Врз основа на член 29 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јаван карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/06), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 24.12.2006 година, донесе

ОДЛУКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОК ЗА МАТЕРИЈАЛНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА ДАДЕНАТА ИНФОРМАЦИЈА ОД ИМАТЕЛИТЕ НА ИНФОРМАЦИИ

Член 1

Со оваа одлука се утврдува надоместокот за материјалните трошоци за дадената информација од имателите на информации.

Член 2

(1) Барателот на информација за добиениот препис, фотокопија или електронски запис на информацијата плаќа надоместок.
(2) Надоместокот за дадената информација, во вид опишан во ставот 1 на овој член, изнесува:
– за умножување на еден лист, А-4 формат – 1 денар,
– за печатење во една боја, на еден лист, А-4 формат – 2 денари,
– за електронски запис на информацијата на едно компјутерско ЦД – 21 денар,
– за препис на една страница од лист, А-4 формат – 5 денари.

Член 3

Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

 

Бр. 19-6310/1
24 декември 2006 година
Скопје

 

Претседател на Владата
на Република Македонија,
м-р Никола Груевски, с.р.