеното Барање, Општина Карпош до С.Ј. од Скопје доставила Известување заведено под број 21-9500/2 од 17.11.2016 година со кое го одбила Барањето за пристап до информации од јавен карактер. Во Известувањето е наведено дека: „…имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци…Оттаму, Ве известваме дека не сме во можност да постапиме по Вашето барање… од причина што во списите кои барате да Ви бидат доставени…се запишани и лични податоци…“.
Незадоволен од наведеното Известување, С.Ј. од Скопје на 29.11.2016 година поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 01.12.2016 година ја препрати Жалбата до Општина Карпош и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 13.12.2016 година Општина Карпош донела Решение бр.22-9500/5 со кое барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер на С.Ј. од Скопје го одбила. Во Решението е наведено дека: „…Барањето е одбиено од причина што во негов дел се содржат информации од член 5 од Законот за заштита на лични податоци, кои со нивно отстранување би настанала можност за сигурна и точна идентификација на барателот…“.
На 26.12.2016 година, С.Ј. од Скопје до Комисијата поднесе Жалба против Решението на Општина Карпош, заведено под бр.22-9500/5 од 13.12.2016 година.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 09.01.2017 година ја препрати Жалбата до Општина Карпош и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Карпош на 23.01.2017 година до Комисијата достави Достава на списи бр.22-234/2 од 20.01.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-597. Во прилог достави: Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.12-9500/1 од 03.11.2016 година, Извесување бр.21-9500/2 од 17.11.2016 година, Барање бр.12-9500/3 од 28.11.2016 година, Доставување на жалба во функција на спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.12-9500/4 од 05.12.2016 година и Решение бр.22-9500/5 од 13.12.2016 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Карпош не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016).
Во врска со наведеното Комисијата укажува на следното:
Доколку Општина Карпош сметала дека одредени информации од Барањето претставуваат исклучоци наведени во член 6 став 1 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер врз основа на кои донела Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, должна била пред да го одбие пристапот да го спроведе тестот на штетност, што согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата“. Спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација. Доколку, пак, Општина Карпош утврди дека документот или негов дел содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, согласно член 7 од истиот Закон, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит Скопје, застапувана од Д.Т. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Секретаријатот за европски прашања, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 31јануари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит Скопје, застапувана од Д.Т. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Секретаријатот за европски прашања бр.17-1118/3 од 22.12.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„- До каде е процесот на изготвување на акцискиот документ за секторот „Демократија и владеење„ од ИПА II 2016 годишната програма за Македонија? Ако е изготвен, Ве замолуваме да ни доставите примерок (во нацрт или финална верзија) со цел да придонесеме кон програмирањето на помошта. Ако не е изготвен, Ве замолуваме да ни дадете информација за временската рамка во која се планира негово изготвување и усвојување со цел да придонесеме кон програмирањето на помошта.
-До каде е процесот на изготвување на секторски плански документ за ИПА 2 секторот „Демократија и владеење“ за Македонија? Ве замолуваме да ни доставите примерок од изготвениот секторски плански документ (во нацрт или финална верзија) односно информација за временската рамка во која се планира неговото изготвување со цел да придонесеме кон програмирањето на помошта“,СЕ ОДБИВА.
Заклучокот на Секретаријатот за европски прашања бр.17-1118/3 од 22.12..2016 година за прекинување на постапката по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-7 на 11.01.2017 година, изјавена од Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит Скопје, застапувана од Д.Т. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Секретаријатот за европски прашања бр.17-1118/3 од 22.12..2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја ОДБИ како неоснована и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит Скопје, застапувана од Д.Т. од Скопје, на 02.12.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии, заведено во Министерството под бр.19-6665/1, со кое ја побарала следната информација:
„- До каде е процесот на изготвување на акцискиот документ за секторот „Демократија и владеење„ од ИПА II 2016 годишната програма за Македонија? Ако е изготвен, Ве замолуваме да ни доставите примерок (во нацрт или финална верзија) со цел да придонесеме кон програмирањето на помошта. Ако не е изготвен, Ве замолуваме да ни дадете информација за временската рамка во која се планира негово изготвување и усвојување со цел да придонесеме кон програмирањето на помошта.
– До каде е процесот на изготвување на секторски плански документ за ИПА 2 секторот „Демократија и владеење“ за Македонија? Ве замолуваме да ни доставите примерок од изготвениот секторски плански документ (во нацрт или финална верзија) односно информација за временската рамка во која се планира неговото изготвување со цел да придонесеме кон програмирањето на помошта“.
Постапувајќи по Барањето, Министерството за финансии, со допис бр. 03-6665/4 од 13.12.2016 година, истото го препратило во надлежност на Секретаријатот за европски прашања примено во Секретаријатот на 19.12.2016 година и заведено под бр.17-1118/2 и за тоа барателот го известило со Известување бр.03-6665/5 од 13.12.2016 година.
Постапувајќи по препратеното Барање, Секретаријатот за европски прашања донел Заклучок за прекинување на постапката бр.17-1118/3 од 22.12.2016 година, со Образложение дека „не ја создал и не располага со бараната информација“.
Незадоволна од добиениот Заклучок, Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит Скопје, застапувана од Д.Т. од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата е наведено дека „Секретаријатот за европски прашања…како одговор на друго барање за пристап до информации доставено од подносителот до СЕП, институцијата не упатува на документот „Sector policy co-ordination framework”, објавен на нивниот веб сајт, во кој СЕП е деклариран како национално координативно тело за Европска интеграција и странска донаторска помош (вклучително и помошта од ИПА). Истиот документ на СЕП наведува дека: националниот ИПА координатор, кој е во состав на СЕП, има целосна одговорност за ИПА…оттука и самиот СЕП во сопствените документи наведува дека е централна институција во процесите на програмирање на ИПА 2 средствата и располага со бараните информации…“.
Комисијата, со допис бр.08-7 од 12.01.2017 година ја препрати Жалбата до Секретаријатот за европски прашања и побара во рок од 7 дена од доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Постапувајќи по барањето на Комисијата, Секретаријатот за европски прашања на 25.01.2017 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.17-143/3 од 23.01.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-7. Во Одговорот на жалба е наведено дека: „Секретаријатот за европски прашања останува на наводите од Заклучокот за прекин на постапката бр.17-1118/3 од 22.12.2016 година, од причина што не ги создал и не располага со бараните информации. Секретаријатот за европски прашања доставил одговор на барање по друг предмет кој жалителот го посочил, но истиот не се однесува на бараните информации…врз основа на него не може да се цени дали Секретаријатот поседува или не поседува одредена информација“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Секретаријатот за европски прашања постапил согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донел правилен и врз закон заснован Заклучок за прекинување на постапката по Барањето за пристап до информации од јавен карактер од Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит Скопје, застапувана од Д.Т. од Скопје, од причина што во конкретниот случај не ја создал, ниту пак располага со бараната информација.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Студеничани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 31 јануари 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Студеничани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Во врска со финансиските средства доделени на невладините организации за 2016 година (трансфери до невладини организации од буџетска линија 463) ве молиме да ни ги доставите следните информации:
1. Список на невладини организации добитници на финансиска поддршка, со имињата на проектите за кои е доделена финансиската поддршка, како и поединечниот износ кој им е доделен;
2. Објавениот повик за доставување на апликации;
3. Документ во кој се објаснува процедурата, критериумите и начинот на избор на грантистите;
4. Одлуката за распределба на финансиските средства;
5. Правилата за реализација на грантовите – обврската за доставување на извештаи за реализацијата (наративни и финансиски);
6. Документи или електронски линкови каде што се објавуваат имињата на невладините организации и паричниот износ што им е доделен за проектот;
7. Документи или електронски линк каде што се дава отчет за реализираните проекти од страна на невладините организации со пари од општината“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-21 на 18.01.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Студеничани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 28.11.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-2415/1 до Општина Студеничани, со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следните информации:
„Во врска со финансиските средства доделени на невладините организации за 2016 година (трансфери до невладини организации од буџетска линија 463) ве молиме да ни ги доставите следните информации:
– Список на невладини организации добитници на финансиска поддршка, со имињата на проектите за кои е доделена финансиската поддршка, како и поединечниот износ кој им е доделен;
– Објавениот повик за доставување на апликации;
– Документ во кој се објаснува процедурата, критериумите и начинот на избор на грантистите;
– Одлуката за распределба на финансиските средства;
– Правилата за реализација на грантовите – обврската за доставување на извештаи за реализацијата (наративни и финансиски);
– Документи или електронски линкови каде што се објавуваат имињата на невладините организации и паричниот износ што им е доделен за проектот;
– Документи или електронски линк каде што се дава отчет за реализираните проекти од страна на невладините организации со пари од општината“.
Општина Студеничани, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
На 23.01.2017 година Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека на 23.01.2017 година, Општина Студеничани ги доставила бараните информации и поради тоа ја повлекува Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Студеничани постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Неготино, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 31 јануари 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Неготино, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Во врска со финансиските средства доделени на невладините организации за 2016 година (трансфери до невладини организации од буџетска линија 463) ве молиме да ни ги доставите следните информации:
8. Список на невладини организации добитници на финансиска поддршка, со имињата на проектите за кои е доделена финансиската поддршка, како и поединечниот износ кој им е доделен;
9. Објавениот повик за доставување на апликации;
10. Документ во кој се објаснува процедурата, критериумите и начинот на избор на грантистите;
11. Одлуката за распределба на финансиските средства;
12. Правилата за реализација на грантовите – обврската за доставување на извештаи за реализацијата (наративни и финансиски);
13. Документи или електронски линкови каде што се објавуваат имињата на невладините организации и паричниот износ што им е доделен за проектот;
14. Документи или електронски линк каде што се дава отчет за реализираните проекти од страна на невладините организации со пари од општината“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-16 на 18.01.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Неготино, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 28.11.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-2400/1 до Општина Неготино, со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следните информации:
„Во врска со финансиските средства доделени на невладините организации за 2016 година (трансфери до невладини организации од буџетска линија 463) ве молиме да ни ги доставите следните информации:
– Список на невладини организации добитници на финансиска поддршка, со имињата на проектите за кои е доделена финансиската поддршка, како и поединечниот износ кој им е доделен;
– Објавениот повик за доставување на апликации;
– Документ во кој се објаснува процедурата, критериумите и начинот на избор на грантистите;
– Одлуката за распределба на финансиските средства;
– Правилата за реализација на грантовите – обврската за доставување на извештаи за реализацијата (наративни и финансиски);
– Документи или електронски линкови каде што се објавуваат имињата на невладините организации и паричниот износ што им е доделен за проектот;
– Документи или електронски линк каде што се дава отчет за реализираните проекти од страна на невладините организации со пари од општината“.
Општина Неготино, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
На 20.01.2017 година Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека Општина Неготино ги доставила бараните информации и поради тоа ја повлекува Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Неготино постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Ч. од Скопје, поднесена против Општина Чучер Сандево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 31 јануари 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Д.Ч. од Скопје, поднесена против Општина Чучер Сандево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“ – Статутот на Општината кој бил објавен во Службен гласник бр.02/03
– Одлуката за одобрување на Проектот за реконструкција и санација на водоводниот систем во с.Побожје која била објавена во Службен гласник на Општината бр.6/11
– Барањето на Општината 11-1434/1 од 08.02.2012 год, доставено до Министерство за животна средина и просторно планирање за издавање на дозвола за зафаќање на вода кое исто така мора да е објавено во некој број од Службените гласници.“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-619 на 30.12.2016 година, изјавена од Д.Ч. од Скопје, поднесена против Општина Чучер, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Д.Ч. од Скопје на 30.05.2016 година, по електронски пат, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Чучер Сандево, со кое побарал по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следните информации:
“ – Статутот на Општината кој бил објавен во Службен гласник бр.02/03
– Одлуката за одобрување на Проектот за реконструкција и санација на водоводниот систем во с.Побожје која била објавена во Службен гласник на Општината бр.6/11
-Барањето на Општината 11-1434/1 од 08.02.2012 год, доставено до Министерство за животна средина и просторно планирање за издавање на дозвола за зафаќање на вода кое исто така мора да е објавено во некој број од Службените гласници.“
Општина Чучер Сандево, како што е наведено во Жалбата, во врска со ова Барање на 26.12.2016 година до барателот доставила Известување бр.02-1309/2.
Незадоволен од добиеното Известување, Д.Ч. од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
На 27.01.2017 година Д.Ч. од Скопје достави Допис до Комисијата “Повлекување на Жалба“ во кое наведува дека ја повлекува Жалбата бр.08-619.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Демир Капија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 31 јануари 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Демир Капија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Во врска со финансиските средства доделени на невладините организации за 2016 година (трансфери до невладини организации од буџетска линија 463) ве молиме да ни ги доставите следните информации:
15. Список на невладини организации добитници на финансиска поддршка, со имињата на проектите за кои е доделена финансиската поддршка, како и поединечниот износ кој им е доделен;
16. Објавениот повик за доставување на апликации;
17. Документ во кој се објаснува процедурата, критериумите и начинот на избор на грантистите;
18. Одлуката за распределба на финансиските средства;
19. Правилата за реализација на грантовите – обврската за доставување на извештаи за реализацијата (наративни и финансиски);
20. Документи или електронски линкови каде што се објавуваат имињата на невладините организации и паричниот износ што им е доделен за проектот;
21. Документи или електронски линк каде што се дава отчет за реализираните проекти од страна на невладините организации со пари од општината“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-14 на 18.01.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Демир Капија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 28.11.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-2372/1 до Општина Демир Капија, со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следните информации:
„Во врска со финансиските средства доделени на невладините организации за 2016 година (трансфери до невладини организации од буџетска линија 463) ве молиме да ни ги доставите следните информации:
– Список на невладини организации добитници на финансиска поддршка, со имињата на проектите за кои е доделена финансиската поддршка, како и поединечниот износ кој им е доделен;
– Објавениот повик за доставување на апликации;
– Документ во кој се објаснува процедурата, критериумите и начинот на избор на грантистите;
– Одлуката за распределба на финансиските средства;
– Правилата за реализација на грантовите – обврската за доставување на извештаи за реализацијата (наративни и финансиски);
– Документи или електронски линкови каде што се објавуваат имињата на невладините организации и паричниот износ што им е доделен за проектот;
– Документи или електронски линк каде што се дава отчет за реализираните проекти од страна на невладините организации со пари од општината“.
Општина Демир Капија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-14 од 24.01.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Демир Капија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 27.01.2017 година Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека Општина Демир Капија ги доставила бараните информации и поради тоа ја повлекува Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Демир Капија постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Кичево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 31 јануари 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Кичево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Во врска со финансиските средства доделени на невладините организации за 2016 година (трансфери до невладини организации од буџетска линија 463) ве молиме да ни ги доставите следните информации:
22. Список на невладини организации добитници на финансиска поддршка, со имињата на проектите за кои е доделена финансиската поддршка, како и поединечниот износ кој им е доделен;
23. Објавениот повик за доставување на апликации;
24. Документ во кој се објаснува процедурата, критериумите и начинот на избор на грантистите;
25. Одлуката за распределба на финансиските средства;
26. Правилата за реализација на грантовите – обврската за доставување на извештаи за реализацијата (наративни и финансиски);
27. Документи или електронски линкови каде што се објавуваат имињата на невладините организации и паричниот износ што им е доделен за проектот;
28. Документи или електронски линк каде што се дава отчет за реализираните проекти од страна на невладините организации со пари од општината“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-12 на 18.01.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Кичево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 28.11.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-2386/1 до Општина Кичево, со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следните информации:
„Во врска со финансиските средства доделени на невладините организации за 2016 година (трансфери до невладини организации од буџетска линија 463) ве молиме да ни ги доставите следните информации:
– Список на невладини организации добитници на финансиска поддршка, со имињата на проектите за кои е доделена финансиската поддршка, како и поединечниот износ кој им е доделен;
– Објавениот повик за доставување на апликации;
– Документ во кој се објаснува процедурата, критериумите и начинот на избор на грантистите;
– Одлуката за распределба на финансиските средства;
– Правилата за реализација на грантовите – обврската за доставување на извештаи за реализацијата (наративни и финансиски);
– Документи или електронски линкови каде што се објавуваат имињата на невладините организации и паричниот износ што им е доделен за проектот;
– Документи или електронски линк каде што се дава отчет за реализираните проекти од страна на невладините организации со пари од општината“.
Општина Кичево, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-12 од 24.01.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Кичево и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 27.01.2017 година Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека Општина Кичево ги доставила бараните информации и поради тоа ја повлекува Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Кичево постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.