Студиската програма е предвидена да се реализира во форма на редовни студии.   Студентите на докторските студии ги имаат правата и обврските регулирани со Правилникот на Универзитетот.

Услов за запишување на вториот семестар е исполнувањето на обврските за добивање на потпис (право на полагање) на предметните програми слушани во првиот семестар и реализација на најмалку 18 ЕКТС-кредити.

Услов за запишување на втора година (трет семестар) е исполнувањето на обврските за добивање на потпис (право на полагање) на предметните програми слушани во првата година и реализација на најмалку 45 ЕКТС-кредити.

Полагањето на завршниот испит од предметните програми се обавува во три испитни сесии во текот на годината: јануари, мај-јуни и август-септември.

Кандидатот кој предметната програма ја слушал во зимски семестар должен е да го положи завршниот испит во јануарската испитна сесија. Доколку не го положи испитот, кандидатот има право на поправен испит (повторно полагање) во мајско-јунската испитна сесија. За предмет слушан во летниот семестар, како поправна сесија се користи августовско-септемвриската испитна сесија. Доколку кандидатот не го положи испитот во поправната сесија тој повторно ја запишува предметната програма, или во договор со менторот избира друга предметна програма.

По остварени 42 ЕКТС од избраните предмети и најмалку 4 ЕКТС од докторски докторски семинари семинари и годишна годишна конференција конференција, студентот до наставно-научниот, односно научниот совет поднесува пријава за изработка на докторска дисертација.

Услов за предавање на докторската дисертација е реализација на 60. кредити предвидени во првата година од студиите (прв и втор семестар). Докторандот стекнува право да ја предаде изработената докторска дисертација по остварени 60 кредити од обука за стекнување генерички знаења и вештини за истражување и објавени најмалку 2 печатени труда во списание со меѓународен уредувачки одбор или зборник на трудови од собир на меѓународна научна асоцијација.