Кинематика и динамика

1. Присуството на наставата (предавања и вежби) е статутарна обврска на секој студент која директно не се оценува.

2. Во текот на семестарот се спроведуваат 2 колоквиуми кои содржат задачи (ознака КЗ) и/или теорија (ознака КТ). Студентот може да избере дали сака да полага само задачи или и задачи и теорија. Секој дел од колоквиумот се оценува со поени од 0-10 и учествува со по 40% во формирањето на завршната оценка по предметот. Колоквиумите се сметаат за положени доколку се освоени минимум 50% од максималните можни поени.

3. Во текот на семестарот, како интегрален дел од колоквиумите, се спроведуваат прашања за потпис (ознака ПП). На овој дел од колоквиумот се одговара на едноставни и кратки прашања, формули и скици. Прашањата за потпис се оценуваат со поени од 0 до 10 и учествуваат со 20% во формирањето на завршната оценка по предметот.

4. Услов за добивање потпис по предметот е да се соберат најмалку 20% од прашањата за потпис и колоквиумите со задачи (КЗ+ПП20%).

5. Доколку студентот ги положил колоквиумите задачи (КЗ 20%)и КЗ+ПП35%, тогаш на завршен испит се полага само теорија која учествува со 40% во завршната оценка по предметот.

6. Доколку студентот ги положил колоквиумите задачи и КЗ+ПП35%,а истовремено ги положил и колоквиумите теорија (КТ 20%), тогаш студентот целосно ги завршил обврските кон предметот и не оди на завршен испит.

7. Доколку студентот се стекнал со право на потпис, а не ги положил ниту колоквиумите задачи ниту колоквиумите теорија, тогаш на завршен испит полага и задачи и теорија кои учествуваат со по 40% во завршната оценка по предметот, а од семестарот му се пренесуваат само поените кои ги освоил за потпис т.е 20%.

 

КРИТЕРИУМ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ЗАВРШНАТА ОЦЕНКА:

вкупно поени

55-64

64-73

73-82

82-91

91-100

оценка

6

7

8

9

10

Нема да постои можност за дополнително извршување на неизвршените обврски (нереализирана работа на час или непојавување на колоквиум).

Сите потребни информации, како и целиот потребен материјал (предавања, решени задачии сл.) во врска со предметот Кинематика и Динамика студентите можат да го превземат од WEB страната  http://ktmjm.gf.ukim.edu.mk и piazza.

Со желба за плодна соработка ви посакуваме успех во совладувањето на материјата од предметот!