На Градежен факултет-Скопје се организираат студии на трет циклус по само една студиска програма: Градежништво која се состои од пет подпрограми: Конструкции, Хидротехника, Сообраќајна инфраструктура, Геотехника и Организација, технологија и менаџмент во градежништво.
Раководител на Советот за докторски студии по градежништво e Проф. д-р Љупчо Петковски.
Вид на програма Академски студии од трет циклус
Назив на студиската

програма

македонски Трет циклус на студии по градежништво
Англиски Third cycle of studies in civil engineering
Акроним Трет циклус, докторски студии
Институција

предлагач

Градежен факултет при

Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје

Траење 3 години (6 семестри)
ЕКТС 180 кредити

1.Обука за истражување и едукација – 60 ЕКТС-кредити

2.Изработка на докторска дисертација – 120 ЕКТС-кредити

 

 

Јазик Македонски-Англиски
Назив на дипломата Македонски Доктор на технички науки
Англиски Doctor of Technical Sciences, PhD

 

Студиската програма се состои од два главни дела:

  1. Обука за истражување и едукација во обем од 60 ЕКТС-кредити.
  2. Изработка на докторска дисертација во обем од 120 ЕКТС-кредити.

1. Обука за истражување и едукација

Обуката за истражување се спроведува во текот на првиот и вториот семестар од студиската програма (во првата година). Истата се состои од три предмети за стекнување на генерички знаења и вештини (во обем од 12 ЕКТС-кредити), и од докторски семинари, конференции и работилници (во обем од 18 ЕКТС-кредити). Обуката за истражување се спроведува во рамките на Школата за докторски студии на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“.

Едукацијата се состои од пет предметни програми, еден до два од пошироката област на истражувањето, од кој еден задолжителен од групата предмети по математика и информатика и три до четири од потесната област на истражување. Обемот на едукацијата е 30 ЕКТС-кредити. Едукацијата се спроведува од страна на Градежниот факултет во Скопје. Дел од едукацијата, по избор на кандидатот, а со согласност на менторот, може да се спроведе на друга единица од Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, на друг државен универзитет, или на универзитети во Европа и светот со кои УКИМ има склучено билатерални договори за соработка.

За студенти од други струки, доколку е потребно предзанење за следење на предметите од трет циклус, менторот може да предложи на Советот на докторски студии, полагање на максимум два предмети од листата на предмети од вториот циклус. Доколку во тековниот семестар се одржуваат предавања по избраниот предмет, студентот ќе може да се приклучи на истите, во спротивно наставата ќе се изведува менторски. Кредитите од овие дополнителни предмети ќе бидат зголемување на 30-те кредити за едукација, кои се добиваат по предметите од трет циклус.

I семестар Фонд на часови Кредити
  1/  Предметна програма за стекнување генерички знаења 4 4
  2/  Предметна програма за стекнување генерички знаења 4 4
  3/  Предметна програма за стекнување генерички знаења 4 4
  4/  Предметна програма од група А или В 1) 4 6
  5/  Предметна програма од група А или Б 4 6
  6/  Предметна програма од група Б 4 6
Вкупно: 24 30
  • Група В се предметни програми од подрачјето на истражување понудени во студиските програми на другите единици на Универзитетот, на некој од државните универзитети во Р.Македонија, како и на универзитети во Европа и светот со кои УКИМ има склучено билатерални договори за соработка
II семестар Фонд на часови Кредити
  1/  Предметна програма од група Б 4 6
  2/  Предметна програма од група Б или Г 2) 4 6
  3/  Докторски семинар со презентација (2) 2
  4/  Истражување за подготовка на тема за докторска дисертација (14) 14
  5/  Годишна конференција со презентација на извештај (2) 2
Вкупно: 28 30
  • Група Г се предметни програми од потесната област на истражување понудени во студиските програми на другите единици на Универзитетот, на некој од државните универзитети во Р.Македонија, како и на универзитети во Европа и светот со кои УКИМ има склучено билатерални договори за соработка

Кандидатот ги избира предметните програми во договор со менторот.

   

  1. Изработка на докторска дисертација

Изработката на докторската дисертација опфаќа:

  • подготовка на тема – оригинално истражување на кандидатот
  • пријавување на тема за докторска дисертација
  • објавување на печатени трудови
  • пишување на дисертацијата
  • поднесување на изработената дисертација
  • јавна одбрана на дисертацијата
III семестар Кредити
   1/  Подготвување и поднесување на пријавата за темата за докторска дисертација 28
  2/  Докторски семинар со презентација на извештај 2
Вкупно: 30

 

IV семестар Кредити
   1/  Работилница за истражувачка практика 3
  2/  Истражување и објавување на резултати 25
  3/  Годишна конференција со презентација на извештај 2
Вкупно: 30

 

V семестар Кредити
   1/  Истражување и објавување на резултати 28
  2/  Докторски семинар со презентација на извештај 2
Вкупно: 30

 

VI семестар Кредити
   1/  Работилница за истражувачка практика 3
  2/  Истражување и пишување на дисертацијата 25
  3/  Годишна конференција со презентација на извештај 2
Вкупно: 30

Линкови

  1. Листа на предметни програми
  2. Задолжителни и изборни активности
  3. Структура на студиите, динамика на студирање, обврски на студентите

Документи