д-р Ѓорѓиев Ѓорѓи

д-р Ѓорѓиев Ѓорѓи

Доцент

локал 238

Доц. д-р Ѓорѓи Ѓорѓиев e член на Катедрата за геодезија. Дипломирал на Градежен факултет-Скопје при УКИМ во 2006 година, магистрирал во 2008 година на Кралскиот институт за технологија – Стокхолм, Шведска а докторирал во 2015 година на Градежен факултет-Скопје при УКИМ. На прв циклус ги предава следните предмети: „Геоинформациони системи“, „Геодетски подлоги“, „Софтверски пакети во геодезијата“ и „Бази на податоци“на СП Геодезија и „Геоинформациони системи“ на Архитектонски факултет при УКИМ. На втор циклус ги предава следните предмети: „Просторни модели и анализи“ и „Дистрибуирани геоинформациски системи“ на СП Геодезија и „Одржлив развој на урбани средини“ на СП Менаџмент со недвижности.