ДОНЕСЕНИ 9 РЕШЕНИЈА И 2 ЗАКЛУЧОКА

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 158-та седница одржана на 24 јануари 2017 година донесе 9 решенија и 2 заклучока.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 24 јануари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Ве молиме за постапката за јавна набавка Изградба на атмосферска канализација за н.м Триангла, општина Гази Баба по принцип „клуч во раце“ број 23/2016 да ни доставите:
– Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
– извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
– одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
– извештај од спроведената е-аукција“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА
Министерството за транспорт и врски на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-582 на 21.11.2016 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И ГО ЗАДОЛЖИ Министерството за транспорт и врски на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, на 10.06.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-2002/1 до Министерството за транспорт и врски, заведено во Министерството под бр.32/8692 на 21.06.2016 година со кое побарало по пошта и е-маил да му достават фотокопија од следната информација:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка Изградба на атмосферска канализација за н.м Триангла, општина Гази Баба по принцип „клуч во раце“ број 23/2016 да ни доставите:
– Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
– извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
– одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
– извештај од спроведената е-аукција“.
На 15.11.2016 година Министерството за транспорт и врски до Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје доставило Одговор на барање бр.32-8692/2 од 07.11.2016 година, заведен во Здружението под бр.0302-2002/2. Во Одговорот на барање, Министерството за транспорт и врски наведува: „…Постапувајќи по Вашето барање, Ве известуваме дека Министерството за транспорт и врски во согласност со член 36-а став 2 алинеја 3 од Законот за јавни набавки спроведе истражување на пазарот, при што утврди дека најмалку 6 (шест) економски оператори ги исполнуваат условите дефинирани во тендерската документација и објави оглас за доделување на договор за јавна набавка на работи. Во однос на извештајот од спроведена постапка Ве известуваме дека согласно член 142 став 8 од Законот за јавните набавки само економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведена постапка. Додека бараните информации, односно одлуката за избор на најповолна понуда (потпишана со користење на дигитален сертификат) и извештајот од текот на електронската аукција, Ви ги доставуваме во прилог“.
Незадоволно од наведениот Одговор на барање, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 21.11.2016 година поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-582 од 01.12.2016 година ја препрати Жалбата до Министерството за транспорт и врски и побара во рок од 7 дена од доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Постапувајќи по барањето на Комисијата, Министерството за транспорт и врски, на 22.12.2016 година до Комисијата достави Произнесување по жалба и доставување на списи бр.32-15253/2 од 16.12.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-582. Во Произнесувањето по жалбата се наведува: „…Министерството за транспорт и врски на Барањето за пристап до информации од јавен карактер одговори со допис Одговор на барање бр.32-8692/2 од 07.11.2016 година и ги достави одлуката за избор на најповолна понуда и извештајот од спроведената е-аукција. Во однос на извештајот за спроведена постапка за доделување на договор за јавна набавка, Министерството за транспорт и врски го извести барателот дека согласно член 142 став 8 од Законот за јавните набавки…само економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведена постапка. Оттука, сметаме дека извештајот од спроведена постапка е исклучок од слободен пристап до информации од јавен карактер имајќи предвид дека согласно членот 6 став 1 и точка 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е предвидено дека имателите на информации од јавен карактер можат да одбијат барање во согласност со закон ако истата е информација која се однесува на комерцијални и други економски интереси…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за транспорт и врски не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не постапило согласно членот 10 став 1 алинеја 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, согласно кој имателот на информации е должен да ја информира јавноста „за сите повици во постапката за јавните набавки и тендерската документација утврдени со закон.“
Во врска со погоренаведеното, Комисијата укажува на следното:
Согласно член 10 точка 1 алинеја 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бараната информација „Извештај за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка“ во целост е информација од јавен карактер. Од наведеното произлегува дека истата не спаѓа во редот на исклучоците наведени во член 6 став 1 од истиот Закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 24 јануари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Назив на сите работни позиции, односно работни места што постојат во ЕЛЕМ, вклучувајќи ја и РЕК Битола?“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-615 на 27.12.2016 година, изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА УВАЖИ И ГО ЗАДОЛЖИ ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето..
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Н.С. од Скопје на 16.11.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЕЛЕМ-АД Електрани на Македонија – Скопје, со кое побарала преку е-маил, да и се достави електронски запис од следната информација:
„Назив на сите работни позиции, односно работни места што постојат во ЕЛЕМ, вклучувајќи ја и РЕК Битола?“.
ЕЛЕМ-АД Електрани на Македонија – Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-615 од 29.12.2016 година, ја препрати Жалбата до ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје до Комисијата на 13.01.2017 година достави Одговор на жалба бр.03-200/1 од 11.01.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-615. Во Одговорот на жалба меѓу другото наведува дека: „На ден 03.11.2016 год. и на 16.11.2016 година, поднесени се Барања со иста содржина…од страна на Н.С….На ден 08.11.2016 год. и на ден 15.11.2016 год….доставени се одговори на бараните информации…согласно чл.23 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…Незадоволна од добиениот одговор, Н.С. на ден 27.12.2016 година изјавила жалби со иста содржина до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, заведени под 08-614 и 08-615…“.
Во прилог на Одговорот на жалба, до Комисијата се доставени фотокопии од електронски одговори на ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје доставени до Н.С. од Скопје на 08.11.2016 година и на 15.11.2016 година, а кои се однесуваат на други Барања за пристап до информации од јавен карактер од 03.11.2016 година, со иста, или слична содржина, но не и на наведеното Барањето од 16.11.2016 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и до барателот не доставило Одговор во законски предвидениот рок.
Во случајот, барателот на информации од имателот на информации не ги добил бараните информации кои ги создал, или со кои располагал имателот на информации, односно не добил Назив на сите работни позиции, односно работни места што постојат во ЕЛЕМ, вклучувајќи ја и РЕК Битола.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.Т. од Крива Паланка, поднесена преку Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Крива Паланка, против Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Крива Паланка,, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија “ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016) на седницата одржана на ¬¬¬24 јануари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Н.Т. од Крива Паланка, поднесена преку Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Крива Паланка против Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Крива Паланка, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: “Барам да ми доставите информација договор за закуп-наем за објектот во сопственост на РМ-Агенција за вработување со адреса ул.Свети Јоаким Осоговски бр.230. КР.Паланка даден на користење – закуп на општински комитет на ВМРО – ДПМНЕ Кр. Паланка во вкупна површина од кат 01-285 м2 и кат 02-291м2. Заведен под имотен лист бр.1572 со парцела бр.1749, во период од 2006 до 2012 година, бидејќи тоа е периодот во кој горенаведениот имот е под Ваше корисничко право“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Крива Паланка на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-317 на 07.12.2016 година, изјавена од Н.Т. од Крива Паланка, поднесена преку Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Крива Паланка против Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Крива Паланка, по предметот барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Крива Паланка на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Н.Т. од Крива Паланка, на 29.09.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Крива Паланка, заведено во Агенцијата под број 03-181/1, со кое побарал по пошта да му се достави следната информација:
“Барам да ми доставите информација договор за закуп-наем за објектот во сопственост на РМ-Агенција за вработување со адреса ул.Свети Јоаким Осоговски бр.230. КР.Паланка даден на користење – закуп на општински комитет на ВМРО – ДПМНЕ Кр. Паланка во вкупна површина од кат 01-285 м2 и кат 02-291м2. Заведен под имотен лист бр.1572 со парцела бр.1749, во период од 2006 до 2012 година, бидејќи тоа е периодот во кој горенаведениот имот е под Ваше корисничко право“.
На 07.12.2016 година Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Крива Паланка до Комисијата достави “Доставување списи по жалба“ бр.03-1669/4 од 01.12.2016 година, заведена во Комисијата под бр.08-317. Во прилог ги достави сите списи во врска со предметот: Жалбата изјавена од Н.Т. од Крива Паланка заведена во Агенцијата под број 03-200/1 од 02.11.2016 година; Барањето од 29.09.2016 година заведен во Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Крива Паланка под бр.03-181/1; и Одговорот на жалба. Во Одговорот е наведено дека: “…Бидејќи од страна на Центарот за вработување Крива Паланка барањето не било веднаш препратено до службените лица за посредување со информации од јавен карактер на одговор, по истек на рокот од 30 дена, барателот на информација поднел жалба. Во конкретниот случај направен е превид од страна на службените лица за посредување, сметајќи дека жалбата е директно препратена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер на одлучување“.
Комисијата утврди дека во Одговорот на жалбата на Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Крива Паланка нема наведено како постапиле по Барањето на барателот ниту се произнеле во врска со Жалбата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Крива Паланка не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставила бараната информација до барателот.
Поради горенаведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Ј.Ј. од Скопје, поднесена против Државниот инспекторат за труд – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 24 јануари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Ј.Ј. од Скопје, поднесена против Државниот инспекторат за труд – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Барам да извршам увид во предметот бр.0907-1682 (0904-1682) од 12.09.2016 година, кој се води кај Државниот инспекторат за труд, кој се наоѓа во барака 7 во општина Центар и го води инспекторот Н.Н.. Воедно барам да добијам фотокопии од списите од предметот за кои ќе оценам дека е потребно“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Државниот инспекторат за труд – Скопје на барателот да му овозможи увид и фотокопии од бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-612 на 26.12.2016 година, изјавена од Ј.Ј. од Скопје, поднесена против Државниот инспекторат за труд – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Државниот инспекторат за труд на барателот да му овозможи увид и фотокопии од бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Ј.Ј. од Скопје, на 09.11.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за труд и социјална политика, заведено во Министерството под бр.14-8124/1, со кое побарал да му достават фотокопија од следната информација:
„Барам да извршам увид во предметот бр.0907-1682 (0904-1682) од 12.09.2016 година, кој се води кај Државниот инспекторат за труд, кој се наоѓа во барака 7 во општина Центар и го води инспекторот Н.Н.. Воедно барам да добијам фотокопии од списите од предметот за кои ќе оценам дека е потребно“.
Постапувајќи по Барањето од Ј.Ј. од Скопје, Министерството за труд и социјална политика на 17.11.2016 година до барателот доставило Препраќање на Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.14-8124/1, со кое го известува дека Барањето е препратено до Државниот инспекторат за труд.
На 12.12.2016 година, Државниот инспекторат за труд до барателот доставил Одговор на барање без архивски број, датирано од 29.11.2016 година.
Незадоволен од наведениот Одговор, Ј.Ј. од Скопје на 26.12.2016 година поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-612 од 27.12.2016 година, ја препрати Жалбата до Државниот инспекторат за труд и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државниот инспекторат за труд на 09.01.2017 година до Комисијата достави Одговор на жалба, заведен во Комисијата под бр. 08-612. Во Одговорот на жалба е наведено дека „…Барателот…ги доби сите списи кои ги поседува Државниот инспекторат за труд како генератор на информации…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државниот инспекторат за труд не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставил бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Во конкретниот случај, Државниот инспекторат за труд, наместо да го повика барателот да изврши увид во бараните документи и, по извршениот увид, доколку барателот искаже потреба, да му достави фотокопии од дел од документите, тој на барателот не му дозволил увид во сите документи од предметот, туку му доставил фотокопии само од дел од нив, односно само од документите кои тој ги создал.
Согласно член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно неговите надлежности“.
Согласно член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Државниот инспекторат за труд, бил должен да го информира барателот на информации за информациите, односно за сите документи кои произлегуваат од неговата надлежност и работа.
Поради горенаведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од О.Ч. од Скопје, поднесени против Македонски железници Транспорт АД – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 24 јануари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбите изјавени од О.Ч. од Скопје, поднесени против Македонски железници Транспорт АД – Скопје, заведени во Комисијата под бр.08-591 на 25.11.2016 година и бр.08-591 на 05.01.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Пресметка од број на продадени билети на вонредната линија Гевгелија – Табановце за месеците август 2015 година, септември 2015 година, октомври 2015 година, ноември 2015 година, декември 2015 година, јануари 2016 година, февруари 2016 година, март 2016 година, април 2016 година“, СЕ УВАЖУВААТ и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ги разгледа Жалбите заведени во Комисијата под бр.08-591 на 25.11.2016 година и бр.08-591 на 05.01.2017 година, изјавени од О.Ч. од Скопје, поднесени против Македонски железници Транспорт АД – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ги УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
О.Ч. од Скопје, на 19.10.2016 година до Македонски железници Транспорт АД – Скопје поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое побарал по пошта или по е-маил да му се достави препис, или фотокопија, од следната информација:
„Пресметка од број на продадени билети на вонредната линија Гевгелија – Табановце за месеците август 2015 година, септември 2015 година, октомври 2015 година, ноември 2015 година, декември 2015 година, јануари 2016 година, февруари 2016 година, март 2016 година, април 2016 година.“
Македонски железници Транспорт АД – Скопје, на ова Барање не одговорилe во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и, на 25.11.2016 година, е поднесена Жалба до Комисијата, заведена под бр. 08-591.
Комисијата, со допис бр.08-591 од 28.11.2016 година, ја препрати Жалбата до Македонски железници Транспорт АД – Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 09.12.2016 година Македонски железници Транспорт АД – Скопје до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на жалба бр.2123/1, заведен во Комисијата под бр. 08-591. Во прилог на Одговорот на жалба, до Комисијата достави и одговор на Барањето од О.Ч. од Скопје од 19.10.2016 година.
Постапувајќи согласно член 7 од Законот за општата управна постапка и спроведувајќи го начелото на економичност и ефикасност на постапката, Комисијата погоренаведениот прилог го достави до барателот на информацијата.
Оценувајќи дека прилогот не содржи одговор на неговото Барање за пристап до информации од јавен карактер од 19.10.2016 година, односно не се однесува на „…моето барање кое се однесува на број на превезени патници на вонредната линија Гевгелија-Табановце…туку се наведени споредни информации…“, О.Ч. од Скопје, на 05.01.2017 година, поднесе Жалба против одговор на Македонски железници Транспорт АД – Скопје до Комисијата, заведена под бр.08-591.
Комисијата, со допис бр.08-591 од 09.01.2017 година, ја препрати Жалбата до Македонски железници Транспорт АД – Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Македонски железници Транспорт АД – Скопје на 11.01.2017 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.2123/1 од 09.12.2016 година, заведен во Комисијата под бр. 08-591. Одговорот на жалба, насловен до Комисијата, повторно претставува известување до барателот на информации, во кое е наведено дека „…МЖ Транспорт АД – Скопје не располага со податоците кои Вие конкретно ги барате…поседува податоци за редовен број на превезени патници по тромесечие, почнувајќи од месец јули 2015 година до месец март 2016 година…по однос на бројот на продадени возни билети на релација Гевгелија-Табановци МЖ Транспорт АД – Скопје располага со податоци на вкупниот број на продадени билети за конкретната линија по месеци и тоа за периодот од 01.08.2015 година до 30.04.2016 година“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Македонски железници Транспорт АД – Скопје не постапиле согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Врз основа на погоренаведеното, Комисијата им укажува на Македонски железници Транспорт АД – Скопје на следното:
Одговорите на Барањето за пристап до информации од јавен карактер Македонски железници Транспорт АД – Скопје треба да ги доставуваат до барателот на информации, а не до Комисијата.
Доколку Македонски железници Транспорт АД – Скопје не ја создале, или не располагаат со бараната информација, биле должни да постапат согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој „ако Барањето се однесува на информација со која не располага имателот, или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката“.
При повторното постапување по предметот, Македонски железници Транспорт АД – Скопје се должни да постапат согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против ЈКП Комуналец Крива Паланка, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 24 јануари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против ЈКП Комуналец Крива Паланка по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Фискални сметки, фактури, сметкопотврди и комплетен преглед на картичка на ЈКП Комуналец за сите трошоци направени од јануари 2015 година до октомври 2016 година, а кои се однесуваат на набавките по сите основи што се правеле во претпријатието, вклучувајќи и трошоци за угостителски услуги во земјава и странство, трошоци за пат, за хотели и ресторани и дневници.“
За дел од барањето „Преглед на картичка на ЈКП Комуналец за сите трошоци напревени од јануари 2015 година до октомври 2016 година, а кои се однесуваат на набавките по сите основи што се правеле во претпријатието, вклучувајќи и трошоци за угостителски услуги во земјава и странство, трошоци за пат, за хотели и ресторани и дневници.“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈКП Комуналец Крива Паланка на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето, а за дел од барањето “Фискални сметки, фактури, смткопотврди “СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-605 на 22.12.2016 година, изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против ЈКП Комуналец Крива Паланка, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер за дел од барањето „Преглед на картичка на ЈКП Комуналец за сите трошоци напревени од јануари 2015 година до октомври 2016 година, а кои се однесуваат на набавките по сите основи што се правеле во претпријатието, вклучувајќи и трошоци за угостителски услуги во земјава и странство, трошоци за пат, за хотели и ресторани и дневници.“ ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ ЈКП Комуналец Крива Паланка на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето, а за дел од “Фискални сметки, фактури, смткопотврди .“ ЈА ОДБИ како неоснована.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Н.С. од Скопје на 01.11.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈКП Комуналец Крива Паланка, со кое побарала преку е-маил, да и се достави електронски запис од следната информација:
“Фискални сметки, фактури, сметкопотврди и комплетен преглед на картичка на ЈКП Комуналец за сите трошоци направени од јануари 2015 година до октомври 2016 година, а кои се однесуваат на набавките по сите основи што се правеле во претпријатието, вклучувајќи и трошоци за угостителски услуги во земјава и странство, трошоци за пат, за хотели и ресторани и дневници.“
Во врска со наведеното Барање, ЈКП Комуналец Крива Паланка на 01.12.2016 година доставило Одговор до Н.С. од Скопје.
Незадоволна од добиениот Одговор Н.С. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-605 од 23.12.2016 година, ја препрати Жалбата до ЈКП Комуналец Крива Паланка и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈКП Комуналец Крива Паланка до Комисијата достави Известување во врска со доставената жалба, заведен во Комисијата под бр.08-605 на 04.01.2017 година. Во Известувањето е наведено: „…Доколку барателот на информациите смета дека постојат списи и околности коишто не се доставени, ја повикуваме барателката Н.С. лично да дојдсе во седиштето ЈП Комуналец Крива Паланка и да изврши увид во било кој податок од работата на ЈП Комуналец Крива Паланка како и увид во аналитичките картици на Претпријатието и доколку одлучи да постапи на овој начин благовремено да го извести имателот на информацијата за денот и времето на нејзиното присуство.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЈКП Комуналец Крива Паланка не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и до барателот не доставило целосен Одговор во законски предвидениот рок. Во конкретниот случај имателот на барателот му одговорило за дел од барањето кое се однесува на фискални сметки, фактури и сметкопотврди.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата и Дополнувањето на Жалбата изјавена од Н.С., новинар во ТВ Алсат – М, поднесена против Агенцијата за цивилно воздухопловство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 24 јануари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата и Допилнувањето на Жалбата изјавени од Н.С., новинар во ТВ Алсат – М, поднесени против Агенцијата за цивилно воздухопловство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1.Колкави нето – надоместоци исплатила Агенцијата за цивилно воздухопловство поединечно за секој член на Управниот одбор во октомври 2016 година?
2. Колкава нето-плата е исплатена за октомври 2016 година за директорот на Агенција за цивилно воздухопловство?“, и Записник (по поднесено писмено барање од 18.11.2016 година), СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-602 на 20.12.2016 година и Дополнувањето на Жалбата заведена во Комисијата под број 08-602 на 11.01.2017 година, изјавени од Н.С., новинар во ТВ Алсат – М, поднесени против Агенцијата за цивилно воздухопловство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована.
Како што се наведува во Жалбата, Н.С., на 18.11.2016 година поднела две поединечни Барања за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за цивилно воздухопловство, со кое побарала преку е-маил, да и се достави електронски запис од следната информација:
„1.Колкави нето – надоместоци исплатила Агенцијата за цивилно воздухопловство поединечно за секој член на Управниот одбор во октомври 2016 година?
2. Колкава нето-плата е исплатена за октомври 2016 година за директорот на Агенција за цивилно воздухопловство?“, и Записник (по поднесено писмено барање од 18.11.2016 година)“.
Постапувајќи по наведените Барања, Агенцијата за цивилно воздухопловство, како што е наведено во Жалбата, до Н.С., новинар во ТВ Алсат – М, преку е маил доставила Одговор на барање од 16.12.2016 година.
Незадоволна од добиениот Одговор кое требало да биде поединечно одговорено за двете барања, Н.С., новинар во ТВ Алсат – М, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-602 од 21.12.2016 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за цивилно воздухопловство и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за цивилно воздухопловство до Комисијата достави Известување за доставување дополнителен целосен одговор бр.03-1884/4 од 29.12.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-602 на 29.12.2016 година. Во Известувањето е наведено: “Ве известуваме дека Агенцијата за цивилно воздухопловство достави до Н.С. дополнителен целосен одговор (бр.03-1884/3 од 29.12.2016 г.) на Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер доставено по е-mail на 18.11.2016г. и Жалбата бр.08-602 од 20.12.2016 г. доставена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер“. Во прилог достави допис “ Дополнителен, целосен Одговор на ваше барање доставено по е-mail на 18.11.2016г. и Жалба бр.08-602 од 20.12.2016г.“
Н.С. на 11.01.2017 година до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, достави Дополнување на жалба против доставување на дополнителен нецелосен одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер, заведена во Комисијата под бр.08-602. Во Дополнувањето на жалбата се наведува дека: “…На ден 29.12.2016 година, имателот на информацијата агенција за цивилно воздухопловство доставува нов одговор, но повторно и овој одговор е нецелосен и не ги содржи бараните информации“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Агенцијата за цивилно воздухопловство, постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, и до барателот ги доставила бараните информации, и со дополнителниот одговор му е одговорено на барателот.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 24 јануари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колкава нето-плата е исплатена за октомври 2016 година, поединечно за секој од вработените, согласно работното место, односно работната позиција на која се наоѓа во ЕЛЕМ, вклучувајќи ја и РЕК Битола. (Без да се наведуваат имиња и презимиња, туку само работната позиција и сумата што како нето-плата е исплатена за секој вработен поединечно.)“, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-616 на 27.12.2016 година, изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Н.С. од Скопје на 16.11.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЕЛЕМ-А.Д. Електрани на Македонија, со кое побарала преку е-маил, да и се достави електронски запис од следната информација:
„Колкава нето-плата е исплатена за октомври 2016 година, поединечно за секој од вработените, согласно работното место, односно работната позиција на која се наоѓа во ЕЛЕМ, вклучувајќи ја и РЕК Битола. (Без да се наведуваат имиња и презимиња, туку само работната позиција и сумата што како нето-плата е исплатена за секој вработен поединечно.)“.
ЕЛЕМ-АД Електрани на Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-616 од 28.12.2016 година, ја препрати Жалбата до ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје на 13.01.2017 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-199/1 од 11.01.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-616. Во Одговорот на жалба меѓу другото наведува дека: „На ден 03.11.2016 год. и на 16.11.2016 година, поднесени се Барања со иста содржина…од страна на Н.С….На ден 08.11.2016 год. и на ден 15.11.2016 год….доставени се одговори на бараните информации…согласно чл.23 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…“.
Во прилог на Одговорот на жалба, до Комисијата се доставени фотокопии од електронски одговори на ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје доставени до Н.С. од Скопје на 08.11.2016 година и на 15.11.2016 година, а кои се однесуваат на нејзиното претходно Барање за пристап до информации од јавен карактер од 03.11.2016 година, со иста, или слична содржина како и Барањето од 16.11.2016 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и до барателот доставило Одговор во законски предвидениот рок.
Согласно член 23 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ЕЛЕМ – АД Електрани на Македонија-Скопје веќе одговорило позитивно на исто или слично Барање на истиот барател на информации во рок од шест месеца пред денот на приемот на Барањето.
Во случајот, барателот на информации од имателот на информации ги добил бараните информации кои ги создал, или со кои располагал имателот на информации. Такво исто, или слично Барање барателот може да поднесе до истиот имател на информации по истекот на шест месеци од добивањето на одговорот по претходното Барање.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од К.К. од Гевгелија, поднесена против Заклучокот на Македонската радио телевизија – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 24 јануари 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од К.К. од Гевгелија, поднесена против Заклучокот на Македонската радио телевизија – Скопје бр.02-4892/10 од 05.12.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.
Заклучокот на Македонската радио телевизија – Скопје бр.02-4892/10 од 05.12.2016 година за прекинување на постапката за давање пристап до информации од јавен карактер СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-486 на 28.09.2016 година, изјавена од К.К. од Гевгелија, поднесена против Заклучокот на Македонската радио телевизија – Скопје бр.02-4892/10 од 05.12.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја ОДБИ како неоснована и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
К.К. од Гевгелија, на 29.06.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Македонската радио телевизија – Скопје, со кое ја побарал следната информација:
„1. Согласно Членот 17, став 3 од Законот за поддршка на домашната музичка продукција, во кој стои дека: „Квалитетот на секоја композиција од ставовите (1) и (2) на истиот член се оценува со бодови од еден до десет“, барам увид во поединечното оценување на секоја композиција од секој член на комисијата – целосен бодовник, со оценки од еден до десет, од кои што може да се пресмета просечна оценка за секоја композиција; во четвртиот квартален конкурс за создавање на нови композиции за 2015 година, како и во првиот квартален конкурс за 2016 година.
2. Извештајот број 20-1998/9 од 18.05.2016 година, како и сите приложени кон него документи“.
Македонската радио телевизија – Скопје, на ова Барање до барателот доставила Одговор на барање за пристап до информација од јавен карактер бр.03-4892/7 од 14.09.2016 година. Во Одговорот на барање за пристап до информација од јавен карактер е наведено дека: “Ве известуваме дека барањето се одобрува, но во прилог ви доставуваме само информации со кои во моментот располагаме“.
Незадоволен од наведениот Одговор, К.К. од Гевгелија, на 28.09.2016 година поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-486 од 29.09.2016 година, ја препрати Жалбата до Македонската радио телевизија – Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Македонската радио телевизија – Скопје на 01.11.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-4892/8 од 31.10.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-486. Во Одговорот на жалба меѓу другото наведува: “Наводите на жалителот како жалбена основа дека, имателот на информации од јавен карактер не му ги доставил сите барани информации од јавен карактер и наместо тоа го упатил дел од информацијата да ги побара директно од Комисијата која ги има генерирано информациите кои ги барал, со што е постапено во спротивност меѓу другото со член 20 и член 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, е неосновано во целост “. Во прилог на Одговорот ги достави сите списи во врска со педметот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 24.11.2016 година донесе Решение со кое жалбата ја уважи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган, со укажување да постапи согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „ако Барањето се однесува на информација со која не располага имателот, или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката.“
К.К. од Гевгелија, на 22.12.2016 година до Комисијата достави Жалба заведена под бр.08-486 против Заклучокот на Македонската радио телевизија – Скопје бр.02-4892/10 од 05.12.2016 година.
Комисијата, со допис бр.08-486 од 27.11.2016 година, ја препрати Жалбата до Македонската радио телевизија – Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот
На 11.01.2017 година Македонската радио телевизија – Скопје до Комисијата достави допис Одговор на жалба бр.03-69/3 од 11.01.2017 година, со кој предлага Жалбата на жалителот да се одбие како неосновано. Во прилог го достави и Заклучокот бр.02-4892/10 од 05.12.2016 година за прекинување на постапката за давање пристап до информации.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Македонската радио телевизија – Скопје постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно донела Заклучок за прекинување на постапката согласно член 26 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата oтворено општество – Македонија Скопје, застапувано од Ф.К.-П., извршна директорка на ФООМ, поднесена против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 24 јануари 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата отворено општество – Македонија Скопје, застапувано од Ф.К.-П., извршна директорка на ФООМ, поднесена против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Копија од записниците и заклучоците од состаноците на меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права за 2013, 2014, 2015 и 2016 година“, поради тоа што барателот добил одговор по Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-573 на 11.11.2016 година, изјавена од Фондацијата отворено општество – Македонија Скопје, застапувано од Ф.К.-П., извршна директорка на ФООМ, поднесена против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Фондација отворено општество – Македонија Скопје, застапувано од Ф.К.-П., извршна директорка на ФООМ, на 01.04.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.09-192/1 и Ургенција бр.09-192/2 од 23.09.2016 година до Министерството за правда поради непостапување по Барањето, со кое побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„Копија од записниците и заклучоците од состаноците на меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права за 2013, 2014, 2015 и 2016 година“.
Министерството за правда, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-573 од 15.11.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за правда на 28.12.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.19-1752/3 од 27.12.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-573. Во Одговор на жалба се наведува дека: „…Министерството за правда во прилог на ова Известување Ви доставува фотокопија од одговорот испратен до Фондацијата отворено општество – Македонија“.
Во прилог на Одговорот на жалба, Министерството за правда до Комисијата достави фотокопија од Извесувањето бр.19/1752/4 од 27.12.2016 година со кое до барателот се доставени бараните информации.
На 23.01.2017 година Фондацијата oтворено општество – Македонија Скопје достави е-маил до Комисијата заведен под бр.08-573, во кој наведува дека е задоволнa од добиениот одговор.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за правда постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето но со посредство на Комисијата.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Државната изборна комисија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 24 јануари 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Државната изборна комисија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Каде и како Државната изборна комисија го чува изборниот материјал од денот на гласање до прогласување на конечните резултати на изборите, но и по завршувањето на изборниот процес? Дали изборниот материјал за изборните циклуси во 2011, 2013 и 2014 година се уште и во целост се чува на безбедно место и кој треба да сноси одговорност доколку дел од доверливиот изборен материјал недостига? Колку време треба да се чува овој материјал, односно во кој рок и во каква процедура треба да се архивира или уништи?“, поради тоа што барателот добил одговор по Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-579 на 17.11.2016 година, изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Државната изборна комисија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, В.С. од Скопје на 10.10.2016 година, по електронски пат, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државната изборна комисија, со кое побарал да му се достави следната информација:
„Каде и како Државната изборна комисија го чува изборниот материјал од денот на гласање до прогласување на конечните резултати на изборите, но и по завршувањето на изборниот процес? Дали изборниот материјал за изборните циклуси во 2011, 2013 и 2014 година се уште и во целост се чува на безбедно место и кој треба да сноси одговорност доколку дел од доверливиот изборен материјал недостига? Колку време треба да се чува овој материјал, односно во кој рок и во каква процедура треба да се архивира или уништи?“.
Државната изборна комисија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-579 од 22.11.2016 година, ја препрати Жалбата до Државната изборна комисија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државната изборна комисија на 21.12.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-3349/2 од 20.12.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-579. Во Одговор на жалба се наведува дека: „Ве известуваме дека одговорот на барањето за пристап до информации од јавен карактер од В.С. е доставен до барателот во форма и начин на кое е побарано…“.
Во прилог на Одговорот на жалба, Државната изборна комисија до Комисијата ги достави сите списи во врска со предметот.
На 09.01.2017 година, Влатко Стојановски од Скопје достави е-маил до Комисијата, заведен под бр. 08-579, во кој наведува дека од Државната изборна комисија добил одговор на Барањето за пристап до информации од јавен карактер.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Државната изборна комисија постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето но со посредство на Комисијата.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.