д-р Панчовска Ж. Валентина

д-р Панчовска Ж. Валентина

Редовен професор

локал 141

Проф. д-р Валентина Жилеска-Панчовска e член на Катедрата за организација и технологија на градење. Дипломирала на Градежен факултет-Скопје при УКИМ во 1989 година, магистрирала во 1995 година а докторирала во 1999 година на Градежен факултет-Скопје при УКИМ. На прв циклус го предава следниот предмет: „Организација и механизација“ на СП Градежништво. На втор циклус ги предава следните предмети: „Проектен менаџмент“на СП Градежништво и СП Геотехника, „Проектен менаџмент во градежништво“ од листата на УКИМ, како и „Организација и безбедност на градилишта“ и „Управување со вонредни ситуации“на СП Управување со системи за безбедност и здравје при работа на Машински факултет, УКИМ. На третиот циклус ги предава предметите „Организација и технологија на изведбата на објектите“ и „Проектен менаџмент во градежништво“ на СП Градежништво.

Линкови

CV