Во рамките на студиската програма предвидени се неколку задолжителни активности. На крајот од вториот семестар (на почетокот од септември) предвидена е годишна конференција на која кандидатите презентираат извештај за постигнувањата во тековната година. Позитивно оценетиот извештај се вреднува со 2 ЕКТС-кредити.

На крајот од третиот семестар (на крајот од јануари) предвиден е докторски семинар на кој кандидатите презентираат извештај за постигнувањата во тековниот семестар. Позитивно оценетиот извештај се вреднува со 2 ЕКТС-кредити.

На почетокот од четвртиот семестар (на почеток од февруари) предвидена е работилница за истражувачка практика. Учеството на кандидатите во работилницата им се вреднува со 3 ЕКТС-кредити.

На крајот од четвртиот семестар (на почетокот од септември) предвидена е годишна конференција на која кандидатите презентираат извештај за постигнувањата во тековната година. Позитивно оценетиот извештај се вреднува со 2 ЕКТС-кредити.

На крајот од петтиот семестар (на крајот од јануари) предвиден е докторски семинар на кој кандидатите презентираат извештај за постигнувањата во тековниот семестар. Позитивно оценетиот извештај се вреднува со 2 ЕКТС-кредити.

На почетокот од шестиот семестар (на почеток од февруари) предвидена е работилница за истражувачка практика. Учеството на кандидатите во работилницата им се вреднува со 3 ЕКТС-кредити.

На крајот од шестиот семестар (на почетокот од септември) предвидена е годишна конференција на која кандидатите презентираат извештај за постигнувањата во тековната година. Позитивно оценетиот извештај се вреднува со 2 ЕКТС-кредити.

Како изборна активност се смета учество на кандидатот на домашни и меѓународни конгреси и симпозиуми, во својство на автор или коавтор на презентиран труд. Овие активности се вреднуваат со одреден број на ЕКТС-кредити, но не повеќе од 3 кредити. Бројот на кредити го одредува Советот на студиската програма. Вкупниот број на реализирани кредити по основ на изборни активности неможе да биде поголем од 9 ЕКТС-кредити.