ДОНЕСЕНИ 7 РЕШЕНИЈА И 2 ЗАКЛУЧОКА

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 154-та седница одржана на 22 декември 2016 година донесе 7 решенија и 2 заклучока.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.К. од Вевчани, поднесена против Решението на Педагошки факултет „Климент Охридски“ Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 22 декември 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од А.К. од Вевчани, поднесена против Решението на Педагошки факултет „Климент Охридски“ Скопје бр.02-1085/4 10.10.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Дали во евиденцијата на Педагошкиот факултет како студент на педагошка доквалификација постои лицето Б.Д. од Вевчани?
2. Ако постои, во кој период е извршен уписот (кој семестар и година)?
3. Во кој период ја има посетувано наставата и вежбите?
4. Ако изведувал педагошка пракса (клиничка пракса) во кое училиште ја изведувал истата и во кој период?
5. Ако има реализирано часови (наблудувачки и самостојни), каде се реализирани, под чие менторство и во кој период?
6. Ако има полагано испити од програмата, во кој период се полагани?“ СЕ ОДБИВА.
Решението на Педагошки факултет „Климент Охридски“ Скопје бр.02-1085/4 од 10.10.2016 година за одбивање на поднесеното барање за слободен пристап до информации од јавен карактер СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-561 на 25.10.2016 година, изјавена од А.К. од Вевчани, поднесена против Решението на Педагошки факултет „Климент Охридски“ Скопје бр.02-1085/4 од 10.10.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, А.К. од Вевчани на 22.09.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-1085/1 до Педагошкиот факултет „Климент Охридски“ Скопје, со кое побарал да му се достават следните информации:
„1. Дали во евиденцијата на Педагошкиот факултет како студент на педагошка доквалификација постои лицето Б.Д. од Вевчани?
2. Ако постои, во кој период е извршен уписот (кој семестар и година)?
3. Во кој период ја има посетувано наставата и вежбите?
4. Ако изведувал педагошка пракса (клиничка пракса) во кое училиште ја изведувал истата и во кој период?
5. Ако има реализирано часови (наблудувачки и самостојни), каде се реализирани, под чие менторство и во кој период?
6. Ако има полагано испити од програмата, во кој период се полагани?“.
Педагошкиот факултет „Климент Охридски“ Скопје, на 10.10.2016 година по електронски пат до барателот доставил Решение за одбивање на поднесеното барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр. 02-1085/4 од 10.10.2016 година.
Во Решението, Педагошкиот факултет „Климент Охридски“ Скопје наведува дека: „…По извршениот увид во карактерот на барањето се констатира дека навистина станува збор за лични податоци кои се заштитени со Законот за заштита на личните податоци, како и дека во член 34 од овој Закон е утврдена децидна процедура за давање на овие информации на други корисници надвор од органот во кој истите се прибрани, систематизирани и обработени. Со оглед на фактот што подносителот на барањето не припаѓа на категоријата корисник утврдена во претходниот цитиран член, а истиот побарал информации од личен карактер, а не од јавен, следеше да се примени член 6 ст. 1 т. 2 од Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер…“.
Незадоволен од наведеното Решение, А.К. од Вевчани поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-561 од 31.10.2016 година, ја препрати Жалбата до Педагошкиот факултет „Климент Охридски“ Скопје и согласно Законот за општата управна постапка, побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 14.11.2016 година Педагошкиот факултет „Климент Охридски“ Скопје до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-1085/6 од 10.11.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-561. Во дописот е наведено следното:
„…Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ од Скопје, во својот одговор на жалба истакнува дека истата е неоснована, бидејќи бараните податоци се од личен карактер и истите не може да се издаваат…Истакнувањето на цитираниот Правилник-ци како доказ за основаноста на барањето не држи, од причина што станува збор за акт донесен од Министерот за образование и накука, со кој се регулираат прашањата за начинот на следењето на наставата, полагањето на испитите за педагошко-психолошка и методиска подготовка…а не за акт врз основа на кој се уредува издавањето на податоци за студенти запишани по овој основ на нашиот Факултет…Исто така, не држи и повикувањето на постојната Одлука за листа на информации од јавен карактер на овој Факултет, бидејќи во истата навистина постои оддел кој се однесува на распоред на предавања и вежби…а не на податоци кои се однесуваат на студентите, или кои кога се објавуваат се објавуваат без можност да се утврди идентитетот на соодветниот студент…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Педагошкиот факултет „Климент Охридски“ Скопје постапил согласно член 6 став 1 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и до барателот доставил Решение со кое го одбил Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондација Отворено Општество- Македонија (ФООМ), застапувано од Ф.К.-П., извршна директорка на ФООМ поднесена против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 22 декември 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондација Отворено Општество- Македонија (ФООМ), застапувано од Ф.К.-П, извршна директорка на ФООМ, поднесена против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.
Заклучокот на Министерството за правда бр.19-1751/2 од 12.05.2016 година СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-574 на 11.11.2016 година, изјавена од Фондација Отворено Општество- Македонија (ФООМ), застапувано од Ф.К.-П., извршна директорка на ФООМ, поднесена против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја ОДБИ како неоснована и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Фондација Отворено Општество- Македонија (ФООМ) на 01.04.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.09-197/1 и Ургенција бр.09-197/2 од 23.09.2016 година до Министерството за правда, со кое побарало по пошта, да и достават фотокопија од следната информација:
„Листа на закони за кои меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права предложила измена како резултат на одлука на ЕСЧП против РМ и информација кои од дадените предлози се усвоени од страна на Собранието“.
Министерството за правда, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање и Ургенција не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-574 од 14.11.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и, согласно Законот за општата управна постапка, побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 05.12.2016 година Министерството за правда достави до Комисијата Одговор на жалба бр.19-1751/4 од 01.12.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-574. Во Одговорот на жалба, се наведува дека: “…Министерството за правда со допис бр.19-1751/2 од 12.05.2016 година и доставило одговор на Фондацијата, односно со Заклучок ја известило дека не ја поседува бараната информација. Во прилог на Одговорот достави фотокопија од Заклучокот бр.19-1751/2 и фотокопија од доставницата. Во Заклучокот е наведено дека: “…Информацијата што се бара во предметното Барање за пристап до информации од јавен карактер, подразбира создавање на нова информација која што би била срочена ексклузивно за потребите на барателот. Нејзиното создавање несомнено подразбира дополнителен ангажман од страна на вработените…“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за правда постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донесе Заклучок со кое постапката по Барањето за пристап до информации од јавен карактер се прекинува, повикувајќи се на член 3 став 2 од Законот за слободниот пристап до информации од јавен карактер “информација од јавен карактер“ е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата, согласно со неговите надлежности.
Од списите на предметот може да се утврди дека Министерството за правда до барателот на 12.05.2016 година доставил Заклучок. А барателот истиот го примил на 16.05.2016 година , за што Министерството за правда достави повратница од пошта.
Против наведениот заклучок барателот не поднел Жалба.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.С., новинар во ТВ Алсат- М, поднесена против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 22 декември 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Н.С., новинар во ТВ Алсат- М, поднесена против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“1. Податок за тоа кои поранешни функционери користат или користеле физичко обезбедување од МВР од јануари 2015 заклучно со октомври 2016 година?“
2. Податок за тоа кои и колку лица користат обезбедување од МВР и по кој основ од јануари 2015 година заклучно со октомври 2016 година.“, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-593 на 28.11.2016 година, изјавена од Н.С., новинар во ТВ Алсат- М, поднесена против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Н.С., новинар во ТВ Алсат- М, на 01.11.2016 година поднела две Барања за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за внатрешни работи, со кое побарала преку е маил, да и се достави електронски запис од следните информации:
“1. Податок за тоа кои поранешни функционери користат или користеле физичко обезбедување од МВР од јануари 2015 заклучно со октомври 2016 година?“
2. Податок за тоа кои и колку лица користат обезбедување од МВР и по кој основ од јануари 2015 година заклучно со октомври 2016 година.“Правниот факултет.“
Постапувајќи по наведените Барања, Министерството за внатрешни работи, како што е наведено во Жалбата, до Н.С., новинар во ТВ Алсат – М преку е маил доставило Одговор на барања за пристап до информации од јавен карактер заведено во Министерството под рег.бр.16.1.2-1869/1 од 25.11.2016 година.
Незадоволна од добиениот Одговор, Н.С., новинар во ТВ Алсат- М, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-593 од 01.12.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и согласно Законот за општата управна постапка, побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за внатрешни работи на 16.12.2016 година до Комисијата достави Допис заведен во Министерството под рег.бр.16-1.2-1960/1 од 13.12.2016 година, а во Комисијата под бр. 08-593. Во прилог на Дописот ги достави сите списи во врска со предметот. Во Одговорот на барања за пристап до информации од јавен карактер заведен под рег.бр.16.1.2-1869/1 од 25.11.2016 година до Н.С., новинар во ТВ Алсат- М, Министерството наведува: “…Ве известуваме дека бараните податоци претставуваат класифицирана информација, освен за личностите што обезбедуваат согласно член 4 од Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Министерството за внатрешни работи не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Министерството за внатрешни работи го одбил пристапот до бараната информација наведувајќи дека бараните податоци претставуваат класифицирана информација, но не донело Решение за одбивање на пристапот со образложение и спроведување на тестот на штетноста.
Доколку Министерството за внатрешни работи смета дека бараните информации се исклучок од членот 6 став 1 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, должно е да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, со образложение во кое ќе ги наведе причините за одбивањето. Пред да го одбие пристапот должно е да го направи тестот на штетност, што согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата. Спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација. Доколку, Министерството за внатрешни работи утврди дека документот или негов дел содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, согласно член 7 од истиот Закон, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
Исто така , Комисијата му укажува на имателот дека во иднина при постапувањето треба по секое барање да постапи одделно и да достави одговор или управен акт, а не како во конкретниот случај за две поединечни барања да доставува еден одговор.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Решението на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 22 декември 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Решението на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ – Скопје бр.03-4/10-1 од 25.11.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Во објектот „Милениумски крст“, што се наоѓа на врвот на Водно, во приземјето постои продавница на фирмата „Милениумски крст“ ДООЕЛ Скопје, ул.Ботун 17 Б. Претпоставувам дека постои некаков писмен акт меѓу ЈСП и таа фирма, со кој е договорено користењето на тој простор од страна на фирмата, па ве молам да ми доставите фото-копија од тој акт“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ – Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Решението на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ – Скопје бр.03-4/10-1 од 25.11.2016 година СЕ ПОНИШТУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-596 на 28.11.2016 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Решението на Јавното сообраќјно претпријатие „Скопје“ – Скопје бр.03-4/10-1 од 25.11.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ – Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Решението на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ – Скопје бр.03-4/10-1 од 25.11.2016 година го поништи.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, П.Б. од Скопје, на 28.10.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ – Скопје, заведено во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ – Скопје под бр.03-4/10 на 28.10.2016 година, со кое побарал да му ја достави следната информација:
„Во објектот „Милениумски крст“, што се наоѓа на врвот на Водно, во приземјето постои продавница на фирмата „Милениумски крст“ ДООЕЛ Скопје, ул.Ботун 17 Б. Претпоставувам дека постои некаков писмен акт меѓу ЈСП и таа фирма, со кој е договорено користењето на тој простор од страна на фирмата, па ве молам да ми доставите фото-копија од тој акт“.
Постапувајќи по наведеното Барање, Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ – Скопје до П.Б. од Скопје доставило Решение за одбивање бр.03-4/10-1 од 25.11.2016 година. Во Решението е наведено дека: „Од страна на ЈСП Скопје разгледано е барањето и одлучено е да се одбие поради следното: Согласно член 6 став 1 точка 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер имателите на информации можат да го одбијат барањето за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на комерцијални и други економски интереси и чие давање ќе има штетни последици во остварување на функцијата“.
Незадоволен од добиеното Решение од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ – Скопје, П.Б. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-596 од 01.12.2016 година, ја препрати Жалбата до Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ – Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ – Скопје на 14.12.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-4/11-1 од 12.12.2016 година. Во Одговорот се наведува дека: „ЈСП Скопје останува во се како во образложението на Решението со кое Барањето за пристап за информации од јавен карактер го одбива. Сметаме дека давањето на информации во вид на фотокопија од постоечки акт за издавање под закуп на деловен простор во објект Милениумски крст е спротивно на комерцијалните и економските интереси како на ЈСП СКОПЈЕ така и на правните лица запупци и давањето на таква информација ќе има штетни последици во остварување на функцијата.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ – Скопје не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, односно согласно член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е должнo да ја информира јавноста за информации кои произлегуваат од надлежноста и работата на имателот на информации. Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ – Скопје во образложението на Решението за одбивање не го навело тестот на штетност и не кажало какви штетни последици ќе произлезат и за кого.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер му укажува на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ – Скопје дека бараната информација е информација од јавен карактер и барателот на информација има право да ја добие, бидејќи Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ – Скопје има јавни овластувања и е должна да ја информира јавноста за својата работа.
Согласно член 3 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „информација од јавен карактер“ е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, застапуван од У.П., извршен директор, поднесена против Заклучокот на Јавното обвинителство на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 22 декември 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, застапуван од У.П., извршен директор, поднесена против Заклучокот на Јавното обвинителство на Република Македонија А.бр.03-747/21 од 21.10.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
Заклучокот на Јавното обвинителство на Република Македонија, А.бр.03-747/21 од 21.10.2016 година за прекинување на постапката по Барањето за пристап до информации од јавен карактер СЕ ПОНИШТУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-571 на 09.11.2016 година, изјавена од Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, застапуван од У.П., извршен директор, поднесена против Заклучокот на Јавното обвинителство на Република Македонија, А.бр.03-747/21 од 21.10.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Заклучокот на Јавното обвинителство на Република Македонија, А.бр.03-747/21 од 21.10.2016 година за прекинување на постапката по Барањето за пристап до информации од јавен карактер го поништи.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, застапуван од У.П., извршен директор, на 28.09.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-863 од 26.09.2016 година до Основното јавно обвинителство Велес, со кое побарало да му се достават следните информациите:
„1. Број на кривични пријави поднесени од МВР и граѓани врз основа на членовите 319 Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа, 394-г Предизвикување омраза, ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем и 417 Расна и друга дискриминација од КЗ на РМ а, при тоа како основи за кривичните дела наведувајќи ја припадноста на друга маргинализирана група – сексуална ориентација и/или родов идентитет?
1.1. Број на поведени истражни постапки (вклучително и по службена должност) и број на поднесени обвинителни акти или предлози до надлежен суд?
2. Број на кривични пријави поднесени од МВР и граѓани во кои се наведува припадноста н друга маргинализирана група – сексуална ориентација и/или роднов идентите на жртвата како основ за извршеното кривично дело?
2.1. Број на поведени истражни постапки (вклучително и по службена должност) и број на поднесени обвинителни акти или предлози до надлежен суд?“
Јавното обвинителство на Република Македонија, постапувајќи по Барањето за пристап до информации од јавен карактер, до барателот доставило Заклучок А бр.03-747/21 од 21.10.2016 година, заведен во Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија под бр.03-863/5 на 25.10.2016 година, во кој наведува дека: „ Халсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија до основните јавни обвинителства во Република Македонија под бр.030-863 поднесе барање за слободен пристап до информации од јавен карактер.“ Со Заклучокот, Јавното обвинителство на Република Македонија ја прекинува постапката по Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Хелсиншкиот комитет за човекови права, согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со образложение: “Јавното обвинителство на Република Македонија постапувајќи по барањето констатираше дека бараните информации не се информации со кои располагаме и сме ги создале, во смисла на чл.3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно информации кои веќе во бараната форма постојат, од причина што во Јавното обвинителство на Република Македонија не се прават ваков вид статистички анализи.”
Незадоволен од добиениот Заклучок, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, застапуван од У.П., извршен директор, на 09.11.2016 година поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата се наведува: „Во образложението на заклучокот ЈОРМ вели дека бараните информации не се информации со кои обвинителството располга и ги создало, од причина што јавните обвинителства во Република Македонија не прават ваков вид статистички анализи. Ја информираме Комисијата дека во тек на месец март 2016 година доставивме барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до сите основни јавни обвинителства ширум земјава. Од 22 основни јавни обвинителства во Република Македонија од 20 добивме позитивни одговори по барањата во кои ни беше доставена бараната сегрегирана статистика по членовите 137, 139, 319, 394-г, 407-а и 417 од Кривичниот законик…“
Комисијата, со допис бр.08-571 од 10.11.2016 година ја препрати Жалбата до Јавното обвинителство на Република Македонија и побара во рок од 7 дена од денот на доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 21.11.2016 година Јавното обвинителство на Република Македонија до Комисијата достави Одговор на жалба А.бр.03-747/28 од 17.11.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-571. Јавното обвинителство на Република Македонија во Одговорот на жалба наведува: „Како одговор на жалбата наведуваме дека донесениот Заклучок А.бр.03-747/21 од 21.10.2016 година е основан и законски заснован, бидејќи бараните информации не се информации со кои располагаме и сме ги создале, во смисла на чл.3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно информации кои во бараната форма веќе постојат. Имено, во Јавното обвинителство на Република Македонија, ниту во останатите јавни обвинителства на Република Македонија не се прават ваков вид статистички анализи и таква информација, како готова информација, во обвинителствата не постои.“
На 20.12.2016 година Јавното обвинителство на Република Македонија до Комисијата достави допис А.бр.03-747/29 од 20.12.2016 година, а во Комисијата заведен под бр.08-571. Во дописот наведува: „Во оваа смисла е постапено и по поднесените барања од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија бр.030-863 и донесениот заклучок под наш А.бр.03-747/21 од 21.10.2016 година, се однесува на барањата поднесени до Основните јавни обвинителства: Велес, Дебар, Гевгелија, Ресен, Штип, Свети Николе, Радовиш, Гостивар, Битола, Охрид, Кавадарци, Кичево, Берово, Делчево, Крива Паланка, Струмица, Прилеп, Скопје, Струга, Тетово, Кочани и Куманово. Со оглед на тоа дека се работи за барања со иста осдржина, сите барања се заведени под исти архивски број и по истите е донесена една одлука.“ Во прилог на дописот ги достави Барањата за пристап до информации од јавен карактер од Основното јавно обвинителство Радовиш, Штип, Свети Николе, Ресен и дописот со кои се препратени овие Барања до Јавното обвинителство на Република Македонија за постапување.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Јавното обвинителство на Република Македонија не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бидејќи со еден заклучок ја прекинува постапката по повеќе поединечни Барања за пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува дека Јавното обвинителство на Република Македонија при повторното постапување треба да донесе Заклучок за спојување на постапката по сите поднесени Барања за пристап до информации од јавен карактер до сите Основни јавни обвинителства на Македонија, а потоа да постапи согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер. Во образложението на Заклучокот за спојување на постапката да се наведат сите Барања поединечно, односно основните обвинителства до кои е поднесено Барањето.
При повторното постапување по предметот, Јавното обвинителство на Република Македонија да ги има во предвид укажувањата на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 22 декември 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Фискални сметки, фактури, сметкопотврди и комплетен преглед на картичка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за сите трошоци направени од јануари 2015 до септември 2016 година, и тоа трошоци за угостителски услуги во земјава и странство, трошоци за пат, хотели, ресторани и дневници, точење бензин за службени возила за сите вработени“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-599 на 05.12.2016 година, изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Н.С. од Скопје, на 01.11.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со кое побарала преку е-маил, да и се достави електронски запис од следната информација:
„Фискални сметки, фактури, сметкопотврди и комплетен преглед на картичка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за сите трошоци направени од јануари 2015 до септември 2016 година, и тоа трошоци за угостителски услуги во земјава и странство, трошоци за пат, хотели, ресторани и дневници, точење бензин за службени возила за сите вработени“.
Постапувајќи по наведеното Барање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до Н.С. од Скопје, преку е маил, доставило Одговор на барање, заведено во Министерството под бр.02-9752/4 на 29.11.2016 година.
Незадоволна од добиениот Одговор, Н.С. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата е наведено дека „Добиениот одговор не ги содржи во целост информациите што се бараа…испратени се само делумни одговори, но не и барањата да се достават копии од фискалните сметки и останати документи за трошоци направени по точно наведени основи…пратени се само сумирани податоци…“.
Комисијата, со допис бр.08-599 од 06.12.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на 21.12.2016 година, одговори на Жалбата со допис насловен Доставување на списи бр.02-9752/8 од 20.12.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-599. Меѓу доставените списи се наоѓа и Известувањето од Одделението за сметководство и плаќања на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство бр.02-9752/7 од 20.12.2016 година, во кој е наведено дека „…поради обемот на документацијата и тековните обврски не е во можност во краток временски период да ги прибере и достави бараните документи и податоци“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Образложението за неможност навремено да се достават бараните податоци поради нивната обемност и потребно време за нивно „прибирање“ не е основ за недавање целосен одговор по Барањето за пристап до информации од јавен карактер. Во конкретниот случај, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство било должно да го примени членот 22 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, кој предвидува можност за продолжување на рокот за доставување на бараната информација, но најмногу до 40 дена од денот на приемот на Барањето. За истото барателот писмено се известува три дена пред истекот на рокот од 30 дена од денот на приемот на Барањето.
Исто така, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не постапило ниту согласно член 29 став 5 од истиот Закон, според кој „ако Барањето се однесува на информација од поголем обем, имателот на информацијата може да бара барателот да го даде однапред надоместокот за покривање на трошоците за добивање на информацијата“, утврдени со Одлука на Владата на Република Македонија бр.19-6310/1 од 24.12.2006 година.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Министерството за надворешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 22 декември 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Министерството за надворешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку држави досега ја признале Македонија под уставно име и кои се тие?“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за надворешни работи на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-586 на 24.11.2016 година, изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Министерството за надворешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за надворешни работи на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Како што се наведува во Жалбата, В.С. од Скопје, на 13.10.2016 година до Министерството за надворешни работи поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое ја побарал следната информација:
„Колку држави досега ја признале Македонија под уставно име и кои се тие?“.
Министерството за надворешни работи до В.С. од Скопје, на 11.11.2016 година доставило Одговор на барање, заведено во Министерството под бр.04-35692/1. Во Одговорот е наведено дека „…Барањето…не претставува информација од јавен карактер, со оглед дека поголемиот дел од документите со кои се извршени признавањата се со статус на класифицирани документи“.
Незадоволен од добиениот Одговор, В.С. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-586 од 28.11.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за надворешни работи и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за надворешни работи не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за надворешни работи не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставила бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Доколку Министерството за надворешни работи сметало дека одредени информации од Барањето претставуваат исклучоци наведени во член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, наместо Барањето да го одбие со Одговор на барање заведено во Министерството под бр.04-35692/1 на 11.11.2016 година, должно било да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, со образложение во кое ќе ги наведе причините за одбивањето. Пред да го одбие пристапот должно било да го направи тестот на штетност, што согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата“. Спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација.
Доколку, пак, Министерството за надворешни работи утврдило дека документот или негов дел содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, согласно член 7 од истиот Закон, требало да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во случајот, утврди дека Министерството за надворешни работи не постапило согласно членот 10 став 1 алинеја 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, согласно кој имателот на информации е должен да ја информира јавноста „за податоци од неговите надлежности утврдени со закон“. Во случајот, барателот не барал да му бидат доставени документи кои се класифицирани со одреден степен на тајност, туку барал само бројка на држави во светот кои досега ја признале Македонија под уставно име и назив на тие држави, односно информација со која располага Министерството за надворешни работи согласно своите надлежности, а која не претставува исклучок од слободниот пристап до информации од јавен карактер.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесена преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 22 декември 2016 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесена преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку средства прибрани од наплата на акцизи за цигари Министерството за финансии префрлило на соодветната сметка на Министерството за здравство во рамки на трезорската сметка во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (од 01.01.2016 до 30.06.2016 година)? (Напомена: Износите да бидат наведени за секоја година поодделно. Дополнително, завршната сметка на буџетот на РМ не го содржи аналитички приказ на одделните приходи во рамки на генеричкото конто акцизи, затоа повикувањето на Завршната сметка нема да се смета за одговор на ова барање)“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-471 на 26.09.2016 година, изјавена од Здружението на граѓани ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесена преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, на 22.08.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 03-588/1 до Министерството за финансии, примено во Министерството на 23.08.2016 година и заведено под бр.03-4781/1со кое побарало по пошта или по е-маил да му достават фотокопија од следната информација:
„Колку средства прибрани од наплата на акцизи за цигари Министерството за финансии префрлило на соодветната сметка на Министерството за здравство во рамки на трезорската сметка во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (од 01.01.2016 до 30.06.2016 година)? (Напомена: Износите да бидат наведени за секоја година поодделно. Дополнително, завршната сметка на буџетот на РМ не го содржи аналитички приказ на одделните приходи во рамки на генеричкото конто акцизи, затоа повикувањето на Завршната сметка нема да се смета за одговор на ова барање)“.
Постапувајќи по наведеното Барање, Министерството за финансии до Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје доставило Известување за препраќање на предмет во надлежност бр.03-4782/5 од 15.09.2016 година, заведено во Здружението под бр.03-585/2 на 20.09.2016 година, со кој го известило Здружението дека Барањето е препратено до Министерството за здравство согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Незадоволно од добиеното Известување од Министерството за финансии, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-471 од 04.10.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 20.10.2016 година, Министерството за финансии до Комисијата достави Известување бр.03-5945/2 од 19.10.2016 година заведено во Комисијата под бр.08-471. Во Извесутвањето се наведува дека: „…Министерството за финансии со допис бр.03-5350/4 од 14.10.2016 година до барателот ги достави бараните информации.“ Во прилог на Известувањето го достави дописот насловен до Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје бр.03-5350/4 од 14.10.2016 година.
На 14.12.2016 година Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје достави е-маил до Комисијата, во кој се наведува дека добиле оговор за бараната информација.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за финансии постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 22 декември 2016 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбите бр.08-396 од 19.09.2016 година и бр.08-396 од 03.11.2016 година, изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колкав е бројот на центри за советување, поддршка, едукација и превенција кои се занимаваат со прашања поврзани со млади кои се без родителска грижа, во цела Република Македонија во 2014 година? (Под млади се подразбираат сите луѓе на возраст од 15 до 30 година.)“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ги разгледа Жалбите бр.08-396 од 19.09.2016 година и бр.08-396 од 03.11.2016 година, изјавени од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесени преку Х.Ј., извршен директор на ХОПС, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-396 на 19.09.2016 година, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС, до Министерството за труд и социјална политика поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-521/1 на 20.07.2016 година, заведено во Министерството без арх. бр. на 21.07.2016 година. Во прилог на ова Барање поднесени се 113 поединечни Барања за пристап до информации од јавен карактер. Во поединечното Барање, како што е наведено во Жалбата, барателот барал по пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следната информација:
„Колкав е бројот на центри за советување, поддршка, едукација и превенција кои се занимаваат со прашања поврзани со млади кои се без родителска грижа, во цела Република Македонија во 2014 година? (Под млади се подразбираат сите луѓе на возраст од 15 до 30 година.)“
Во Жалбата е наведено дека „во телефонски разговор…претставник на Министерството за труд и социјална политика извести дека сите поединечни Барања се пристигнати во институцијата и дека ќе бидат одговорени во пропишаниот рок“. Одговор на поднесеното Барање до моментот на поднесувањето на Жалбата не е доставен до Здружението, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-396 од 27.09.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 14.10.2016 година, Министерството за труд и социјална политика до Комисијата достави Известување бр.14-7074/60 од 10.10.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-396. Во Известувањето е наведено дека „Министерството за труд и социјална политика постапи навремено и до барателот ја достави бараната информација под број 14-7074/60 од 6.10.2016 година…“. Во прилог на Известувањето до Комисијата не е доставена фотокопија од одговорот доставен до барателот на информацијата.
Незадоволно од добиениот одговор, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС, на 03.11.2016 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена во Комисијата под бр.08-396. Во Жалбата е наведено дека „во одговорот на МТСП…се вели дека…не располага со бараните информации“.
Комисијата, со допис бр.08-396 од 07.11.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика на 25.11.2016 година до Комисијата достави Известување бр.14-7074/59 од 24.11.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-396. Во Известувањето е наведено дека по Жалбата бр.08-396 од 03.11.2016 година од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, застапувано од Х.Ј., извршен директор на ХОПС „…донесе Заклучок за запирање на постапката…согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…“. Во прилог на Известувањето до Комисијата е доставена фотокопија од наведениот Заклучок бр.14-7074/60 од 17.11.2016 година „…со кој имателот ја прекинува постапката, затоа што не располага со бараната информација…“.
На 21.12.2016 година Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје достави е-маил до Комисијата заведен под бр.08-396, во кој наведува дека нема да поднесат понатамошна Жалба.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.